Фудбал

Елмас си го бара назад голот кој му е ремек дело

УЕФА го издвои голчиштето на Елмас против Лихтенштајн на социјалните мрежи, но доби и коментар од авторот на мајсторијата, која од нејасни причини му беше препишана на голманот како автогол.

Писмо на читател кој изненади со Шекуларац

Неговата независна забелешка е дека во најдобриот фудбалски тим во Македонија треба да има место за Драгослав Шекуларац, кој, запомнете е роден во Штип, а неговата мајка е Македонка.

Ламин Јамал: „Сме спиеле во кујна, штом заработив ѝ реков на мајка ми да бира куќа“

Најголемата ѕвезда на Барселона и легитимен наследник на вечниот Лионел Меси на „Камп Ноу“, младиот Ламин Јамал вели за својата мајка дека „е негова кралица и дека е она што секое дете може да посака“. Раскажал и како се чувствувал кога татко му го избоделе на улица.

За ФК Вардар и страста кон фудбалот со која живеел Скопје во 1987

За тоа колку бил силен Вардар во времето на Дарко Панчев, внимавајте на следниов податок: Во пет сезони (1983-1988), Вардар дома на 85 првенствени натпревари во времето на Југославија, имал само 5 порази. Јужна крцала, кафаните полни пред натпревар. Главна тема на муабет бил Вардар.

Голема новост од УЕФА со ново правило во Лига на шампиони

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) на неколку дена пред стартот на новата сезона во Лига на шампиони, Лига Европа и Конференциска лига, објави дека воведува ново правило кое ќе им олесни на екипите.

Онана по турските вилаети

Манчестер Јунајтед конечно се ратиса од голманот кој им кинеше живци на навивачите. Андре Онана отиде во Трабзонспор во Турција а таму му снимија и интересно видео по турските вилаети.

Изненадувања за 40-от роденден на Модриќ, пораки од Ибра и Ѓоковиќ

Хрватскиот маестро кој остави зад себе историја во Реал, тешка за повторување, наполни 40 години. Милан му го разубави со торта, но и со изненадувачко видео. Тој има само една желба, а тоа е трофеј со новите соиграчи.

Бразилско навивачко шоу

Во реваншот од четвртфиналето на Купот на Бразил, Коринтијанс повторно го победил Атлетико Параненсе со 2-0 и со вкупни 3-0 оди во полуфинале. Домашната публика покажа зошто важи за една од најжестоките во Бразил.

Кавани спасил живот на ќерка на новинар

Напаѓачот на Бока Јуниорс ја покажа својата најдобра страна. Интервенирал за многу скапа операција, која била клучна да преживее дете.

Нереално

Реакцијата на турскиот коментатор е врв.

Да си немаш работа со Шпанците кога ќе им тргне

Шпанија едноставно ја крие топката. Тоа како да им остана во наследство од Чави, Иниеста и бандата. Погледнете колку течно, умешно и атрактивно умеат да играат во напад. Турците шест пати ја вадеа топката од мрежа.

Избрани најдобрите 11 во историјата на Црвена Ѕвезда со Панчев во напад

Асови на Ѕвезда и Партизан учествуваа во голема анкета на Моцарт Спорт и ги избраа идеалните 11 на сите времиња на двете најголеми српски екипи, по повод нивниот јубилеј.

Онана со мотор-такси се вози во Камерун

Голманот на Манчестер Јунајтед имаше уште едно бледо издание, овојпат во поразот на неговиот Камерун на гости кај Зеленортски Острови каде изгубија 1-0. Онана беше делумно крив за голот затоа што не истрча воопшто од својот гол и чекаше на своја линија. По враќањето во земјата, се возел скриен на мотор во родниот град Јаунде до дома.

Евроголот на Кремонезе против Милан е бр.1 на месецот

Во првото коло од новата сезона во италијанска Серија А, малку познатиот Кремонезе кој се врати во најдобрата лига од Серија Б, го совлада Милан на гости 1-2. При нерешен резултат 1-1, шпицот Федерико Бонацоли постигна спектакуларен погодок кој е избран за гол на месецот во Серија А.

