Фудбал

Осимен си поигра со топката во шеснаесетникот на Рома

Со триумфот над Рома од 2:1, Наполи со +13 пред вториот, ита кон титулата за која сонува 33 години, а за стрелец број 1 сезонава се наметнува 70 милионската инвестиција од Лил, Виктор Осимен. Нигериецот е прв со фантастични 14 гола на 16 средби. Ова му е дефинитивно еден од најубавите голови откако летото 2020-та пристигна на Сан Паоло.

Атрактивен погодок на Барди со глава

Актуелниот турски шампион Трабзонспор беше поразен на гостувањето кај Хатаиспор денеска откако прво Енис Барди во 9-та минута со прекрасен лоб со глава ги донесе гостите во водство, но за само две минути во вториот дел домаќинот направи пресврт за победа 2-1.

Интересен гол на Ристовски за Динамо

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација на одличен начин ја стартуваше втората полусезона во хрватската лига откако беше стрелец во победата на Динамо над Локомотива Загреб. Рики погоди во 59' минута откако прво негов шут со глава заврши во пречката а тој беше најспретен на одбиената топка за водство од 1-0.

Како Џаро во класичен пазарџиски стил ја смирил тензијата меѓу Комити и Шверцери?

„Подобро да играме на наместени утакмици, отколку да има клање меѓу навивачите“, гласи тезата на легендарниот Џаро. Остај тоа, него ќе каже и кој е крив за најславното скандирање за Ѕинго.

Супер мадридско дерби, продолженија и пресврт на Реал над Атлетико

Во големото дерби на Мадрид, во рамки на 1/4 финале на шпанскиот Копа дел Реј, Реал на својот „Сантијаго Бернабеу“ прв прими гол, но подоцна израмни и се избори за продолженија и на крај го скрши Атлетико Мадрид.

Апсурд на сезоната во Англија, на погрешен играч му дадоа црвен картон

На мечот од Лига 1 меѓу Болтон и Форест Грин Роверс кој заврши 1:0, се случи една од најголемите неправди. 27 годишниот напаѓач Дион Чарлс ги реши гостите со гол во 6 минута, ама ни крив ни должен одигра само 28 минути.

Легендата слави роденден - 60 полни Жозе Мурињо

Легендарниот португалски тренер минатата сезона оствари уникатно достигнување откако го освои трофејот во Лига Конференции со Рома и така ги заокружи сите највредни пехари во најголемите европски турнири.

Жив ѕид на колото - топ не ги бие

Патросинензе - Крузеиро, меч од бразилското првенство Минеирао. Гостите едвај победија 1-2. Во последните секунди од мечот имаше шоу. Жив ѕид кој не го пробива ни топ.

Зошто овој термин е толку употребуван во фудбалот?

Сократ, Платон, Хегел, Ниче не го употребувале овој збор колку што го употребуваат Жозе Мурињо, Тен Хаг, Филип Коку, Гвардиола, Клоп, сер Алекс Фергусон и многу други тренери на дневна база. Многу го сакаат. Што ли е работата?

Велемајсторија во Бундеслига која секогаш ќе асоцира на Ибра

17. коло во германскиот фудбалски шампионат донесе многу јаки голчишта. Еден ден после проектилот на Кимих, Мергим Бериша од Аугзбург му донесе победа на својот тим против Борусија Менхенгладбах со потег за почит.

Најсмешен трансфер зимава - од медицински прегледи и сликање во Евертон, потпиша во Тотенхем

Крајот на маките за Евертон не се гледа. Откако го отпуштија Франк Лампард со кого играа очајно, три месеци немаа победа и паднаа на самото дно во Премиер лига, сега се соочија и со нова непријатност.

Суарез ги фрли во транс Бразилците со мајсторски гол во 90-та минута вреден победа

Луис Суарез бележи бомбастичен старт во дресот на Гремио. Го совладаа Бразил де Пелотас 1:0, откако уругвајскиот напаѓач им продаде финта и искуство во шеснаесетник и тоа во последната минута. Ова е негов петти гол на првите три средби одиграни за 8 дена.

