Фудбал

Снимка од местото каде бил пронајден Атсу, се слушале уште гласови

Како што пишува турскиот Ајанаспор, Кристијан Атсу е изваден од под рушевините од каде се слушале и гласови на многу други луѓе меѓу кои и на извесен ракометар Џемал Кутајали и Танер Савут, спортскиот директор на Хатајспор чиј член е и Ганецот Атсу.

Спасен фудбалерот кој бил заглавен под урнатини од земјотресот

Во разорниот земјотрес во Турција и Сирија животот го загубиле неколку илјади луѓе а повредени се илјадници. Една од првите вести кои стигнаа е дека еден фудбалер кој порано беше член на Челси, Њукасл и Порто, се наоѓа под рушевините. Синоќа се појави информација дека Кристијан Атсу, играчот на клубот Хатаиспор бил пронајден и спасен жив. Имал повреда на десната нога и отежнато дишење.

Волкан Демирел: Ве молам праќајте ги сите ресурси, луѓе умираат

Легендарниот голман на Фенербахче и селекцијата на Турција, кој сега е тренер на Хатајспор, моли за помош и преку видео порака објаснува дека ситуацијата по земјотресот е многу лоша. Демирел се наоѓа во градот Хатај кај границата со Сирија, односно во близина на епицентарот.

Македонски фудбалер добил слободни денови и ги избегнал страшните земјотреси во Турција

Во два разорни земјотреси во реонот близу турско-сириската граница загинале повеќе од 1.700 лица, а има и илјадници повредени. Во рушевините се наоѓа и поранешен фудбалер на Челси, Порто и Њукасл, репрезентативецот на Гана Кристијан Атсу по кого уште траела потрагата.

Голем удар за Манчестер Сити, обвинет е за повеќе од 100 прекршувања на финансискиот фер плеј

Актуелниот шампион на Англија е во голема каша. Во игра се одземање бодови, па дури и исфрлање од Премиер лигата.

Чудесен гол на детето ѕвезда во Баерн Минхен

Џамал Мусиала има 19 години. Роден е на 26. февруари 2003-та година во Штутгарт.  Има и англиско потекло, едно време бил во академиите на Саутемптон и Челси. Во јули 2019-та доаѓа во Баерн Минхен кој за него плаќа 200.000 евра. Џамал Мусиала денес е прв шпиц на Баерн и на Германија, вреди 100 милиони евра и на 18 години има 19 гола на 27 натпревари сезонава во сите натпреварувања.

Лоб и еврогол на колото падна во Шкотска

Во Шкотска сè е во нормална ситуација. Селтик е прв, Ренџерс втор со девет бода помалку и тие два тима стандардно се борат за титулата. Миовски растура со голови. Трет е Хартс кој викендов дома губел 0-1 од последнопласираниот Данди Јунајтед. Губеле уште од 9-та до 71-ва минута но на крај Хартс направил пресврт и победил 3-1. Последниот гол на мечот го дал Стивен Хамфрис во 90+8’ минута.

Факт на денот

Легендарниот Јапонец Казујоши Миура е роден 1967-ма, постар е и од ПСЖ. Кариерата ја почнува во 1986-та во Сантос и заигрува во Бразил, Јапонија, Италија, Хрватска и Австралија. Знаете што ново? За 20 дена полни 56 години и уште игра фудбал. На истекот на јануарскиот преоден рок замина на позајмица во второлигашот Оливеиренсе. Чудесија од човек кој изгледа планира копачките да ги соблече на 64 и од таму директ во пензински фонд.

Кај му даде толкав лист, тој во школо не читал толку

Не важи веќе непишаното правило кога губи Реал губи и Барселона. Мадриѓаните изгубија 1-0 од Мајорка на гости, а Барселона искористи кикс на Реал, со 3-0 ја прегази Севиља и се одлепи на +8 поени на табелата. Во еден момент од мечот на „Камп Ноу“ гостинскиот тренер Хорхе Сампаоли му дал лист со инструкции на Жоан Жордан кој цели две минути трчал со листот во рака.

Осимен погоди млада девојка, па се качи на трибина да се извини

Наполи со 0-3 ја растури Специја. Два гола постигна Виктор Осимен со што е убедливо прв стрелец во Серија А со 16 гола, а Наполитанците се убедливо први на табела. Интересно, на загревање пред мечот Нигериецот силно со топка погодил една девојка која стоела меѓу навивачите на домашниот тим зад голот. Тој веднаш притрчал, се качил и ѝ се извинил.

Хари Кејн - Еднаш топџија, засекогаш топџија

Арсенал го бележи првиот пораз во Премиер лига после оној од Манчестер Јунајтед на 4 септември. Но останува лидер на 5+ пред Сити и со меч помалку. Благодарам треба да му каже на Хари Кејн кој со погодок во 15-та минута ги реши граѓаните и испиша историја за Тотенхем.