Јак мајтап на сметка на Пикси

Драган Стојковиќ Пикси сè повеќе ја губи поддршката од фудбалската јавност и навивачите во Србија. Му ја честитаа првата петка во школо и потсетија што зборуваше пред да ја преземе репрезентацијата. Дека морало сите да го сакаат за да стане селектор. Колку големо его и суета се кријат во овој човек.

Бекам раскажа за првиот ден во Реал и мајтапот од Роналдо

Многу симпатичен расказ од најголемиот мангуп меѓу фудбалерите. Бекс кажува како бил нервозен кога дошол првиот ден во Реал Мадрид, имал трема, раце му се потеле. И почнале еден по еден да доаѓаат Фиго, Карлос, Зидан, и најголемиот меѓу нив Бразилецот Роналдо.

Фудбалскиот празник во Битола низ објективот на ФФМ

Стадионот Тумбе кафе или Петар Милошевски конечно блесна под рефлектори со репрезентативен фудбал и тоа против силен противник. Младинската селекција на Македонија загуби од Италија со 0:1. Битола како фудбалски град вака го личи.

Онана линијаш

Камерун претрпе пораз од директниот ривал за првото место во групата Д од африканските квалификации за Светско првенство, Зеленортски Острови кои славеа 1-0. Голот на Дејлон Ливраменто во 54' минута оди на душа на голманот Андре Онана кој долго стоеше залепен на линијата и не истрча да проба да му го скрати аголот на стрелецот на голот. После мечот Онана силно оттурнал и еден навивач кој сакал да се слика со него.

Поголема клупска пауза, подолг репрезентативен фудбал од 2026-та

Навивачите кои повеќе преферираат клупски фудбал и кои едвај чекаат да завршат репрезентациите, од наредна година ќе мора да се навикнат на промени кои нема да им прават ќеиф.

Македонија го обедини спортскиот Балкан, говорници Пандев, Мијатовиќ и други

Под мотото „Спортот како национален идентитет и визија за иднината“, денеска во Скопје беше отворен Регионалниот спортски самит „Скопје 2025“, што се одржува под покровителство на Министерството за спорт на Република Македонија.

Со фудбал до мир: Легендарниот Гус Хидинк предлага идеја за прекин на војната во Украина

Легендарниот холандски тренер Гус Хидинк кој во кариерата ги водеше ПСВ Ајндховен, Фенербахче, Валенсија, Холандија, Реал Мадрид, Бетис, Јужна Кореја, Австралија, Русија, Челси, Турција и други репрезентации, дал интересен предлог за најголемиот руски спортски канал Матч ТВ.

Унгарците аплаудираа во 21 минута во чест на Жота ама и поведоа

Два и кусур месеци после кобната несреќа, фудбалскиот свет не го заборава Диого Жота. Португалија синоќа и гостуваше на Унгарија во квалификациите за СП, а домашните навивачи со аплауз во 21 минута му оддадоа почит на фудбалерот кој го носеше дресот со број 21. И додека траеа аплаузите падна гол.

Роналдо и Собослаи - некогаш и сега

Дваесет и четири годишниот фудбалер на Ливерпул и најдобар унгарски фудбалер Доминик Собослаи, на времето во 2009-та година, пред 16 години бил едно од децата кое ги придружувале фудбалерите на Унгарија и Португалија за време на еден нивен дуел. Собослаи неколку пати кажал дека фудбалски идол му бил Кристијано Роналдо. Синоќа си ги поделија грбовите на своите репрезентации на дуел од квалификациите за Светско првенство.

Што проектил ќе беше ова?

Египет го совлада Тунис со 1:0 во пријателски меч од кој веројатно го имаме најлудиот гол од овој период на репрезентативен фудбал. Отпадот кој го претвори во бомба се вика Јехиа Закариа.