Фудбал

Сите киксови на Онана кои изгледа не ги виделе на Олд Трафорд

Манчестер Јунајтед му плати на Интер 50+ милиони евра за камерунскиот голман Андре Онана кој се сели на „Олд Трафорд“. Договорот му е до 2028-ма година. Во дресот на Интер на 41 меч прими 31 гол и на 19 натпревари ја сочувал мрежата. Ама има и слаби страни.

МЛС го пречека Бускетс со слика од Арбелоа

Синоќа во Мајами клубот Интер ги претставил двете најголеми засилувања, Лионел Меси и Серхио Бускетс, двајца другари уште од Барселона. Па и админот на МЛС лигата на Твитер да не остане покус, да го промовира Бускетс, објавил слика од Алваро Арбелоа. Му личел на Бускетс.

Најскапо платени играчи во историјата, меѓу нив и Мегваер

Летово 2023 на листата Топ 20 најскапо платени фудбалери во историјата влегоа две нови имиња. Џуд Белингем кој дојде за астрономска сума во Реал Мадрид „падна“ од 13. на 14. место а место меѓу најскапо платените добива и Деклан Рајс кој оди во Арсенал за страшни 116,6 милиони евра!

Меси претставен во Мајами, полн стадион дојден за него на дожд

Интер Мајами за кратко време го прошири капацитетот на својот стадион кој собира 18.000 гледачи и се спреми за промоцијата на Лионел Меси и Серхио Бускетс, двајцата добри другари уште од Барселона. На Флорида врнело дожд вечерта но тоа не ги спречило илјадниците навивачи да дојдат да го поздрават големиот Лео.

Спектакл на Монументал, Ривер славеше титула

По 38-ми пат во својата историја Ривер Плејт, славниот клуб од Буенос Аирес е шампион на Аргентина. По заминувањето на врвниот тренер Марсело Гаљардо кој им донесе неколку трофеи, сите очекуваа благ пад на екипата, но Мартин Демикелис докажа дека е способен да стигне до нова титула. На 3 кола пред крајот од првенството, Ривер прослави шампионско одличје на меч со Естудиантес Ла Плата пред 80.000 свои навивачи.

Мајсторија на Барди од слободен

Турските суперлигаши на големо се подготвуваат за стартот на новата сезона. Така Трабзонспор на нашиот Енис Барди одигра пријателски меч против унгарски Фехервар кој заврши 2:2. Вториот гол за турскиот тим е дело на македонскиот репрезентативец од слободен удар.

Првпат во 45 години во Милан нема да има никој од династија Малдини

Навивачите на Милан бурно реагираа на веста дека претседателот на клубот Кардинале со соработниците решиле да им врачат отказ на техничкиот и спортски директор Паоло Малдини и Масара, тандем најзаслужен што росонерите полека се вратија на најголема сцена.

Хари Кејн во емисија јадеше крилца со оган лути сосови

Најдобриот англиски центарфор и капитен на репрезентацијата на Англија, деновиве чека екстремно голем трансфер вреден преку 100 милиони евра. За него најзаинтересирани се ПСЖ и Баерн Минхен и останува да се види каде ќе продолжи. Додека биде трансферот, тој во студио пробуваше крилца со разни лути сосови.

Дедо Јирген Клоп

Германскиот тренер по враќање од одмор, за клупскиот тв канал на Ливерпул раскажал дека станал дедо и дека тоа е најсреќна вест за него во последните 30 години. Неговиот посинок Денис станал татко.

Центрирал или шутирал, еврогол е еврогол

Во реванш меч од 1/4 финале на Куп на Бразил, во дербито Сао Пауло на гости со 1-2 го совлада вечниот ривал Палмеираш. Домаќините први поведоа во 34’ минута но во вториот дел примиле два гола па гостите со вкупен резултат 1-3 одат во полуфинале. Муабетот ни беше за голот на Уругваецот Хоакин Пикерез од Палмеираш.

Најубава промоција на нов дрес стигнува од холандското градче Волендам

Летово јавноста гледа разни претставувања на новите дресови за новата сезона во разни првенства. Има секакви идеи, а најинтересна е онаа од холандски Волендам. Рибарско градче со 22.000 жители, излегува на езерото Маркермер во кое истоимениот фудбалски клуб реши да се пофали со јагулата како симбол на клубот.

