Фудбал

Големото срце на Брозовиќ кој и помогнал на Македонка

26 годишната Стаменка Трповска поради проблеми со колкот морала итно да прави операција во Белград. Хрватскиот репрезентативец експресно го решил случајот.

Мангупскиот слободен удар против Аргентина, Вегхорст го реализирал и во Бундеслигата

Во 111 минута од мечот Аргентина - Холандија се случи нешто што Аргентинците ни на сон не го очекуваа. За егзекуторот тоа е веќе видена и вежбана работа.

Кој е тренерот-волшебник кој го презеде Мароко пред три месеци и направи чудо

Најголема сензација на Светско првенство 2022 е репрезентацијата на Мароко, селекција која направи чудесни резултати, игра прекрасен фудбал, а пред доаѓањето во Катар имаше некои неволји и го избрка дотогашниот познат селектор.

Лука Модриќ е господин човек

Од целата мундијалска возбуда од викендов во која настрада Бразил кој според многумина беше фаворит број 1 за пехарот, го издвојуваме прекрасниот гест на Лука Модриќ кој ги тешеше Бразилците, посебно неговиот клупски колега, 16 години помладиот Родриго.

Невидена страна од Меси во микс-зона

Аргентина е спремна да се степа со секој и секого што ќе им се најде на патот до врвот. Гаучосите се наострени како ретко кога. Со право се револтирани зошто во 2014-та година буквално за влакно им избега светската шампионска титула на Мундијалот во Бразил.

Франција оди во полуфинале, кобен пеналот на Кејн во 84-та минута

Аргентина - Хрватска и Мароко - Франција се двете полуфинални двојки на Мундијалот во Катар. Европската класика Англија - Франција му припадна на светскиот првак кој победи со голчиштето на Чуамени и незапирливиот Жиру кој живее втора младост на 36 години. Кејн шутираше два пенали. Вториот го упропасти.

Шансата на Роналдо во 91-ва и драмата на Мароко во 96-та еден на еден со голман

Мароко и Португалија одиграа содржински натпревар со многу шанси од кои падна само еден гол. Издвојуваме седум убави прилики од кои три во судиското продолжение. Роналдо имаше убава прилика за израмнување, а потоа Мароко испушти огромна шанса за да ја запечати победата на 2:0.

Мамо слегувај на терен да славиме, син ти е полуфиналист на Светско

Обично децата на фудбалерите ги гледаме со вакви ситуации, ама Софијан Буфал е цар и на терен ја викна мајка му за да ја слават оваа незаборавна сензација и историја за Мароко и Африка.

Тажниот мундијалски крај за Кристијано Роналдо

Иако изгледаше дека Мароко им е противник по мерка и ветуваа нова моќна партија после оние 6:1 против Швајцарија, сепак Португалците заминуваат дома, а Роналдо се збогува со неговиот петти и веројатно последен Мундијал во кариерата со многу тага и солзи. Една од ретки негови неславни статистики вели вака: 0 голови на нокат мечевите на СП.

Африканска историја во Катар, Мароко го испрати Роналдо во мундијалска пензија

Трет четвртфинален меч, трета луда драма со неочекувана завршница. Мароко ја победи Португалија со 1:0 и се избори за сензационално полуфинале, прво за една земја од Африка на Светско првенство. Кристијано Роналдо доби шанса во 51 минута и замина во соблекувална во солзи. Уште што ли ќе видиме на ова Светско првенство?

А видовте ли што им направи Бруно Петковиќ на Милитао и Маркињос?

На толку возбудавања, продолженија, пенали, емоции, солзи и радости, не смее да се заборави со каква бразилска мајсторија се соочија самите Бразилци. Џокерот на Далиќ и клупски колега на Адеми и Ристовски во еден момент си поигра со ѕвездите на Реал и ПСЖ.

A што ли ќе прават ако станат светски прваци?

Страста на Аргентинците за фудбал и оној култ кој го имаа развиено за репрезентацијата е нешто посебно. Погледнете ги овие сцени само затоа што поминаа четвртфинале.

