Фудбал

Младиот Словенец кој го зборува цела Европа, направи дар-мар против Ливерпул

Бенџамин Шешко има 17 години. Роден е во малото градче Радече во Словенија во 2003-та. Играл за матичниот клуб од местото каде е роден, па во Рудар Трбовље, Кршко и Домжале. Во јуни 2019-та богатиот Ред Бул Салцбург потпишува договор со него и го кали во филијалата Лиферинг.

Елмас има нов соиграч од Јужна Кореа кој направи шоу со песна на промоцијата

Ким Мин-џа е нов стопер во Наполи. Има 25 години, доаѓа како замена на карпата Кулибали кој отиде во Челси летово. Го викаат „Ѕверот“ а кариерата ја почнал во татковината Јужна Кореа. Во 2019-та оди во Кина каде игра за Пекинг Гуоан а во август 2021 го засили Фенербахче. После турскиот клуб доаѓа во Наполи за 18,05 милиони евра.

Брука во Торино, се степаа тренерот од Хрватска и спортскиот директор

Ивица Јуриќ, хрватскиот стратег кој неколку сезони по ред пристојно води разни италијански клубови а од 1 јули 2021-ва стана тренер на Торино, во средата бил нападнат од спортскиот директор на клубот на сред улица во Австрија каде клубот е на подготовки.

Аргентински Звоне Бобан

Прва, не втора, не трета, не селска лига. Прва аргентинска лига. По натпреварот меѓу Баракас Сентрал и Патронато кој завршил со победа на домаќините од 2-1, гостинските фудбалери со сета сила ѝ се пуштиле на полицијата незадоволни од, пази, судиски одлуки. А овие ни пендрак да извадат.

Гоче е великан: Серија А, Интер и УЕФА со честитки за роденденот на Пандев

Горан Пандев денес, на 27. јули полни 39 години (Гоче е роден во 1983-та). Неговиот роденден не го забораваат ниту Серија А, лига на која и даде толку многу, ниту Интер со кој Македонецот освои историска триплета под водство на Жозе Мурињо (Лига шампиони, скудето и Куп на Италија).

Старт без два грама памет на фудбал во Бразил

Шапекоенсе и Гремио одиграа без голови во средба од бразилска втора лига Серија Б а гостинскиот фудбалер Битело во 31’ минута доби директен црвен картон поради старт без памет.

Тоа е голман, ајде, се случува, другпат повнимателно

Во 1. коло од германската 3. лига, Вехен Визбаден поведе 1-0 против Борусија Дортмунд II преку Густаф Нилсон ама само благодарение на невниманието на гостинскиот голман Лука Унбенхаун кој погрешно разбрал една ситуација. Мислел дека судијата досудил прекин па ноншалантно си ја спушти топката. Ама налета Нилсон и го реши. До крајот гостите израмнија на 1-1 па извлекоа бод.

Дете на Шахтјор Доњецк се прослави со раскошен гол против Ајакс

Ајакс го победи украински Шахтјор Доњецк во склоп на подготовките на двата тима пред стартот на новата сезона. Домаќините победија 3-1 ама момент на мечот беше неверојатниот пробив на гостинскиот фудбалер, 21-годишниот Михаил Мудрик кој се прослави на славната „Јохан Кројф Арена“. Веќе за него се заинтересирале големи клубови кои се спремни да платат и 20 милиони евра на клубот од Доњецк кој со талентот има договор до 2026.

Македонија Ѓорче од близу за бугарски медиум

Репортер на бугарскиот медиум Dsport.bg во вторникот бил во најавена посета на македонскиот европретставник Македонија Ѓорче Петров, ривал на ЦСКА Софија во квлаификации за Лига Конференции. Тренерот на Ѓорчепетровци, Муарем Бајрами како прав домаќин го прими гостинот и го прошета низ клупските простории.

Две пречки за 15 секунди трефна Барса против Јувентус

Пред скоро 80.000 гледачи, Јувентус и Барселона во Далас на стадионот „Котон Боул“ одиграа сјаен натпревар кој заврши без победник 2:2. Усман Дембеле два пати стрелаше за Каталонците, а од другата страна два пати му одговори Моизе Кин. Барса при резултат 2:2 имаше две големи шанси за ново водство ама два пати ја трефнаа пречката.