Лука Јовиќ со дефанзивна интервенција на кариерата

На српскиот центарфор не му оди во напад сезонава и има само 3 гола на 19 настапи во Серија А. Ама затоа погледнете го како одигра во одбрана на мечот против Болоња, која сепак собра драгоцени 3 бода во Фиренца.

Миовски растура во Шкотска, викендов удри со два гола

Бојан Миовски потврди повеќе пати дека има убиствен голгетерски инстинкт, кој се надеваме дека што повеќе ќе го демонстрира и за репрезентација. Абердин го совлада Мадервел со 3:1, а македонскиот репрезентативец на два пати реагираше фантастично во шеснаесетник. Сега има 14 погодоци и е трет стрелец во Шкотска. Првиот му бега со 4 гола.

Најлудата тројна одбрана на сезоната, како октопод

Ако ФИФА или УЕФА планира да воведе и „одбрана на сезоната“ нека почне со Гуљиелмо Викарио од Емполи. Ова што го изрежира против Рома е за медал.

Ненормална реакција на тренерот на Јувентус

После цела бура која уште ги погаѓа, фудбалерите на Јувентус се издигнаа макар за момент и со 1:0 го совладаа Лацио во Купот на Италија со што се пласираа во полуфиналето. Единствениот гол на мечот го даде Бразилецот Бремер, а тренерот Макс Алегри беше бесен со Ди Марија по едно непромислено додавање во контра.

Кои трансфери се сомнителни во Јувентус, но и во Интер, Милан, Наполи, Лил?

Од 62 трансфери кои предизвикуваат сомнеж кај италијанската федерација и органите на прогонот, дури 42 ги извршил Јувентус. Кјелини за време на короната наводно договорил пари под маса за цел тим, а Де Лихт и Де Шиљо испраќале скриншотови од разговори во полиција и обвинителство.

Мајсторското додавање на Бруно Фернандеш кој објаснува од кој професор го научил

Рикардо Кварезма кој се пензионираше лани во дресот на Виториа Гимараеш на 39 години, е поим за секогаш атрактивниот надворешен фелш. Прекрасниот мајсторлук оди во наследство кај неговиот сонародник од Манчестер Јунајтед кој знае често и многу корисно да го употреби.

Бензема е Роналдо во Реал Мадрид

Откако Кристијано си замина од Бернабеу има постигнато 128 голови, а Карим 144. Човекот се препороди изминативе 5 сезони и остај фантастичната реализација, туку и игра за тимот, работи на терен, ги мотивира, проигрува, а на моменти воодушевува и со атракции. Штета што не влезе овој удар на Асенсио.

Асенсио го има голот на сезоната за Реал Мадрид

Разликата меѓу Барса и Реал се врати на 5 бода благодарение на Асенсио и Винисиус кои ја решија Валенсија за три минути. Бернабеу уживаше во евроголот на Марко кој испука бомба која никој не ја очекуваше. Голманот не мрдна.

Кифла каква што голман не може да одбрани

Во рамки од купот на Аргентина, Дефенса и Хустисија го победи Итузаинго со 3:2. Николас Фернандез дал два гола за домашните од кои едниот конкурира за гол на месецот.

Кога на верноста и срцето ќе им застанат на пат 120 милиони евра

Енцо Фернандез, еден од протагонистите на светскиот првак Аргентина на Мундијалот во Катар, во јули 2022-ра направи трансфер од Ривер Плејт во Бенфика за 14 милиони евра. Осум месеци подоцна португалскиот тим од 22 годишниот играч од среден ред, извади рекордни 120 милиони евра за Премиер лигата кои ги исплати Челси. 30 милиони евра од таа сума оди во Ривер.

Генијални асистенции на Чупо Мотинг и новото засилување Кансело

По килавиот јануарски старт со три ремија од по 1:1, Баерн конечно се израдува на победа во 2023-та. Ерик Максим Чупо Мотинг изведе асистенција која му ја споредуваат со потезите на Јохан Кројф.

Првпат во кариера - Мбапе промаши два пенали и чист зицер од одбиена

Неверојатниот Килијан кој во драматична завршница на едно финале на Светско првенство ладнокрвно шутираше два пенали и двата ги погоди против Аргентина, овојпат не можеше да го скроти голманот на Монпеље, Бенјамин Лекомте. Во 10’ минута од дуелот на ПСЖ на гости, Парижаните добија пенал. Голманот му одбрани на Мбапе а судијата процени дека Лекомте прерано излегол од цртата и соиграчи влегле предвреме, па му даде нова шанса на Килијан.