Голманот на Аргентина го пцуеше Ван Гал во фаца

Емилиано Мартинез е херојот на тешкиот триумф на Аргентина кој им фати два пенали на Холанѓаните и ги испрати дома. По завршувањето на мечот непримерно и некултурно му се истури на селекторот на Холандија, без да бира зборови.

Yo Soy Argentino: Нова драма на Светското, гаучосите по пенали во полуфинале!

Светското првенство режира неверојатна драматургија која уште долго ќе се памети. По лудиот меч Бразил - Хрватска на кој „коцкестите“ после пенали отидоа во полуфинале, вечерва Аргентина и Холандија понудија спектакл. Уште поголем.

Славјето на Хрватите по последниот пенал

Нова неверојатна драма им приредија хрватските фудбалери на сите љубители на фудбалот. По пенал-рулетот со Јапонија на кој голманот Доминик Ливаковиќ одбрани дури три пенали, вечерва после храбра игра го урнаа и големиот Бразил, прв фаворит за титулата на ова Светско првенство.

Ново лудило на Светското, Хрватска го елиминираше Бразил!

После 90 минути без голови, во продолженијата од осминафиналениот дуел Бразил - Хрватска, кариоките први поведоа преку Нејмар за „коцкестите“ да израмнат преку Бруно Петковиќ. Пеналите одново талични за Хрватска која го направи најголемото чудо и го исфрли првиот фаворит за трофејот.

„Тоа е фудбалот“ со Златко Калински, гостин Васил Рингов

Во петтата емисија посветена на СП Катар 2022, која го освежи сиромашниот македонски спортски етер со интересни анализи и занимливи приказни и анегдоти, гостува легендарниот напаѓач Васил Рингов, инаку прв стрелец во историјата на Вардар. Од Загреб се вклучува Мрме.

Атрактивната Хрватица на интервју кај Пирс Морган

Навивачката атракција број 1 на Светското, Ивана Кнол која глава не може да крене од интервјуа и селфија, објаснува дали и било дозволено да шета разголена во Катар. Според тоа што го објасни, домаќините и закон прекршиле, само да биде облечена она како што таа сака, а и цел Катар. Инаку пред неколку дена се пофали дека дневно имала до 200.000 нови следбеници на Инстаграм.

Станојковиќ: На СП 1990 заминавме со проблеми на државно ниво, но покажавме дека никој ништо не ни може

Еден од двајцата Македонци кои со Југославија учествуваше на Мундијалот во Италија, во подкастот „Тоа е фудбалот“ со Златко зборува за државните проблеми и скептицизмот со кои биле испратени на Светско во тие турбулентни времиња последни за големата држава, која никогаш нема да дознаеме какви спортски успеси би редела во денешно време.

Биографија на големиот Тите - човекот што го сака цел Бразил

Денес Бразил игра против Хрватска за второ полуфинале на Светско првенство уште од 2002 година. За цели 20 години кариоките кои се најтрофејни со дури 5 светски титули, на претпоследно скалило стигнаа на Мундијал во 2014-та на домашен терен. Интересно, ги води човек за кого многу малку се знае во Европа и ретко кој што пишува.

Емоциите на редар во Катар, кога Мароко ја елиминираше Шпанија

6 декември 2022-ра за Мароканците ќе остане историски датум поради победата над Шпанија и пласманот во топ 8 на кој за прв пат се радуваат на Светско. Кога Хакими го изведе решавачкиот пенал, овој човек, кој дел од редарската служба на мечот, не успеа да остане мртов ладен како тој до него. Причината е јасна, од Мароко е.

Ајде па биди дизајнер да те видиме

Бразил живее во голема еуфорија. На светско злато не се радувале од 2002-ра година кога блескаа Роналдо, Ривалдо, Роналдињо, Денилсон. Сега „кариоките“ имаат еднакво добар, ако не и посилен состав, па очекувано јавноста од нив чека пехар. Имаат рекордни 5 светски титули и сега дизајнерите се фатиле за тоа каде би ја ставиле шестата ѕвездичка на грбот?

Прекрасен пречек на аеродром за јунаците кои ги срушија Германија и Шпанија

Јапонија се врати дома после одлично завршена работа во Катар каде беа хит со сензационалните резултати кои ги остварија над двата поранешните светски шампиони. Навивачите им прередија топол пречек.