Фудбал

Како е можно овој гол на Меси од финале да не добие Пушкаш награда?

Кога еден ден ќе им раскажувате на внуците за тоа каков фудбалер беше Лео Меси, пуштете им го клипов од финалето на Копа деј Реј во 2015-та меѓу Барселона и Атлетик Билбао.

Милина на колото

Фондацијата на клубот Барселона организирала убава средба за еден млад човек со Даунов синдром со неговиот идол од екипата, Бразилецот Рафиња. А не знаел, не му кажале.

Драстични казни во Белорусија за местење натпревари

Голема афера го тресе белорускиот фудбал, чија лига можеби не е прав претставник на некој елитен фудбал, но сепак праќа одличен пример како валканите игри треба да се избркаат на клоци од секое првенство.

Влаховиќ бесен што Алегри го извади во 60-та минута

Факт е дека не е истиот од Фиорентина, ама сезонава му е подобра од ланската и веројатно е нервозен што го вадат при негатива од 0:1 против Севиља на дури 30 минути до крај, а даде два гола по ред против Лече и Аталанта.

Мурињо не ги прифати честитките за победата од новинарот

Рома обезбеди предност од 1:0 на првиот полуфинален меч од Лига Европа против Баер Леверкузен. Во изјавата после мечот Жозе му рече на новинарот дека ова е само полувреме и не сака да прима честитки. „Никогаш не сум славел на полувреме, никогаш не сум плачел на полувреме кога губам“, рече Португалецот.

Голот на Јувентус во 97-ма минута за експлозија на трибините

Тежок натпревар одиграа Јувентус и Севиља во првото полуфинале на Лига Европа и на крај коректни 1-1 пред реваншот во Андалузија следната недела. Бјанконерите беа во негатива цел меч, буквално до последните секунди кога Пол Погба со прва асистенција на сезоната му намести на стоперот Гати ултра важен гол со кој Јуве сега ќе почне со 0-0 во Севиља.

Јако видео од огромното славје во Џенова

Најстариот италијански клуб роден 1893 и деветкратен првак, направи експресен кам бек во Серија А по само една година и се размина со Сампдорија, што не значи градот и следната сезона нема да ужива во дербито. Враќањето го слават како титула, а моќниот клип го крстија „One year only“.

Вредно за гледање: излегува документарец за Питер Крауч

Во целиот фудбалски антагонизам и ривалитет на Островот, скоро сите навивачи беа согласни дека најхаризматичен и најдуховит фудбалер е високиот Питер Крауч, третиот највисок фудбалер на сите времиња кој играл во англискиот фудбал. Сега за некогашниот англиски репрезентативец кој играше дури на две Светски првенства, Амазон снимил документарен филм.

Михаило Мики - првиот странски тренер кој добил дозвола да работи во Северна Кореја

Единствениот странец кој водел фудбалски клуб во Северна Кореја и единствениот Србин кој го сретнал мистериозниот Ким Џонг Ун, раскажува што доживеал во оваа земја.

Од татко на син, од колено на колено

Татко и син се хит после првото полуфинално миланско дерби меѓу Милан и Интер кое го добија сино-црните 0:2. Реваншот е за шест дена.

Един Џеко - јунакот кој го почна ураганот на Интер

Интер со голема победа на условно гостински терен над Милан практично ја чекираше визата за големото финале на Лига на шампиони. За играч на мечот беше прогласен Хенрик Михтарјан а наградата еднакво ја заслужи и Един Џеко.

Кратка конверзација на Малдини и Анри во живо со голема меѓусебна почит

На една страна Малдини и Шмајхел, на другата Анри, Карагер и Ричардс. Поранешниот француски напаѓач го испофали поранешниот италијански дефанзивец за победничкиот менталитет кој го донел во Милан, но го потсети и на нивен дуел одигран во 98-ма која Тиери се исплашил кога видел кој ќе го чува по десно. Малдини му возврати дека и тој воопшто не бил среќен кога видел кого треба да чува. Убав разговор со многу почит меѓу двете легенди.

Новак растури италијански за тв каналот на Милан

Една од ВИП фаците меѓу гостите во ложата на Сан Сиро на синоќешното дерби беше Новак Ѓоковиќ, кој не му се израдува на резултатот.

Лудиот проектил на Чалханоглу во статива и драмата пред голот на Милан

Интер обезбеди убава предност од 2:0 пред реваншот на миланското дерби во ЛШ, а веќе во 15 минута за влакно не му нанесе и трет шок на тимот на Пиоли кој вечерва одигра очаен меч. Чалханоглу ја искрши стативата и ги скочани навивачите на Милан.

Моќна партија на Интер кој се доближи до финалето во Истанбул

Фудбалерите на Интер со фуриозен старт го добија првото градско дерби 0:2 и тоа со рани голови на Џеко и Михтаријан во 7 и 11 минута. Милан беше ослабен без повредениот Леао и немоќен во речиси цел натпревар. Упати само еден удар во рамки на гол.

Милан во нокдаун, мајсторски волеј на Џеко

Интер бележи моќен старт во воведното полувреме на првата полуфинална пресметка од ЛШ против Милан. Ветераните Џеко и Михтаријан по само 11 минути го торпедираа голот на градскиот ривал. Плус статива на Чалханоглу и пенал за Интер кој беше поништен со ВАР. Тимот на Инѕаги е целосно надмоќен.

Еден регион - тројца тренери полуфиналисти во Лига на шампиони

Ниту најголемите оптимисти и навивачи на миланските клубови не можеа ниту на сон да претпостават дека Милан и Интер ќе стигнат толку далеку сезонава во Лига на шампиони, после долгогодишно отсуство од истата каде едвај се вратија. На клупите на три клуба полуфиналисти седат тренери родени во градови од ист регион.

Емотивно збогување на Бускетс со Барселона

15 години верност, над 700 настапи, 31 трофеј кои овој месец ќе станат 32, две тројни круни. Серхио Бускетс заминува од Барселона како легенда која вечно ќе се памети како дел од незаборавното трио со Чави и Иниеста, креатори на еден од најдоминантните тимови во историјата на фудбалот. Им се заблагодарува буквално на сите.

Панчев и Савичевиќ се едногласни за миланското дерби во ЛШ

Едниот освои Лига на шампиони со Милан, другиот настапуваше за Интер, но и двајцата му даваат предност на истиот тим, исто како и на главниот фаворит за трофејот.

Секој друг овде би паднал и би лежел

Не се виде баш вчера и не даде гол, ама после овој клип сфаќате уствари каква цврста карпа од човек е. Нека биде овој дуел и лекција за сите глумци кои често пати лежат и се пењават за да задржуваат време или да изнудат фаул. Ваков фудбал сакаме. Јуначки.

Како Рудигер го чуваше Халанд без топка

Голгетерот број 1 на сезоната со 51 погодок на 47 меча, не се изнаигра баш на гости кај европските прваци. Му се залепи германско австрискиот тандем во одбрана Рудигер-Алаба и често пати делуваше како отсечен. Погледнете ги овие методи со кој Рудигер го реметеше од зад грб.