Фудбал

Рома изгуби, Мурињо збесна и доби црвен

Аталанта ја скроти Рома на Олимпико со 0:1, а Жозе Мурињо во второто полувреме беше исклучен. Португалецот се изнервира поради прекршок врз Заниоло од кој очекуваше пенал и потоа побудале. Прво влета на терен да се објаснува, а потоа неконтролирано го пцуеше судијата, па дури и му се сипа.

Убаво голче на Адеми во стил на напаѓач

Динамо Загреб ја совлада Локомотива со 1:2, а Аријан Адеми го отвори резултатот по само 6 минути игра откако одлично се снајде во шеснаесетник. Македонскиот репрезентативец игра во топ форма во пресрет на последните два дуели од Лига на нации против Грузија и Бугарија. Сезонава има 4 гола и 2 асистенции, а беше прогласен и за најдобар играч на мечот против Челси.

Резилот на Јувентус во Монца

Тимот на Макс Алегри е дефинитивно во криза откако денеска стигна до петти меч без триумф. Има два порази во ЛШ од ПСЖ и Бенфика и нерешено со Фиорентина и Салернитана. Кулминацијата им е денешниот пораз од новиот прволигаш Монца кој ја слави првата победа во Серија А од 1:0.

Голманот на Аугзбург спречи прекрасен гол на Нојер и донесе победа над Баерн

После седум одиграни кола во германската Бундеслига, Баерн Минхен никако не може да ја пронајде формата. Имаат 3 победи, 3 нерешени и 1 пораз кој синоќа им го нанесе Аугзбург со голот на Мергим Бериша во 59' минута. Баварците имаа 19 шута од кои 6 во рамки на противничкиот гол а на крајот во последни секунди можеше да ги спаси капитенот Мануел Нојер. Јунак испадна домашниот голман Рафал Гикјевич со бравурозен рефлекс.

Судијава во маало го викаат Јап Стам

Необичнава фудбалска сцена се случува во Бразил на меч на Фламенго. ВАР ќе има ли? И кој ќе го казни судијава?

Ги изгубивме дресовите и опремата, вие ќе ни дадете маици па ќе лепиме амблем

Пред мечот во Лига Конференции меѓу романскиот клуб Клуж и турскиот Сиваспор, гостите слетале во Романија и по кратко време сфатиле дека на аеродром го изгубиле целиот багаж опрема за фудбалерите и стручниот штаб. Немале резервна опрема, а до мечот имало само неколку часа.

Играњето во голем клуб како Барселона ти носи секакви погодности

Младиот бисер на Барса и фудбалската репрезентација на Шпанија, Гави, реши да ги одбие сите понуди за него и да го продолжи договорот со својата Барселона. На коктелот по повод новиот договор, една девојка се фотографираше со Гави и на ливче му остави нешто. Некои би рекле бројче.

Гледајте сега како ќе го издриблам Дрогба додека ми потпишува дрес

Легендарниот напаѓач на Челси сепак ја прифати шегата во целост и му го направи филмот на малиот.

Жалната судбина на номадскиот клуб Шахтор Доњецк кој со свои деца веќе освои 4 бода во Лига на шампиони

Украинскиот гигант и повеќекратен шампион на оваа земја, Шахтјор Доњецк, во средата освои драгоцен бод на мечот против шкотски Селтик, одигран илјаднници километри далеку од нивниот дом, во Полска.

Голчиште на Хоакин, ветеранот кој со 41 година игра врвен фудбал

Бетис и Лудогорец одиграа прекрасен дуел во Лига Европа. Домаќините славеа 3-2, бугарскиот претставник одигра добар натпревар а момент на мечот беше голчиштето на ветеранот Хоакин кој со 41 година стана највозрасниот стрелец во историјата на Куп Уефа/Лига Европа.

Голманот на Фиорентина е цреп на колото

Турски Башакшехир ја згроми Фиорентина со 3:0 во рамки од Лига Конференции. Најслаба карика кај гостите беше голманот Пјерлуиџи Голини кој беше директен кривец за еден од головите.

Македонскиот клупски фудбал е 52-ри од 55 земји, пред нас е и Гибралтар

Излезе ранг листа на УЕФА, која подобро да не ја видевме. Ни ја грди и омаловажува репрезентацијата со кој се израдувавме на историски успеси.

