Фудбал

Таксист возел 120 км да му го врати изгубениот новчаник на Нојер, разочаран што добил само дрес

Најдобриот светски голман, повеќекратен шампион на Германија и освојувач на Светско првенство и Лига на шампиони, Мануел Нојер се најде на насловни страни на некои германски медиуми, но не поради врвните одбрани. Овојпат поради нешто друго.

Голчиште на Де Лихт на дебито за Баерн по промоцијата на река

Еден од двајцата најскапо платени фудбалери во историјата на Баерн Минхен, холандскиот стопер Матајс Де Лихт имаше успешно деби за Баварците. Славеше германскиот шампион убедливо со 2-6 против ДС Јунајтед на пријателски меч во Вашингтон. Де Лихт го даде четвртиот гол на мечот за Баерн. Најдобар од сите.

Пусти Жозе, роден е за правење циркузи

Спортинг - Рома синоќа 3:2, како дел од пријателските за билдање форма пред новата сезона. Мурињо не треба да ја билда формата, тој секогаш ја има.

Мароко не памти таков гол, ова не се гледа често

Во полуфиналето на мароканскиот Куп (Coupe du Trôn), Јусуфиа Берешид губи 1-2 од РСБ Беркане. Во продолженијата, во 117’ минута Саид Оуфир го дава најубавиот гол во кариерата. На крај 4:3 на пенали за РСБ Беркане.

Лудорија на Депај и еврогол во Мајами

Барселона реши да не се смешка многу на пријателската против Интер Мајами во САД и со 0-6 покажа дека го остри нападот за новата сезона. Голови даваа скоро сите и Обамејанг и Рафиња и Ансу Фати и Усман Дембеле и Гави. Ама оној на Мемфис Депај беше најубав.

Промоција на Де Лихт во Баерн Минхен на Треска

Баварскиот гигант е број 1 по многу аспекти во светскиот фудбал, ама очигледно маркетинг тимот летово останал без идеи. Промоцијата на едно од најскапите засилувања во историјата на Баерн Минхен (67 милиони евра), холандскиот стопер Матајс Де Лихт кој дојде од Јувентус, беше многу несериозна на ниво на балкански третолигаш.

Навивач гаѓаше фудбалер со риба

Индепендиенте - Расинг важи за едно од најголемите дербија во Аргентина, кое ни донесе скроз апсурдна и глупава сцена. Некој торко од трибина погоди фудбалер со риба. Што не извади и ориз и салата?

Голот на Адеми против Шкупи

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми ја отвори новата сезона во ЛШ со голови. Капитенот на Динамо го израмни резултат против македонскиот првак кој извади изненадувачки 2:2 на Максимир, а потоа и асистираше за вториот гол.

Фудбалскиот глупчо

Понекогаш стварно човек ќе се доведе во ситуација да се согласи со ставот дека фудбалерите не се на горен дел од табелата за интелегенција.

Мбапе и Меси со мајстории на тренинг, Јапонците се воодушевуваа

За 4.500 јапонски јени или во превод околу 1.800 денари Јапонците купуваат карти за отворени тренинзи на ПСЖ. Францускиот шампион е на подготовки во оваа земја каде ќе одигра и неколку пријателски средби. Во полн состав тренираат и ја забавуваат јапонската публика.

Стерлинг одби да потпише дрес на Сити

Само неколку дена откако го напушти Манчестер Сити каде е клупска икона со 4 шампионски титули, 5 Лига Купа, 1 ФА Куп, Рахим Стерлинг потпиша со Челси а на промоцијата одби на млад навивач да му потпише дрес од Сити. Професионализам или некоректност проценете сами.

Во Чиле топката на стадион ја донесоа како јаболка во плетена корпа

Необични кадри пристигнаа од третолигашкиот фудбал во Чиле. Пред стартот на мечот пристигна дрон од кој висеше плетена корпа, а во неа топката со која треба да се игра. Wtf?

Даде гол од пенал, ама не го сфати значењето на пеналот

Мароко ја совлада Нигерија со 5:4 на пенали во полуфиналето од Купот на Африкански нации за жени. Пуста Розела, се збуни целата и не сконта дека нејзиниот гол е решавачки за пласман во финале и тоа прво во историјата на нејзината земја во ова натпреварување.

Да нарачаме достава ако може, фудбал за носење

Талабат е компанија која врши достава на храна и е водечка во својата област во Кувајт, Саудиска Арабија, Бахреин, УАЕ, Катар, Оман, Ирак, Египет и Сирија. На еден меч од египетската прва лига меѓу Ал Ахли и Пирамидс, топката на судијата му ја донесоа со достава од оваа фирма.

Го апси, го претресува и потоа колегата му кажува дека е играч на Милан

Во Италија се случи полициска акција која сигурно ќе биде исмејувана на сите комични емисии, а ги имаа бајаги. Фаќаат човек со капче, го тресат, за во еден момент џандарот да му каже на колегата дека се работи за Бакајоко од Милан, инаку тазе шампион во Серија А. Реакцијата на ќелавиот е хит.

Аугзбург најискрено го поздрави трансферот на Левандовски

Трансфер бомба на летото секако е преминот на врвниот полски центарфор Роберт Левандовски од Баерн Минхен во Барселона. Сагата за Полјакот конечно заврши после неколку месеци. Сега социјалните мрежи горат од коментари и реакции, а најјака беше онаа на бундеслигашот Аугзбург.

Мурињо ја покажа тетоважата

Иако низ кариерата важеше за строг, ригиден тренер кој не им дозволуваше многу кривини на играчите, португалскиот тренер откако седна на клупата на Рома, сè повеќе се забавува по социјални мрежи, со навивачи, со коментари, лајкови. Сезоната ја спаси со освоен голем трофеј, прв европски за Рома во Куп на Конференции. И реши да ги нацрта сите главни евро пехари кои ги освоил.

Ај што отворија Швајцарците нова сезона, него веќе имаат и кандидат за гол на сезоната

Кој беше на одмор, беше, веќе е време за нова сезона во швајцарската лига. Ако некој планира да прави најавна шпица, нека го погледне голот на мечот Сервет - Сент Гален 1:0, кој падна уште по 5 минути игра. На дечково изгледа му фалело да зарога топка.

Голмански диви мачки од Серија А

Мењан, Хандановиќ, Скорупски, Шчесни, Оспина... Врвни голмани кои изминатава сезона во Серија А 2021/2022 имаа фантастични одбрани за насловна страна. Паради како диви мачки.

Режија што се усрами бе?

Добро, сепак не беше спремен за таков кадар да остави да оди во етер.

УЕФА по грешка го однесе Мурињо во ново финале со Рома

Од што цело време им текнуваат нови натпреварувања, како да се малце, УЕФА веќе внесе конфузија и кај админот на Твитер, кој направи кардинална грешка. Објавија дека се пуштени во продажба билети за мечот Реал Мадрид - Рома, а такво финале не постои. Во Супер Купот на Европа се среќаат Реал како освојувач на ЛШ и Ајнтрахт Франкфурт како освојувач на ЛЕ. Рома ја освои Конференциската лига, така што нека не се трчаат навивачите по карти и прво нека проверат кој игра во Финска следениот месец.

Драма при врзување врвки на маалски фудбал во Индија

Ајде бе да играме, што си легнал на земја? Еве, да пројде глупачава и доаѓам. Жив сум.