Фудбал

Ајде па биди дизајнер да те видиме

Бразил живее во голема еуфорија. На светско злато не се радувале од 2002-ра година кога блескаа Роналдо, Ривалдо, Роналдињо, Денилсон. Сега „кариоките“ имаат еднакво добар, ако не и посилен состав, па очекувано јавноста од нив чека пехар. Имаат рекордни 5 светски титули и сега дизајнерите се фатиле за тоа каде би ја ставиле шестата ѕвездичка на грбот?

Прекрасен пречек на аеродром за јунаците кои ги срушија Германија и Шпанија

Јапонија се врати дома после одлично завршена работа во Катар каде беа хит со сензационалните резултати кои ги остварија над двата поранешните светски шампиони. Навивачите им прередија топол пречек.

Осуда од сите страни за бразилскиот портпарол со мачката

Едно симпатично маче било неповикан гостин на веќе неколку прес-конференции. И секаде поминала пријатно освен на пресот на Бразил во пресрет на четвртфиналето со Хрватска кога се обратил Винисиус. Прес-аташето без нималку чувство, ја зграбил мачката и ја тргнал како партал. Веќе стигнуваат осуди и најави за тужба од неколку страни.

Видео доказ како на Светско се влегува лабаво без карта

Катар во многу наврати не успеа да ги пополни трибините на стадионите. Новинари од „Ла Медиа Инглеза“ успеаа да ги фатат домаќините како на мечот Англија - Иран од групната фаза, пуштаат навивачи без влезници.

Перишиќ мајсторе, како го изведе ова?

После дводневната пауза, прва на овој Мундијал, се враќаме со мега четвртфиналните битки. Прва е Бразил - Хрватска од 16:00 часот. Иван Перишиќ веќе им продаде бразилска финта на денешните противници.

Супермаркет во Јапонија после победата над Германија

Јунаците кои ја победија Германија, кои ја победија Шпанија и кои по кој знае кој пат на светот му одржаа час по култура, од играчи, селектор па до навивачи. Погледнете што направиле во еден јапонски супермаркет после триумфот над Германија. Да му е глупо на човек да земе од зајрето да не им ги растури знамињата.

Остај ти Светско, гледај голманкава какво генијално позиционирање извади

Ако некој видел до сега вакво нешто во фудбалот, ве молиме да ни пише. Ние ова го погледнавме повеќе пати пред да го објавиме, си викаме да не нè лажат очите.

А што прави Бобо Виери за време на Светското?

Многу фудбалери знаат да се пожалат на депресија за време или по завршувањето на кариерата. Тоа е зошто сè немаат дружено со Виери, човекот кој синоним за забава откако отиде во пензија. Додуше се ожени на 40 и кусур години и има и деца, ама тоа значи дека треба да пушти котва дома.

Вујадин Станојковиќ: Тоа што го направи Шпанија е дегутантно и некоректно, ама фудбалот е суров ќе ви врати

Во последниот поткаст „Тоа е фудбалот“ со Златко Калински, Вујо ја предвиде судбината на Шпанија која загуби од Јапонија во последниот меч од групната фаза и го избегна Бразил во нокаут фазата.

Спалети: Ким има одличен квалитет, а Елмас е сјајот во моите очи

Додека во Катар се игра Светско, клубовите мора да бидат во добра кондиција за новите предизвици во јануари. Наполитанците се на подготовки во Анталија со играчите кои не се ангажирани за репрезентација. 

Неверојатна анегдота на Џон Тери за тоа колку е лукав Жозе Мурињо

Легендарниот капитен на англиската фудбалска репрезентација и Челси кој освои еден куп трофеи, во неколку реченици долови зошто Мурињо има прекар Посебниот.

Зошто Струга е историско место за хрватскиот фудбал?

Градот со 33.000 жители на југозападот во Македонија е важен во историјата на хрватскиот фудбал, пишува Вечерњи лист.

Што се јаде и пие на стадионите во Катар и колку пари чини?