Баерн нека го затвори конкурсот за гол на сезоната

Шампионот на Германија за влакно не се посрамоти дома од Келн, кој 86 минути имаше водство на Алијанц арена од 0:1. Џошуа Кимих се избори за бод во финишот на спектакуларен начин. По 17 кола Баварците се први со +4 од Лајпциг.

Гвардиола во 1 минута објаснува како најопасно да нападнеш

Човекот со 32 трофеи, освоени за 14 години, кој е препознатлив по пас играта, објаснува зошто е подобро тимот да напаѓа по средина отколку странично.

Милан доби пенал после неверојатно аматерска грешка

На првенствен меч меѓу младинците на Милан и Верона, кои се борат еден ден да стигнат до Серија А, се случи кикс кој не проаѓа ниту на маалски турнир. Еден од гостите во обид да ја изведе, ја намести топката со рака откако веќе тоа го направи голманот.

Мбапе му даде пет гола на шестолигаш за кој игра водачот на навивачите на ПСЖ

Во Франција се одигра Куп натпревар во кој се случи една необична средба, можеби невидена во светот на фудбалот. Се судрија еден од најдобрите играчи на планетата против негов навивач кој внимавал да не го повреди.

Луциден потег на најбараниот млад фудбалер

Борусија Дортмунд важи за расадник на таленти. После Ерлинг Халанд кого го продадоа за вреќи пари, сега на ред е англискиот репрезентативец, чудесниот Џуд Билингем кој го најдоа на само 16 години во Бирмингем. Веќе некое време Билингем е главен играч во тимот. Во неделата постигна гол, асистираше во триумфот 4:3 над Аугзбург а го имаше и дриблингот на мечот.

Во ракомет викендов видовме син картон, а па во фудбал бел

Ракометар на САД се истакна со идиотски потез во стилот на Суарез едно време и после црвениот картон, доби и син како дополнителна казна на Светското. Во Португалија пак на фудбалско дерби, судијата извади бел како еден вид награда. Од каде па сега ова?

10 факти за одличната сезона на Њукасл кој брка Лига на шампиони

На крајот од декември тренерот на Њукасл, Еди Хау изјави: „Сè е во наши раце. Не сомневам дека вториот дел од сезоната ќе биде потежок, но тоа е нормално. Сигурни сме во себе и спремни за предизвиците.“ Њукасл се бори за самиот врв со гигантите и тоа е најголемо изненадување на сезоната.

Првиот настап на Роналдо на Мрсол Парк е пред да заигра во Саудиска Арабија

Арапската јавност и општо сите фанови на Роналдо, го дочекаа викендов дебито за Ал Наср. Тоа беше прв меч за новиот клуб, но не и прв на нивниот стадион. Има одиграно и едно финале.

Чудото Ериксен: Едвај преживеа на Европско првенство, сега е клучен играч на Манчестер Јунајтед

Под водство на холандскиот стратег Ерик тен Хаг, Манчестер Јунајтед победи на 7 од 8 натпревари после Светското првенство, го урна и силниот градски ривал Сити во дербито со 2:1 и немаше пораз во Премиер лига дури од 6-ти ноември.

Чуден подарок од Анчелоти за спомен

Реал Мадрид го преброди тешкото гостување во Билбао и со 0-2 го победи Атлетик. Со овој триумф „кралевите“ ја продолжија трката за титула со Барселона која им бега три бода. На крајот од мечот Карло Анчелоти во ситуација кога нема дрес, шорцеви, шал или капа, на еден гледач му ја подарил мастиката на негово барање.

Каква голчина падна во Шпанија, школски ножички за еврогол

Во шпанската втора лига Сегунда, Уеска и Овиедо ремизираа 1-1. Гостите поведоа во 39’ минута од пенал, а домашните израмнија по невозможните „маказици“ на Хорхе Пулидо. Ремек дело во стилот на Бразилецот Пеле.

Што е со потегов на Мартин Одегард?

Беше помпезно најавен уште како тинејџер во Реал Мадрид, но се пронајде екстра во Арсенал кој го доби големото дерби против Манчестер Јунајтед со 3:2. Погледнете ја масторијава на 24 годишниот Норвежанец во стилот на Меси. Толку е ова брзо, што бара рипит повеќе пати, за да сфатите како го изведе.