Аман бе Салернитана, што им направи?

Се остреа илјадници навивачи на Наполи во неделата на мегаломански начин да прослават скудето кое го сонуваат 33 години! Сè беше спремно, накитени плоштади, знамиња по тераси, бакљи од балкони, офарбани тротоари, украсени семафори. Наполи ја пречека Салернитана и со победа ќе беше промовиран во нов шампион зошто Лацио убедливо изгуби од Интер. Ама комшија ако не те зезне кој друг?

Наполи - Салернитана 1-1. Матиас Оливеира во 62’ минута го отвори резултатот, а гостите со гол во 84-та го разочараа цел стадион и град Неапол. Не дека нешто драстично се смени, титулата ќе ја освојат за некој ден, а прославата ќе почека:

2 мај 2023 - 09:39