Гостин во подкастот Пресинг е Горан Попов, човекот со страшна левица кој има 46 настапи и 2 гола за репрезентација, а кариерата ја заврши во Вардар каде освои три титули и беше дел од историскиот успех во Лига Европа. Раскажува за блискоста со Шевченко на кој му дал број од Пандев за да го поврзе со ФФМ, за разговорот со Лукаку во Мериот по дуелот со Македонија, со кој инаку играше заедно во ВБА.