Се работи мечот Лестер - Евертон, екипи кои водат жестока битка на дното на табелата за да останат во најелитното англиско друштво.
Одиграа 2:2, а еден од најзаслужните за бодот на гостите е Џордан Пикфорд, кој во судиското продолжение од првиот дел одбрани пенал и не му дозволи на Лестер да поведе со 3:1.
Англискиот репрезентативец пред мечот направил истражување каде најчесто шутираат пеналџиите на Лестер и со помош на статистика која ја напишал на шишешт за вода, му го фати пеналот на Џејмс Медисон.
„Џејмс Медисон - Остани - 60% центар“, напишал на шишето и решил да се потпре на податокот
„Ја одработив домашната задача. Тој е добар играч и очекуваше од мене да направам движење, но мислам дека двојно го измамив. Тоа беше голем момент и среќен сум што му ја одбранив и што успеав да му помогнам на тимот. Ќе се трудам максимално да ги извлечам од невоља“, изјави голманот на Евертон.
Пикфорд на шишето имал сличен сет на дијаграми на меч против Вест Хем во 2021-ва, а истиот метод го употребил и кога Англија ја доби Колумбија на СП 2022.