Фудбал

Роналдо го имитира Ришарлисон

А по тоа и Ришарлисон во стилот на Родриго ги подмачка нозете со шампионска маст.

Инцидент во Катар, Самуел Ето му влезе на снимател со нога во глава

Легендарниот камерунски напаѓач кој со Пандев ја славеа тројната круна во Интер, се посрамоти на Светското за сите пари. Прво се сликаше со група навивачи, а во еден момент нападна снимател и му влезе дрско со колено во глава. Не можеа да го задржат.

Селекторот на Јапонија им се поклони на навивачите за поддршката

Ако некоја земја има посебен стил и начин на однесување, тоа сигурно е Јапонија. Освен што одржа фудбалска лекција на многу поголеми селекции, држеше разни часови и по култура.

Бразил е страшен - фудбалска самба за четвртфинале

Сè почести се констатациите меѓу гледачите дека Бразил не бил вака силен во својата историја. Состав од кој стравува секој ривал. „Кариоките“ вечерва за 36 минути до врв ја наполнија мрежата на Ј. Кореја. 4-0 од шега како на тренинг.

Мундијалската коинциденција на португалскиот селекторот на Јужна Кореја

Од славната генерација на Португалија предводена од Фиго, Руи Коста, Консеисао, Нуњо Гомеш, можеби малку подзаборавен лик е Пауло Бенто. Пред 20 години како репрезентативец на Португалија остана без пласман во нокаут фаза поради домаќинот Јужна Кореа, а 20 години подоцна ја победи својата земја и стигна до нокаут фаза, како селектор токму на азиската селекција.

Панчев: Неопходна е промена во балканскиот менталитет, Пикси треба да остане уште најмалку 4-5 години

„Никако да не фрламе дрва и камења по тимот, на работата на тимот. Зарем секоја втора година ќе го менуваме селекторот? Сè она што се случи во Катар, ќе има прилика да се поправи и да оди во историјата. Капацитетот на Србија на СП беше значително поголем од она што беше демонстриран“.

Уникатно видео со Пеле и наследниците

82 годишната фудбалска икона кој лани беше опериран од тумор и кој повторно се наоѓа во болница, доби голема поддршка за што побрзо заздравување. На трикратниот светски првак некој седнал сериозно да му ја анализира играта до степен да го заклучи следново: Пеле го предвиди секој мајсторски потег во светот на фудбалот.

Кои се најважни рекорди на сите Светски првенства?

Во натпревар од 1/8 финале против Полска, Килијан Мбапе направи шоу: му асистираше на Жиру, а во вториот дел даде и два убави гола, со што стана прв фудбалер кој постигнал 9 гола на Светски првенства до 24 години.

Фасцинантните бројки на Килијан Мбапе во репрезентација

Франција за сега ја оправдува титулата актуелен светски шампион. Триколорите предводени од одличните Мбапе, Жиру и Гризман фатија одличен залет за завршницата. Следен предизвик им е Англија.

Го избркаа од Светско, ама пак си најде друштво за фудбал

Првиот голман на Камерун, Андре Онана имаше неславен престој во Катар. Бранеше во првото коло против Швајцарија, а потоа поради несогласувања со селекторот беше отстранет од репрезентацијата. Но голманот на Интер се најде со другарите од маало.

Италијански коментатор со лапсус на сред пренос кој стигна до парламент

На мечот Тренто - Виченца во Серија А, слободен удар се мести да шутира извесен Греко, роден во Мадагаскар, посвоен и израснат во римско семејство кој се калел во школата на Рома. Коментаторот не еднаш, туку два пати во рок од 10 секунди го нарекува „негро“ или во превод „црнец“, по што се извинува.

Статистика на ФИФА за Меси и Роналдо која нема да му се допадне на Португалецот

Лионел Меси ја реши Австралија во осминафиналето на Мундијалот во Катар и стигна до јубилејни 1.000 настапи во кариерата. За ФИФА тоа беше добар повод да го спореди учинокот на двајцата кој оди целосно на страна на аргентинскиот ас. Води со 64 гола повеќе, 132 асистенции и 10 трофеи.

Зицерот на Сенегал и ракометарската одбрана на Пикфорд

Англија го доби убедливо Сенегал со 3:0, но во првото полувреме ризикуваше многу во одбрана. Сенегалците испуштија голема шанса за гол за да го направат осминафиналето повозбудливо, а во втората прилика Пикфорд реагираше маестрално.

Англија го збриша Сенегал, но го чека пеколно четвртфинале против светскиот шампион

Сè оди според планот кај фаворитите на досегашните осминафинални мундијалски средби. За сега имаме два празника во топ 8: Холандија - Аргентина и Англија - Франција. Хендерсон, Кејн и Сака му кажаа на Сенегал дека нема што да бара против големиот фаворит.

100% шанса на Зјелински и драмата пред голот на Франција

Франција поведе во првото полувреме со голот на Жиру во 44 минута, но седум минути порано многу лесно можеше да биде обратно. Пољаците ја испуштија најубавата шанса откако одличниот Уго Лорис му го скроти ударот на Зјелински по што висеше неговиот гол.

Франција лесно ја суреди Полска и ја испрати дома

По Холандија и Аргентина, Франција е третиот четвртфиналист во Катар кој со 3:1 очекувано и моќно славеше над Полска. Жиру со 52 гола стана најдобар стрелец во историјата на француската репрезентација со што го мина Анри, а Мбапе најмлад стрелец кој со 9 гола на Мундијалите го сруши рекордот на Пеле.

Меси + голманот Мартинез = Аргентина во 1/4 финале

Со головите на капитенот Лионел и шпицот Хулиан Алварез, а пред сè со неверојатната одбрана на голманот Емилијано Мартинез во последните секунди од мечот, Аргентина ѝ оддолеа и на Австралија и заслужено оди на мегдан со Холандија.

Прекрасниот гол на Меси на јубилејниот 1.000 меч во кариерата

Најдобриот фудбалер на сите времиња по мислење на многумина, вечерва го игра својот јубилеен 1.000 меч во својата кариера. Прецизната пресметка на статистичарите најави пред овој натпревар дека Лео ќе игра јубилеен дуел а успеа да го постигне 789. гол во кариерата.

Холандија прв четвртфиналист, бекот Думфрис блескаше

Сосема заслужено Холандија ги победи САД со 3-1 и ја оправда фаворитската улога во 1/8 финале од 22. Светско првенство во историјата.

Кој со кого се падна во нокаут фаза и како вкрстуваат во четвртфинале?

Гледаме лудо и неизвесно Светско првенство во кое тешко е да се апсорбира секоја сензација и изненадување, бидејќи 24 часа после една, се појавува друга. Што ли ќе се случува понатаму?

Славјето на Корејците од соблекувална до хотел

Иако делуваше невозмошно Корејците да ја совладаат Португалија за да одат во осминафинале, сепак на овој Мундијал гледаме дека нема ништо невозможно. Погледнете ги овие радосни лица на играчите, навивачите, па сè до куварите на селекцијата на Јужна Кореја.

„Тоа е фудбалот“ со Златко Калински, гостин Вујадин Станојковиќ

Во новата епизода на подкастот „Тоа е фудбалот“ со Златко Калински, гостува Вујадин Станојковиќ, еден од тројцата Македонци кои заиграле на Светско првенство. Популарниот Вујо зборува за настапите на Србија и Хрватска, можните епилози од нокаут фазата, како и за настапите на Југославија на Светските првенства.