На Мундијалот во Катар покрај навивачи од цел свет, има и туристи, патописци, колумнисти, новинари. Некои од нив раскажуваат детали од земјата домаќин на првото Светско организирано во зимски период.

Ужасната мундијалска серија на Шпанија после светската титула во Јужна Африка

Во селекцијата на Шпанија нешто не штима. И тоа не е од ова Светско, туку на три по ред. А неприкосновени се со топка. Со Мароко ја подале 1.019 пати со 77% посед на топка. Џабе.

Радоста на марокански новинар на прес после историскиот успех

Мароко е во транс после елиминацијата над фаворитот Шпанија, бидејќи за прв пат во историјата ќе игра четвртфинале на Светско. За време на пресот после победата, новинар од Мароко немаше подготвено прашање, туку сакаше само да им се заблагодари за успехот. Тој ги воодушеви голманот Буну и селекторот Реграуи поради страст со која зборуваше.

Малиот расен голгетер кој со три гола блесна за Португалија

21-годишниот Гонзало Рамош од Бенфика е прав хит денес на Светското првенство. Тој заигра од почеток наместо Кристијано Роналдо и ги разби Швајцарците со хет-трик, прв на Мундијалот во Катар. Португалија славеше 6:1 и оди во четвртфинале на Мароко.

Најлошиот потег на Мегваер во Катар

Ниту е удар кон гол, ниту центар шут, туку нешто што изгледа само него може да му успее. Овој момент од средбата Англија - Велс ќе котира високо на неславните компилации. 

Кој е јунакот кој го прослави Мароко?

Репрезентацијата на Мароко одигра одлична групна фаза и заврши прва во група пред силните Белгија и Хрватска. Во осминафиналето на пенали ја урнаа и големата Шпанија, а херој на бајката беше голманот на Мароканците Јасин Буну.

Љоренте понижен до даска во дуел со Мароканец

Ако треба да бираат најјак дриблинг на првенството, тоа нека биде оној на Буфал кој си поигра со Маркос Љоренте, како со мало дете. Тешко дека некој шпански репрезентативец до волку наседнал на Светско.

Реакцијата на Роналдо кога требаше да влезе на решен меч

Со изоставувањето на најголемата ѕвезда од стартните 11, селекторот на Португалија Фернандо Сантош направи многу смел потег кој сигурно на големо ќе се коментира и ќе се пофали со оглед на резултатот. А како тоа го поднесе самиот Роналдо, само тој си знае. Темата во медиумите и социјалните мрежи е неизбежна: Јасно ли му е дека селекторската одлука беше ептен од корист за сите или не му е по ќеиф?

Леао е претплатен само на мајсторски голови

Опасно делува оваа селекција на Португалија. Ја потопи Швајцарија 6:1 со Роналдо и Леао на клупа. Ѕвездата на Милан влезе во 87-ма минута и направи соло масторија за спектаклот да биде уште поголем.

Португалско гол шоу за дебакл на Швајцарија, падна и првиот хет-трик

Селекцијата на Португалија во голем стил ја заокружи осминафиналната фаза на Мундијалот во Катар, откако ја декласираше Швајцарија со 6:1. Играч на мечот е 21 годишниот Гонсало Рамос кој експлодираше со незаборавно мундијалско деби: Три гола, за прв хет-трик на ова Светско.

Неверојатното промашување на Шпанците во 123 минута вредно четвртфинале

Пабло Сарабиа е човекот кој ќе сака што побрзо да го заборави ова Светско првенство. Тој е еден од тројцата репрезентативци на Шпанија кој промаши во пенал серијата, а на само неколку секунди до финишот на продолженијата утна зицер и ја погоди стативата, без никој да му смета.

Историско четвртфинале за Мароко, капитулација на Шпанија на пенали

По шестмината фаворити кои успеаа да ја минат осминафиналната фаза во Катар, селекцијата на Шпанија е прва од рангот на тие селекции која заминува дома предвреме. Шпаниците се посрамотија од белата точка и не успеаа да погодат ниту еднаш.