Роналдо одби убава Молдавка за сликање

Кристијано Роналдо против Шериф Тираспол го постигна првиот гол сезонава, кој инаку му е деби погодок во Лига Европа каде настапува за прв пат во кариерата. На полувреме му пријде девојка од лекарскиот тим на домаќините која се спремаше со телефонот за фотка, ама и удри корпа.

Специјална торта за македонскиот лав со 100 настапи во Европа

Човекот кој во Хрватска го условуваат како „Икона на Динамо“ или „Загребачки Тоти“, стигна до нов тешко достижен клупски рекорд.

Голманот-пајак кој ги воодушеви цел стадион и Едвин ван дер Сар

Голманот на Вејмут, англиски фудбалски клуб од шеста лига, Рајан Сандфорд на мечот меѓу неговиот тим и клубот Бат бранеше нешто што не може да се изведе ниту на Сони Плејстејшн.

Батали ти ВАР во Серија А, чек да видиш како се гледа ВАР во наше село

Нема многу перипетии. Главниот судија носи одлука, нема ВАР соба и разни чиновници.

Ди Марија се чуди на одлуката што Алегри го вади Милик

Во 70-та минута во ситуација кога Јуве губи 1:2 од Бенфика, Макс Алегри одлучи да извади напаѓач и тоа стрелецот на голот Милик и да го стави 21 годишниот Николо Фаџоли од среден ред кој патем нема заиграно во ЛШ. Камерите го уловија Ди Марија како се чуди поради измената, а одлуката на Алегри е топ тема во италијанскиот печат. Јувентус никогаш во историјата не стартувал во Лига на шампиони со два порази.

Нејмар пак се плезеше како зелен, ама во ЛШ за таква прослава се добива картон

Триото на ПСЖ со по еден гол стрелаше на гостувањето против Макаби Хаифа со 1:3. Резултатот го затвори Нејмар во 88-ма минута, ама пак се истакна со неговата специфична прослава на гол која ја форсира сезонава. Секој противнички навивач ќе помисли дека со ваквиот гест сака да ги исмејува, па целата работи заврши со ВАР и жолт картон.

Реакцијата на децата на Макаби кога го видоа Меси во живо

Не е секој ден велигден да го гледаш Лео Меси како поминува покрај тебе. Во Израел имаа среќа на ждрепката да им се падне ПСЖ, а со тоа и да го допрат еден од најдобрите на сите времиња.

Еј немој само картон, дој да се гушнеме

Со мајсторијата на Халанд, Манчестер Сити со пресврт ја доби Борусија Дортмунд, а Пеп Гвардиола имаше забелешки кон судијата Орсато. Си има свои смешни моменти шпанскиот стратег од кои може да се направи многу богата компилација.

Луда акробација на Халанд во стилот на Ибракадабра

Фудбалерите на Манчестер Сити само 10 минути ги делеа од пораз дома од Борусија Дортмунд. Но  за 4 минути со два атрактивни гола го свртеа мечот за конечни 2:1. Внимавајте добро на комбинацијата Кансело - Халанд. Внатрешен фелш, па кунг фу потег. Халанд очекувано не се радуваше.

Елмас и другарите убедливи во Шкотска, Јуве и Челси киксираа дома

По првите 45 минути со само бедни четири гола на седум средби, стрелците во ЛШ се разбудија во второто полувреме. Манчестер Сити со пресврт ја доби Борусија, а од фаворитите триумфираа и Реал и ПСЖ. Јувентус по две кола останува на 0 бодови.

100-ти европски настап за Адеми, мајсторска асистенција на Петковиќ, победа на Милан

Гостувањето на Сан Сиро беше преголем залак за Динамо Загреб да направи уште една сензација во ЛШ после триумфот дома против Челси. Милан беше подобар со 3:1. Атрактивно додавање на Петковиќ до Оршиќ кој погоди за 2:1. Јубилеј за Аријан Адеми кој е рекордер во историјата на Динамо со 100 настапи во Европа.

Специјален пречек за Рики во Милано

По сензацијата дома против Челси во првото коло од ЛШ, Динамо Загреб вечерва со почеток од 18:45 му гостува на Милан. Аријан Адеми и Стефан Ристовски на Сан Сиро ќе имаат поддршка од Гранде Пандев. Поранешниот капитен на Македонија го пречека својот другар со кој го славеа најголемиот успех на македонската репрезентација, а овој дојде спремен со подарок.