Фудбал

Пирс Морган со трипл-дабл за лицемерието околу Светското во Катар

Во глобалната галама за Мундијалот во Катар, дискусиите за човекови права, алкохоли и друго, поентерски најпрецизен испадна познатиот британски уредник и новинар.

Официјалната химна за СП Катар 2022

Латино ѕвездата Малума, американската раперка Ники Минаж и либанската уметница Мирјам Фарес се изведувачи на песната „Tukoh Taka“, официјалната химна на Светското првенство. Ја пејат на шпански, англиски и арапски.

Претседателот на ФИФА го обвини Западот за лицемерие

На еден ден пред стартот на најголемиот фудбалски спектакл на планетата, Џани Инфантино рече дека не е лесно да се прифатат критики за одлука која е донесена пред 12 години и дека ова ќе биде најдобро Светско до сега.

Како изгледа грчка салата во фан зоната во Катар?

Footy Scran е Твитер профил со скоро 500.000 следбеници каде се објавува храна од стадиони од цел свет. Навивачов, за 9 фунти или 635 денари, веројатно за прв и последен пат ќе нарача грчка салата во Катар.

Србите се загреаа за Мундијалот со петарда, еврогол на Тадиќ

Момците на Драган Стојковиќ Пикси одбработија одлична и доста ефикасна последна контролка пред Светското во Катар на која го совладаа Бахреин со 5:1. Двоен стрелец беше капитенот Душан Тадиќ, кој постигна маестрално и неодбранливо голчиште од слободен удар, а по еднаш стрелаа Влаховиќ, Ѓуричиќ и Јовиќ.

„Тоа е фудбалот“ со Златко Калински, гостин Столе Димитриевски

Што му кажал Столе на Модриќ пред пеналот против Реал Мадрид? Каков подарок добил од Анчелоти? Какво е чувството да се игра за тим како Рајо Ваљекано? Одбраната против Косово и неговата тетоважа.

Се запознаваме со Група Ц на Светско првенство: Аргентина, Саудиска Арабија, Мексико и Полска

Стигнавме до станицата „Ц“ - група во која ќе игра најдобриот фудбалер на денешницата. Ќе биде интересно да се види како „гаучосите“ ќе се справат со Полска на Левандовски, со непознатата Саудиска Арабија и со секогаш незгодниот Мексико.

Катар забрани пиво на стадионите на два дена пред стартот

Пијачката која е поим за гледање пиво, домаќините решија да им ја ускратат како задоволство на навивачите кои тек сега ќе пцујат на големо. А ФИФА веќе има спонзорски договор со Бадвајзер кој чини грдни пари.

Фудбалерите на Аргентина ја распалија скарата во Катар

Не сме само ние по таа работа. Аргентинците на Светско отпатувале со 3,5 тона месо. Србија дали се слушаме?

На Агуеро му преседнал летот

На легендарниот Серхио Кун Агуеро кој одлетал за Катар да ја бодри својата Аргентина, му се паднало да се најде во авион со бразилски навивачи, едни од најгласните на секое Светско првенство. Главата му ја растропале цел пат. Среќа што го познава јужно-американскиот менталитет па некако истрпел.

А видовте ли Полјаците како отидоа на Светско првенство?

Целата селекција на Полска, 26 фудбалери, стручен штаб и екипаж на полската национална компанија тргнала во Катар во придружба на два ловци F-16 Fighting Falcon, американски повеќе функционален ловец од четврта генерација кој во 2019-та година бил најраспространет воен авион во светот.

Роналдо за Меси и плановите за пензија

Излезе и вториот дел од интервјуто на Роналдо кој предизвика многу реакции, посебно на островот. За Меси има само пофални зборови и го нарекува магичен. 

Милевски нервозен тргна да се кара со навивач

По ремито 1:1 против Финска, меч на кој Македонија извади нерешен резултат од пенал, селекторот Боби Милевски лут и наапан му се сипа на навивач, кој најверојатно му довикувал незадоволен од резултатите во последно време.

Далиќ одбил 30 милиони евра од патриотски причини

„Реков дека нема да ја напуштам репрезентацијата, бидејќи таа е мој народ и моја земја“.

Се запознаваме со Група Б на Светско првенство: Англија, Иран, САД, Велс

Продолжуваме да ги изучуваме репрезентациите кои во Катар ќе се борат на Светското првенство. Групата Б важи за една од најжестоките, во секоја смисла.

Екселот за СП Катар 2022

Летно, зимско, ние продолжуваме со нашата, сега веќе 10 годишна традиција, да ви правиме занимација плус за време на големите фудбалски натпреварувања како што се Светско и Европско.

Пробаа и селекторот на Иран да го вовлечат во политика, ама културно им спушти

Додека од разни страни траат обиди да се исполитизира Светското првенство во Катар, еден новинар на англискиот Скај Спорт го прашува Португалецот Карлош Кеирош дали е тој океј со тоа да претставува земја „во која жените немаат никакви права“.

Ако Ди Марија по утро се познава, за Аргентина нема зима

Врвниот крилен напаѓач се врати од повреда, влегол во добар ритам а сега покажа и дека е комплетно спремен за Светско првенство. Аргентинците на последната генералка пред Мундијалот, со 0-5 го совладаа ОАЕ. Ди Марија даде два гола од кои едниот му беше од страшен волеј. По гол дадоа уште и Хулиан Алварез, Меси и Хоакин Кореа.

Зошто Манчестер Јунајтед го извади огромниот постер од Роналдо на Олд Трафорд?

Специфични, доста специфични денови за Кристијано Роналдо, ама и за медиумите, кои лесно знаат да се насанкаат на фотка или клип, кои на прва сугерираат дека сега сите се против португалската ѕвезда.

Албанците изведоа слободен удар против Италија како прв пат да играат фудбал

Смешна ситуација на пријателската меѓу Албанија и Италија која се одигра во Тирана. Домаќините губат 1:3, па уште и изведуваат слободен удар во спротивен правец. Еден од дефанзивците дремеше и ја гледаше топката, а другиов со раце му гестикулираше дека треба да оди по неа. Италијанците од истата акција малку фалеше да зголемат и на 1:4.

Ѕвезда на Реал Мадрид се појави во Борис Трајковски на ракомет

Ракометното Европското првенство за жени во Македонија, како една од трите земји организатори, на трибините донесе големо фудбалско име.