Репрезентацијата на Холандија во директен дуел со Грција во Атина пред речиси полн стадион успеа да победи со гол од пенал во 90+3’ минута и бодовно да се одлепи од Грците кои имаат и натпревар повеќе.
Се сеќавате ли на бразилската ѕвезда Хернанес, кој направи доста солидна кариера во Италија, посебно во Лацио? Епа се врати во италијанскиот фудбал, ама овој пат поради забава.
Белгискиот портал Ла Либре пишува дека во терористичкиот напад на булевар Ипре во Брисел загинале две лица, едно од шведска националност, а друго со шведско потекло. Третото лице исто така од шведска националност е во тешка состојба и се наоѓа во болница. На реанимација бил и напаѓачот кој е тешко ранет во престрелка со полицијата.
Во страшен терористички напад синоќа во Брисел биле убиени двајца шведски државјани кои дошле за натпреварот од квалификации за Европско првенство меѓу Белгија и Шведска, а трето лице е тешко повредено. Познат е и идентитот на напаѓачот кој потекнува од Тунис и кој веќе имал дебело досие.
Пред натпреварот Белгија - Шведска во рамки од квалификациите за Европско првенство 2024, терорист во Брисел убил двајца навивачи на шведската репрезентација и ранил уште еден човек исто шведски државјанин. Натпреварот и официјално беше прекинат на полувреме.
Во 2015-та дадоа гостински гол по пауза од 14 години. Во 2019-та дадоа гол после апстиненција од 803 дена. Кога пред три години врзаа две нерешени по ред (против Гибралтар и Лихтенштајн), еден од репрезентативците на сред интервју плачеше од радост.
Пратеник во германскиот Бундестаг побарал мароканскиот фудбалер од Баерн Минхен, Нусар Мазрауи да биде казнет од клубот и протеран од земјата поради тоа што дал јавна поддршка за Палестина во војната со Израел.
Моментот е мошне непријатен, а мислењата за она што го направи 23-годишниот француски репрезентативец се различни. УЕФА одлучи секој натпревар од квалификациите да почне со минута молк во знак на жртвите од војната меѓу Палестина и Израел, а на мечот Холандија - Франција (2:3) се изразила и почит за убиениот наставник во францускиот град Арес.
И Србите исто како Хрватите губат два меча по ред во европските квалификации и тоа две од Унгарија која е прва во група. Драган Стојковиќ Пикси не можеше да поверува кога виде дека Тадиќ и Павловиќ во една иста акција ја погодија истата статива. Потоа кулминацијата се случи во 93-та минута и шансата на Миленковиќ со глава.
Македонската фудбалска репрезентација речиси да ги загуби шансите за пласман на ново Европско првенство, со оглед на тоа што изгуби од Украина (2:0) а ја чекаат дуели со најсилните во групата, фаворитите Италија на гости и со Англија дома.
После пропуштеното Светско во Катар, Турците се враќаат на голема сцена, обезбедија пласман на Европско првенство 2024. Откако го поставија Винченцо Монтела за селектор на сред квалификации, Турците ја победија Хрватска на гости со 0-1, синоќа и Латвија со 4-0 и со 16 бода во групата на две гола до крај се сигурно први.
Швајцарија и Белорусија го одиграа најефикасниот и највозбудливиот меч во квалификациите кој заврши 3:3. Швајцарците поведоа во првиот дел со атрактивниот гол на Шаќири, но во вториот дел имаат блекаут и за 23 минути примија три комада. Но на крајот по кој знае кој пат покажаа дека ги краси упорност и со голови во 89-та и 90-та минута стигнаа до важен бод во групата, каде се втори без пораз.
Хрватите по шокот дома од Турција 0:1, синоќа изгубија и 2:1 на гости кај Велс и дополнително ги закомпликуваа работите во групата. Хрватска има 10 бода колку што има и Велс а Турците со 16 бода веќе обезбедија пласман на Евро2024.
Додека се играат квалификации ширум Европа, фудбал има и во домашните втори, трети лиги, пониски дивизии. Во Англија на меч од трета лига меѓу Кембриџ Јунајтед и Шрузбери, домаќините повеле со гол на 35-годишниот висок стопер Мајкл Морисон кој начнал цела одбрана, поминал пет противнички играчи и дал гол за 1-0. На крјаот гостите израмниле 1-1 во 88-ма минута.
Ерлинг Халанд повторно нема да се појави на големата европска сцена со Норвешка, откако синоќа загуби дома од Шпанија во групата А, каде сигурен патник е и Шкотска. Шпанците славеа со голот на Гави, а постигнаа и втор гол, кој ќе беше чист автогол, ако Алваро Мората не направеше неискусен потег. Непотребно ја боцна топката на крај и судијата му го поништи поради офсајд.
Македонија пропушти неколку чисти шанси за да стигне барем до реми со Украина, ама треба и да му се заблагодари на Столе што мечот не заврши 6:0, после оние четири извонредни паради со кои спаси сигурни голови. Во судиското продолжение примивме и втор погодок, а Милевски претходно доби жолт па му се истури на судијата.
На прекрасната „Епет Арена“ во Прага, попладнево пред повеќе од 20.000 гледачи, македонската фудбалска репрезентација не ги искористи бројните шанси и на крајот загуби 2:0 од Украина која се одвои на табелата.
Премиер Лига, Бундес, Серија А, Ла Лига, Лига на шампиони, Светско, Европско. Никој, никаде и никогаш не искомбинирал вакво нешто од прекин. Погледнете ја радоста на цел тим. Прајслес.
Баер Леверкузен игра како под конец и со 6 победи и едно реми е прв во Бундеслигата. Ако треба да се опише и сумира нивната игра, која до сега само во првенство донесе голема ефикасност од 23 погодоци на 7 меча, тогаш во преден план оди акцијава против Келн. Феноменално одиграно.
Еквадор забележа исклучително важна победа во квалификации за Светско првенство 2026 кое ќе се игра во САД, Мексико и Канада. Еквадорците славеа 1-2 со гол во длабоко судиско продолжение во 90+6’ минута а претходно Кендри Паез ги доведе во водство и стана најмлад играч во историјата на јужно-американските квалификации.
На ревијалниот меч во чест на 100-годишнината од денот откако семејство Ањели го презел Јувентус, се собрале многу легендарни поранешни фудбалери на бјанконерите. Меѓу нив и „пит-булот“ Едгар Давидс кој и на 50 години покажа дека уште му работи сјајната левица.
Македонскиот репрезентативен фудбал денеска одбележува 30 години од своето добро познато деби во Крањ. Ќе се потсетиме на незаборавната победа, ама да ѕирнеме и некоја фотографија од тие времиња, како и од досегашните одбележувања на тој историски датум.
Хрватите киксираа дома со Турција 0:1, а нервозата за резултатот се виде во последните мигови од мечот кога Модриќ се изнервира, затоа што судијата не им дозволи да биде изведе корнерот пред неговиот знак. Потоа ја рогната топка и доби жолт, па следуваше пцовка која ако Ентони Тејлор ја разбереше, ќе му извадеше и втор жолт.