Фудбал

Гвардиола психолошки го изиграл Арсенал со пехар крај теренот

Поранешниот норвешки фудбалер а денес стручен коментатор и новинар, Јан Оге Фјертофт објави кадри на кои се гледа како луѓето од Манчестер Сити пред големото дерби со Арсенал на два часа пред мечот го пренесуваат шампионскиот пехар од страна кон средина на теренот.

Столе и Рајо пак ја урнаа Барса

Она што е Жирона за Реал Мадрид, нагазна мина од година во година, тоа е Рајо Ваљекано за Барселона. Тимот на нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски синоќа со 2-1 пак ги победи Каталонците, по трет пат во последниве пар сезони.

Податок на денот за Челси

Да го прочитавме ова за Саутемптон, Херта Берлин, Сампдорија, Елче и Анжер како последни на табела во топ 5 лигите, ајде некако, ама како за довчерашен англиски и европски првак ова е многу срамно и понижувачки.

Кевин де Брујн еден на еден, елегантно и мајсторски

Манчестер Сити го декласираше Арсенал со 4:1 во дуелот вреден титула во Премиер лигата. Каква играчина е Кевин де Брујн. Треба да учат од него.

Милина на колото

За време на дуелот од француската Лига 1 меѓу Лориен и Тулуз кој гостите го добија 0:1, холандскиот центарфор на Тулуз 22-годишниот Тијс Далинга при еден напад шутнал силно над голот а топката погодила едно детенце. После мечот му се извинил со пригоден подарок.

Два различни света

Додека нам ни делува апсолутно неразбирливо кога гледаме со каква страст во некои делови од светот се следи голф, познатиот голфист Чејз Коепка направил ас (погодок од прва и права реткост во голфот) и предизвикал бура на трибините каде навивачите фрлале со пиво во транс.

Нов документарец на МТВ насловен како „ФК Балкан, хероите на едно време“

Само шест месеци по филмот за „Благоја Георгиевски Буштур“, Македонската радио телевизија пријатно изненади со нова спортска содржина посветена на гордоста на чаирчани кога фудбалот се играл од љубов и за љубов. Го носел прекарот „Селтик од Чаир“.

Вечерва мега спектакл Сити - Арсенал, мегдан за титула

Во 21:00 вечерва се игра големото дерби на Премиер лига меѓу Манчестер Сити и Арсенал, натпревар кој е исклучително важен во трката за титулата меѓу овие два тима.

Што е со слаломов на Винисиус?

Најсветла точка во играта на Реал Мадрид кој синоќа беше понижен од Жирона со 4:2 е дефинитивно Винисиус Жуниор, кој покрај тоа што постигна гол, во повеќе наврати им го помати умот на противниците. Погледнете го ова соло сам против сите. Неверојатен играч и дефинитивно меѓу најдобрите во свет во моментов на таа лева крилна позиција.

Кој е Валентин Кастељанос, јунакот кој му заби четири гола на Реал Мадрид?

Сензација на месецот во шпанска Ла Лига е триумфот на Жирона над Реал Мадрид од 4:2, а веста на денот е тоа што сите четири гола за домаќинот ги даде еден ист играч, Валентин Тати Кастељанос.

Тати Кастељанос е прв играч по 76 години кој му даде 4 гола на Реал во Ла Лига

Лоша вечер за Реал Мадрид и во фудбал и во кошарка. Кралевите се соочија со понижување од Жирона која ги декласираше со 4:2. И тоа еден ист играч ги постигна сите голови за домаќините.

Дејо Геније да ви каже нешто за докторот на Ѕвезда и убавата Снеки

Таков е денот денеска. Документарец со Дарко Панчев очекувано носи легендарни приказни од носталгичните ју времиња со Вардар и Црвена Ѕвезда, анегдоти на Васил Рингов и сл. Да чуеме уште нешто на таа тема.

И за лубеница треба вештина

Особено ако ја држиш како овој навивач на АИК од Солна во шведската лига.

Карамбол на денот

Дваесет и деветто коло на португалска лига Примеира: Портимоненсе - Жил Висенте 1:0. Во еден момент од натпреварот имаше рафална серија пред еден од головите, но голманот и стативите спасуваа.

Овој па пак е нешто нервозен

Има и зошто. Пак не даде гол, туку погоди само статива, а неговиот тим е елиминиран од ново Куп натпреварување, вкупно трето за еден месец.

Анегдотите кои Васил Рингов ги раскажа за Панчев

На промоцијата на документарецот за Дарко Панчев имаше многу фудбалски легенди на Вардар, Црвена Ѕвезда па сè до Милан. Ама шоуто го украде Васето од Струмица.

Видиќ кај Рио во подкаст: „Кога ми се јавија од Ливерпул, жена ми зборуваше по телефон“

Многумина оправдано сметаат дека Немања Видиќ и Рио Фердинанд го сочинуваа најдобриот и најснажниот стоперски тандем во историјата на фудбалот. Двајцата беа како карпи во одбраната на легендарниот Манчестер Јунајтед каде Србинот дојде од Спартак Москва и имаше многу тежок почеток.

Македонски репрезентативец му даде два гола на Фенербахче

Крилниот напаѓач Валон Етеми прво го внесе Истанбулспор од втора во прва лига, а сега таму во најдобрата турска Суперлига игра фантастична сезона. Со два гола синоќа против Фенербахче на гости на преполниот стадион, во меч кој заврши 3:3 откако Фенер водеше 2:0, Етеми му донесе голем бод на својот тим против реномираниот ривал.

Фотографии од промоцијата на документарецот „Патот на Кобра до ѕвездите“

Јак фудбалски крем се собра синоќа во хотелот Александар Палас, а повод беше документарниот филм за кариерата на Дарко Панчев.

Пасов на Меси да го види Роналдо ќе почне шишиња да рога

Со двата гола на Мбапе, ПСЖ викендов го совлада Анжер со 1:2 и со +9 пред Марсеј на 6 кола до крај, полека се доближува до петтата последователна титула. Ако ја барате најјаката асистенција на колото, прекинете веднаш.

Толку е досадна Брајтон - Јунајтед што решил да се шиша на стадион

За време на второто полуфинале од ФА Купот меѓу Манчестер Јунајтед и Брајтон кој фудбалерите од „Олд Трафорд“ го добија на пенали, еден гледач се шишал на сред трибини на преполниот „Вембли“. Не се знае дали го најмил берберот на стадионот или од претходно.

Црногорски начин на местење корнер знамиња

А за тревата и горивото не ви е гајле а? 

Пабло акробата, би завидел и Ибра

Вест Хем со 0-4 го демолираше Борнмут на гости а последниот гол на мечот со кој ја штиклираа победата беше дело на Шпанецот Пабло Форналс. Шкорпион на кој би завидел и Златан Ибрахимовиќ.