Фудбал

Кои лиги имаат најмногу играчи на Еуро 2024?

Интересна листа која ќе ве изненади. Пример дури 14 фудбалери на Европсково играат за клубови од Саудиска Арабија а 12 во грчката Супер лига иако Грција не се пласираше. 13 се од втората италијанска лига Серија Б. Чудно и интересно во исто време. Очекувано, Премиер лига апсолутно прва по број на фудбалери пратени на Еуро 2024.

Хрватите потсетија на „Sometimes maybe good, sometimes maybe shit“

Хрватските медиуми брујат за бомбастичната вест дека Џенаро Гатузо е нов тренер на Хајдук. Потсетуваат на разни негови епизоди и од играчката и од тренерската кариера и пишуваат дека е познат по својот борбен и агресивен пристап. Во 2014-та беше тренер на Крит. Не се заборава овој негов прес.

Водич за Европско првенство 2024 - запознавање со Група Д

Групата Д сосема сигурно ќе донесе некои интересни дуели со оглед на тоа што во неа се светскиот шампион од 2018 и светски вицешампион од 2022 Франција како и Холандија.

За оние кои би оделе со кола на Европско првенство во Германија

Главниот уредник на спортската редакција на РТС Александар Стојановиќ решил со кола да тргне од Белград кон Германија од каде ќе ги пренесува натпреварите на српската селекција. Попатно снима сè и кажува колку чини од патарини преку бензин, храна и слично до Минхен.

Шмекерски гол на Пулишиќ со Бразил

На пријателска средба пред стартот на Копа Америка, САД и Бразил одиграа нерешено 1:1 во Орландо на Флорида. Бразилците отворија преку Родриго во 17’ минута а САД израмни на 1-1 со мајсторски погодок на Кристијан Пулишиќ од Милан во 26’ минута.

Кинеската амбасада во Шпанија со остар протест до Реал Мадрид

На едно од бројните видеа снимани од навивачи на Реал Мадрид после финалето на Лига на шампиони, пејат и скандираат навредливи расистички песни за Кинезите пред камера на која зборува кинески репортер за финалето на ЛШ.

Шест натпревари на ЕП кои не се за пропуштање

Ќе има многу јаки битки на ова Европско првенство. УЕФА веќе издвои шест кои ги смета за најпривлечни. Да ги ѕирнеме.

Рафа Надал е тенисер или фудбалер?

Не да игра фудбал, туку дроби и со дриблинзи и голови. Прсто неверојатно колку е јак. Па уште и Икер Касиљас е на гол. Браво мајсторе.

Се фати Шкот да игра со домаќините од Баварија

Репрезентацијата на Шкотска во петок од 21:00 ќе има тешка задача на отворање на Европско првенство против домаќинот Германија на „Алијанц Арена“. Баварците убаво ги пречекале Шкотланѓаните со еден народен традицонален танц а капитенот на Астон Вила Џон МекГин решил да им се придружи.

Еуфорија за Столе, медиумите го нападнаа, Валенсија го претстави со штосно видео

По долга, 12 годишна кариера во Шпанија, најдобриот македонски голман и официјално се круниса со голем трансфер, во најголем клуб од сите досегашни. Новинари го бркаа за изјава уште на аеродром.

Водич за Европско првенство 2024 - запознавање со група Ц

Групата Ц е онаа во која како и во група Б секој секого може да победи. Англија е изразит фаворит кој како актуелен вицешампион и фаворит број 1 за освојување на Европското не би требала да има турбуленции со ривалите во група. Но...

Интересна мапа со потеклото на сите играчи од Евро 2024

Тројца учесници на Европското првенство се родени во Македонија. Двајца во Куманово (Насер Алији од романскиот клуб Волунтари и Таулант Сефери центарфор од клуб од ОАЕ) и еден од Скопје (центарфорот Јасир Асани). Има интересни места, пример браќата Милинковиќ-Савиќ се родени во Шпанија но во различни градови. Меињан и Пепе се родени во Јужна Америка.

Најголемата надеж на Шпанија ќе пишува домашна на Европско првенство

Шпанија на Евро 2024 најмногу очекува од шеснаесет годишниот бисер на Барселона Ламин Јамал кој треба да ја води „Црвената фурија“. Сезонава одигра 50 натпревари во сите турнири за Барселона и на рана возраст веќе е голема ѕвезда. Раскажал дека во Германија оди со домашни задачи.

Вода стои, Роналдо не стои

На 18 јуни на дуелот меѓу Португалија и Чешка, Кристијано Роналдо ќе стане прв фудбалер во историјата со шест учества на Европските првенства. За Германија се загреа со два комада, од кои едниот мајсторски.

Чуден момент со голманот на Ирска

Каомин Келехер сезонава бранеше на 26 меча за Ливерпул, а беше дел и од синоќешната пријателска меѓу Португалија и Ирска. Не сме виделе до сега вака да направи некој.

Како Димитри Паје го отвори ЕП 2016

УЕФА почна да провоцира на социјалните мрежи, а има и зошто. Денес е вторник, а в петок стартува празникот со мечот Германија - Шкотска. Пред 8 години како домаќини, Французите ја победија на отворањето Романија со 2:1, а мечот го реши Паје со прекрасен удар во 89-та минута.

Сегашноста и иднината на Реал Мадрид

Кралевите имаат играчи со педигре и непроценливо искуство кое секогаш му треба на секој тим. како Модриќ (38), Начо (34), Карвахал (32), Куртоа (32), Лукас Васкез (32), Рудигер (31), Алаба (31), но внимавајте добро како мислат за утре. Листата на 12 играчи на возраст од 17 до 26 години изгледа многу моќно и со навистина ветувачка иднина.

Ајде аирлија ексел за ЕП 2024

Поминаа четири години, тоест три поради пандемијата откако гледавме Европско првенство и тоа со Македонија и Горан Пандев. Како и две од СП Катар, ама и тие не се две, бидејќи во зимо го гледавме со чварки и црно вино. 

Водич за Европско првенство 2024 - Група Б

На ждрепката за извлекување на групите за Европско група Б беше прогласена за најсилна.

Кога на Зидан ќе му направиш „зидановка“

Дете, ти веќе го имаш клипот на животот, кој треба да го урамиш. 

Добро, пријателска е ова или финале на Европско?

По материјалот од Венеција, добивме нови убави видеа од наш драг читател. Овој пат од Варшава, каде Полска ја совлада Турција со 2:1. Да не верува човек дека вака може да изгледа атмосферата на пријателска средба. Кореографијата е на цел стадион обоен во црвно бела боја, знамињата на терен огромни, химната грми, а трибините крцаат, скоро 60.000 публика. Да гледаме и да учиме. Прекрасно.

Џереми Фримпонг со ретко видена пас мајсторија

Холандија синоќа тестираше против Исланд кој го доби убедливо со 4:0. Бекот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, воодушеви со оваа интелигентна убавица од додавање.

Скок во далечина и исчезнат селектор во Полска

Привршуваат тест средбите пред Европското во Германија. Полска играше пријателска против Турција која ја доби со 2:1. Режисерот на мечот во еден момент направи магија откако го даде во кадар селекторот Михал Пробиерц, а на Павел Давидович веќе му ја одредивме дисциплината во која треба да се такмичи.

Премиер лига ги собра најголемите утки на сезоната на едно место

Зицер до зицер и тоа од првокласни врвни центарфори. Промашувања какви што се незамисливи ниту на видео игрица.