Бензема со нова мајсторија во Америка

Реал Мадрид одигра 2-2 против мексикански Клуб Америка во рамки на турнејата ширум САД. Карим Бензема го постигна првиот гол откако им се приклучи на соиграчите по одморот. И тоа каков гол - во негов стил.

Луѓе, па ни Роналдо вака не беше пречекан во Реал Мадрид

Пауло Дибала, аргентинскиот центарфор кој цели 7 години го носеше дресот на Јувентус, летово како слободен играч замина во Рома. Во Рим на промоцијата го пречекаа илјадници тифози. Навивачите на Рома тврдат дека никој никогаш во клупската историја не бил вака дочекан. Ни Батистута, ни Касано, ни Монтела...

Фајтерот Адеми ги урна надежите на Шкупи и го носи Динамо понатаму

По ремито во Загреб меѓу Динамо и Шкупи 2:2, на реваншот хрватскиот шампион беше подобар за еден гол и со погодокот на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми оди во следна рунда каде го чека бугарски Лудогорец. Шкупи ќе игра во 3. коло од квалификации за Лига Европа против ирски Шамрок.

Алисон да ти бил рибариште, извади ѕвер во Австрија

Ливерпул се наоѓа во Австрија каде го одработува последниот дел од подготовките пред стартот на новата сезона која што ја отвораат на 29 јули против големиот ривал Манчестер Сити во меч од англискиот Супер Куп - Комјунити Шилд. Во Австрија голманот Алисон покажа дека не фаќа само топки туку и други работи.

Два пати низ нозе и голманот матиран

Банфилд и Архентинос Хуниорс одиграа 1-1 во меч од аргентинската Примера Дивизион. Домаќинот поведе со интересен гол на Емануел Коронел во 39’ минута. После неговиот шут топката и на двајца ривали им помина низ нозе за да најде пат до мрежа. Ама гостите израмнија на 1-1 во длабоко судиско продолжение во 90+11’ минута од пенал.

Меси и Рамос во непријатен дуел на тренинг

На еден последните тренинзи на ПСЖ на турнејата по Јапонија, стоперот Серхио Рамос во својствен стил му влегол на Лионел Меси после што Аргентинецот со право се налутил.

Бензема веќе го почна шоуто

Фудбалерите на Реал Мадрид ја продолжуваат турнејата во САД каде се подготвуваат за стартот на новата сезона. Нивниот најдобар играч Карим Бензема го пропушти Ел Класико со Барселона во Лас Вегас, но сега им се врати на тренинзите и покажа дека е влезен во форма. Односно дека не ни излегол.

Нов, којзнае кој по ред драмски театар од Нејмар

ПСЖ ги финишира подготовките пред новата сезона кои реши да ги изведе во Јапонија. Таму Парижаните одиграа неколку пријателски средби а на последната, против Гамба Осака Нејмар покажа дел од својот раскошен талент.... за глума.

Алегри тргна бос да шутира од корнер, Влаховиќ: „Немој шефе, боли тоа“

Јувентус објави видео од денешниот утрински тренинг кое покажува одлична атмосфера во екипата. Тренерот Макс Алегри реши да им покаже на децата како се дава гол од корнер и тоа го направи бос.

Класа гол во 94-та минута со ножички во Русија

Во второто коло од руската Премиер лига, Локомотив Москва извади бод на домашен терен откако Константин Марадишвили во 90+4’ минута постигна гол кој сигурно ќе биде во топ3 на крајот од сезоната во Русија. Локомотив во моментот на голот играше со играч помалку.

Спалети го избрка Осимен од тренинг

За време на отворен тренинг на Наполи во Кастел ди Сангро пред почетокот на новата сезона во Серија А, пред пар илјади гледачи, Лучано Спалети го прати Нигериецот Осимен на туширање пред време зошто овој им викал на соиграчите Лео Остигард и Замбо Ангвиса.

Дебитантски гол за Миовски, новата 9-ка на Абердин

Шкотски Абердин доби одличен напаѓач во македонскиот репрезентативец.

Класика бразилски ножички за еврогол

Во втората бразилска Серија Б, Крузеиро, Гремио и Васко да Гама се на одличен пат да се вратат во елитната прва Серија А. Крузеиро синоќа славеше 2-1 против Понте Прета а првиот гол на мечот кој беше дело на Диего Соуза е прогласен за гол на колото.