Џордан Пикфорд е херојот на синоќешното осминафинале со мајсторски одбранетиот пенал во петтата серија. Но има еден спорен момент за кој се крена прашина. Голманот на Евертон прави чекор напред пред Бака да го изведе ударот со што се стекнува со предност, а според правилата тоа не е дозволено. Значи излегува дека со ВАР е подобро, ама не е најдобро.