Во 3. коло од квалификациите за Светско првенство 2026, Аргентина со 1-0 го совлада Парагвај со гол на Николас Отаменди уште во 3’ минута. После неколку дневна пауза поради повреда, на терен се врати и Лео Меси кој синоќа влезе од клупа за резерви. При една расправија со Лионел, парагвајскиот шпиц Антонио Санабрија кој потекнува од школата на Барселона а кој неколку сезони игра за Торино, плукна во правец кон Меси со очигледна намера.