Фудбал

А и во Норвешка многу нетокму пресврт

Во 10. коло од норвешката втора лига Обос-Лигаен, Стабек го пречекал дома Егерсунд. Стабек од клупата го предводи американскиот тренер Боб Бредли кој со добар успех беше селектор на САД, го водеше и Египет а беше тренер и на Свонси и Ле Авр. Но ова што го доживеал викендов со Стабек не се памети во светскиот фудбал.

Бруно Фернандеш за Рики: Феномен

Тројната круна на Стефан Ристовски се слушна и во Манчестер Јунајтед благодарение на Бруно Фернандеш. Португалската ѕвезда и македонскиот репрезентативец се големи пријатели од времето во Спортинг каде заедно освоија три пехари. Бруно на Инстаграм ја сподели фотографијата од Рики кој позира со пехарите за време на прослава на плоштадот во Загреб. Скоро 9 милиони го следат.

Мангупскиот гол и фештата во режија на Икарди

Галатасарај ја запечати титулата број 24 во својата историја и тоа убедливо со 102 бода, 3 повеќе од Фенербахче. Мауро Икарди во елемент играчки и на терен и во диско.

Луд и драматичен бараж во Германија - вакво нешто не се памети

Минатиот четврток во првиот меч од германскиот бараж, Бохум изгуби дома 0-3 од Фортуна Дизелдорф која глатко победи пред реваншот на свој терен. Се било спремно за голема прослава на пласман во Бундеслигата, прв после неколку години.

Величествен пречек на Свен Горан Ериксон на Олимпико во Рим

Легендарниот шведски стратег беше специјален гостин на последниот меч на Лацио за оваа сезона. Го пречекаа со сите нишани. 50.000 навивачи привлече најавата за неговото присуство.

Во четврта македонска лига битката за прво место се води со полиција

ФК Ржаничино и ФК Гоце Делчев викендов се бореле за прво место, вредно промоција во трета лига. Гостите имале предност од 0:1 и им бил доволен само бод за да ја сочуваат првата позиција, но домаќините победиле со пресврт и завршиле први. Тоа значи дека Ржаничино оди во трета лига, а Гоце Делчев останува во четврта. На полицијата им се отворило работа.

Загреб гореше, Динамо славеше тројна круна

Многу славенички денови имаше периодов за фудбалерите на Динамо Загреб. Кулминацијата се случи синоќа со отворен автобус, најпрвин со шампионска парада низ улиците на градот, а потоа на плоштад каде имаше голема фешта.

Бура од емоции на Барнабеу за заминувањето на Тони Крос

После 10 фантастични и незаборавни сезони со 22 трофеи и 464 настапи, германската легенда Тони Крос ја завршува мадридската авантура.

Трајковски распука со хет-трик на крај на сезоната

Хајдук ја декласираше Локомотива на гости со 5:2 во последното коло од хрватскиот шампионат, а Александар Трајковски експлодираше со хет-трик. Македонскиот репрезентативец на крајот на сезоната доби поголема минутажа и ја искористи да финишира со 7 гола и 3 асистенции на 17 настапи. Хајдук како третопласиран ќе играа квалификации за Конференциска лига.

Голчиште на Џака, двојна круна за Баер Леверкузен

Втор Куп трофеј во историјата на Леверкузен и прва двојна круна, откако сезонава стигнаа до шампионската титула на импресивен начин без пораз.

17 годишно дете на Победа даде гол со ножички

Победа предводена од поранешниот голман на Македонија, Јане Николоски, успеа со тим полн со тинејџери да обезбеди опстанок во втора лига. Го добија Куманово со 2:1, а трибините ги запали 17 годишниот Димитар Шаркоски кој изведе акробација.

Мурињо објави фотка со Пандев и го нарече „македонскиот крал“

Македонската легенда беше дел од спектакл во Букурешт каде се одигра натпревар меѓу селекцијата на Романија 1994 и Тимот на светот. Стрелци за гостите беа Пандев и Ривалдо.

Што мисли центарфорот на Аталанта за безалкохолно пиво?

Центарфорот на италијанската репрезентација Џанлука Скамака по скромните настапи во Сасуоло, Џенова и Вест Хем, конечно си го најде раатот во Аталанта. За новиот шампион во Лига Европа кој со 3-0 го растури Баер Леверкузен, Скамака сезонава има 18 гола и 8 асистенции во сите натпреварувања со што е најдобар стрелец на екипата која го воодушеви светот.

Ако патот некогаш ве носи во Бергамо, свратете кај Џулијана

Тетка Џулијана држи ресторан Траторија д’Амброзија или попознат како „Кај Џулијана“. Таа е страствена навивачка на Аталанта, а локалот ѝ е делумно посветен на новиот европски првак во Лига Европа, гордоста на градот. Кај неа на убави италијански домашни специјалитети редовно доаѓале фудбалерите и тренерите на Аталанта.

Топ 5 гола на Ројс за Борусија

После 12 години, 428 настапи и 170 голови, Марко Ројс се збогува од Борусија Дортмунд, а последниот танц ќе го има во финалето од ЛШ против Реал Мадрид на 1 јуни на Вембли. Ќе остане незаборавен лик за секој навивач на Борусија. Ова е само еден ситен процент од тоа што го има направено за клубот.

Муабет на две легенди за создавањето на една епска фотка

Италија и Бразил во 1997-ма одиграа пријателска која заврши 3:3. Натпревар од кој произлезе една многу јака фотографија.

Со спанко од газда, Лацио може само да сонува повторно за вакви сцени

Налетавме на видео од прославата на Скудетото на Лацио 2000-та. Многу јак клип со моќна нумера. Но ова е пред 24 години, од едни други славни денови на тимот од Рим, со поинакво сопствеништво предводено од господин Серџио Крањоти кој правеше рекордни трансфери во Европа.

Левата му е бомбастична, а од десната и сам се плаши

Во наше време местевме камења или лименки, а зимно време стативи ни беа јакните.

Кога ќе ја наполниш на ПЕС со Михајловиќ

Не е битно дали растојанието до гол е на 20, 30 или 40 метри, битно да ја избереш Југославија и да изнудиш слободен удар, а противникот ако сака нека се вика и Бразил. Преубави времиња.

Прашање кое ги насмеа Германците кои го декласираа Бразил 1-7

Во полуфиналето на Светско првенство 2014, домаќинот Бразил го претрпе најсрамниот пораз во својата вековна фудбалска историја. Германија ги понижи на нивен терен пред нивни навивачис о 1-7. Денес кога ги прашуваат актерите на тој меч од репрезентацијата на Германија кои играчи ги дале головите, никој не памти. Само еден човек ги памти, верувале или не сите по ред.

Сите 18 гола сезонава на Баер Леверкузен постигнати во судиско

И покрај тоа што трофејот во ЛЕ ќе додадеше дополнителен шмек во тоа што го остварија оваа сезона, сепак фудбалерите на Баер немаат место за поплаки. Го испратија терминот Неверкузен во историјата со низа од 51 меч без пораз во 361 ден. Титула освоена на епски начин за која не престана да се зборува. Дури 18 гола постигнаа во судиско. Неверојатно.

Интервју на колото

„Имавме свои шанси, не ги искористивме, тоа е што е, момците дадоа сè од себе“.