Претседателот на Баерн инкогнито пазари во фан-шопот, за да го провери квалитетот

Интересна вест од баварскиот гигант. Почесниот претседател на клубот Ули Хенес таинствено купува разни работи од официјалните клупски продавници и од некои не бил задоволен.

Волеј за десерт - евроголот на месецот доаѓа од МЛС

Во 22. коло од МЛС, Сан Хозе со 2-0 го совлада Сиетл. Вториот погодок за потврда на победата беше дело на Мигел Траухо. Голчиште на волеј.

Две минути врвна драма во бразилскиот Куп

Во 1/4 финале од Купот на Бразил, Гремио во реваншот одигра 1-1 со Баија. Првиот меч завршил исто 1-1 па се преминало на пенал серија во која подобар бил домаќинот со 4-3 и оди во полуфинале. Ама последните две минути од натпреварот биле врвни.

Може ли да те замолам?

Најтрофејниот европски стратег Жељко Обрадовиќ е прав магнет за големите играчи кои сакаат да играат за него. Така Американецот Зек Ледеј, еден од најважните кошаркари на Партизан откри како знае дека нешто згрешил на теренот.

Меси мислеше дека ќе најде дерман во Мајами

По болниот раскин со Барселона и авантурата во Париз, Лионел Меси реши, по сопствено признание да отиде во средина каде ќе има повеќе мир и спокој за него и неговото семејство. Во САД претходно такво нешто наоѓаа Руни, Бекам, Гвардиола, Џерард, но не и Лео.

Камп Ноу разрушен

Градежните работи на еден од најубавите фудбалски храмови на светот на големо траат веќе неколку недели. Дел од горниот прстен е веќе соголен и глетките се грди, но се спрема стадионот да облече ново руво за од 2025-та да блесне во прав сјај.

Арда Ѓулер почна да прави шоу во Реал

Врвниот турски талент кој пред неколку дена од Фенербахче премина во Реал Мадрид, веќе почна да го демонстрира својот раскошен талент со топка.

Како Роналдо, Бензема и другите ѕвезди го објаснија изборот да одат во С. Арабија?

Секојдневно излегуваат нови вести за силни трансфери во фудбалските клубови во Саудиска Арабија. Привлечени од мегаломански договори, многу познати фудбалери од Европа се селат во далечната земја. Сите имаат различни објаснувања за изборот.

Се гледал секаков фудбал, на дожд, на горештини, а на земјотрес?

Во Јужна Азија се играло фудбал за време на поројни дождови и невремиња, на Блискиот Исток се играло и на 40-50 степени. Ама досега фудбал за време на земјотрес со јачина од 5,6 степени по Рихтер не сме виделе. Во Јужна Америка страста за топката е посилна и од земјотрес, па така коментаторите низ насмевка констатираа дека се тресе земја, се тресат трибини, се тресат камери, а навивачите пееја некоја шегобијна песна за земјотрес.

Фото на денот

Како и во секој преоден рок во изминатите 5-6 години, така и сега Хари Кејн, најдобриот англиски центарфор е во центар на внимание. Дали ќе си оди од Тотенхем или ќе остане да работи со новиот тренер Постекоглу.

Сити на 102-годишен навивач му ги донесе сите три најважни пехари

Во сè потопло лето кога кулминира трансфер преодниот рок, од Манчестер наместо за нови астрономски засилувања, ни стигнува една убава приказна. Сити решил да направи мала тура на своите три пехари од историската тројна круна и да ги однесе на гости кај свои верни навивачи.

Образот не се купува - играч од втора лига одбил да игра во Лига на шампиони

Жесик Нганкам е еден од најдобрите фудбалери на германска Херт. Тој игра како центарфор а откако клубот од Берлин испадна во втора лига, добил неколку богати понуди да продолжи во елитната Бундеслига и да игра еврокупови. Решил да ги одбие.

Новиот тренинг центар на ПСЖ е од друга планета

Со 11 освоени титули од кои 8 во последните 9 години, Пари Сен Жермен е најтрофејниот клуб во француската Лига 1. Под водство на шеиците од Катар, парискиот клуб стана современ гигант кој има неверојатни услови.