Кинеската амбасада во Шпанија со остар протест до Реал Мадрид

На едно од бројните видеа снимани од навивачи на Реал Мадрид после финалето на Лига на шампиони, пејат и скандираат навредливи расистички песни за Кинезите пред камера на која зборува кинески репортер за финалето на ЛШ.

Во исто време кога во Шпанија двајца навивачи на Валенсија добија прва историска затворска казна од осум месеци поради расистички навреди до Бразилецот од Реал Мадрид Винисиус, сега „кралскиот клуб“ се соочува со протести.

Кинеската амбасада во Шпанија упатила официјална жалба до Реал неделава во која бара објаснување за скандалозното видео. Од „Сантијаго Бернабеу“ одговараат дека се згрозени од таквото однесување и дека клубот осудува каква била форма на расизам и ксенофобија. Додаваат дека „инцидентот бил изолиран од некој индивидуален навивач“.

Видеото е погледнато повеќе од 57 милиони пати и има повеќе од 10.000 коментари. 

13 јуни 2024 - 08:01