Фудбал

ФИФА има ново правило за повредени играчи

Играчите кои ќе добијат третман од докторите и физиотерапевтите на терен, би можеле во иднина да мораат да останат надвор од теренот уште една минута, планира ФИФА во новото правило кое треба да се изгласа за некој ден.

Конфузна сцена во Турција со две топки

Фенербахче и Касимпаша одиграа натпревар со драматична завршница кој заврши 1:1. Головите паднаа во 95-та и 101-ва минута. Ама пазете го моментов со две топки. Едната тргна да излегува ама имаше ефе и се врати во игра. За тоа време играч на Фенербахче изведе аут со друга топка. Судијата сепак ја призна првата.

Што ќе каже Роналдињо на ова?

Деон Хото од Намибија, кој игра за јужноафриканскиот клуб Орландо Пајратс извади посебен потег во игра еден на еден. Ова е друга димензија на дриблање. Лудница.

Топ во трета шпанска лига

Понтеведра и Луго одиграа 1-1 во 25. коло од шпанската трета лига а голем бод за гостите кои играа со играч помалку донесе 30-годишниот Аргентинец Николас Рениеро со топовски удар по средина од голот.

Асенсио со мајсторија во 95-та го фрли во транс цел стадион и пак не победија

Турска понеделничка драма во 23. коло во режија на Фенербахче и Касимпаша. Големиот фаворит одигра само 1:1 против гостинот кој се бори за опстанок и испушти шанса да се израмни со Галатасарај кој е прв на +2 бода. Марко Асенсио реагираше фантастично на волеј во 95-та минута, за израмнувањето стигна дури во 101-ва минута.

Голот на Шешко снимен од гостинска трибина

Словенечкиот центарфор станува златен џокер на Манчестер Јунајтед кој игра како препороден со новиот привремен тренер Мајкл Карик. Синоќа го совладаа Евертон на гости 0-1 а џокер како и против Фулам пред неколку дена беше Бенџамин Шешко.

Голман во Турција погоди галеб, па му правеа реанимација

Вештачката интелигенција (АИ) почна да ни ги буричка работите на интернет, па да се преиспитуваме. Ама ова е реална сцена и се случува во аматерски фудбал во Турција. Уште вакво нешто немавме видено на фудбалски натпревар. Изгледа го спасија.

Пенал каков што не се видел досега

Во Националната лига на Англија, петта лига во хиерархијата, на дуел меѓу Рочдејл и Скантроп кој завршил 1-1 се случил чуден настан. Рочдејл добил пенал, Емануел Дизерув тргнал да го изведе ама нешто се попишманил при залетот и се врати назад. Голманот си ја собра топката а судијата досуди дека играчот на Рочдејл играл со топката и свирна фаул за гостите.

Најјакиот гол со рака го има дадено Оливер Кан

Заборавете ја божјата рака на Марадона и сите други голови во фудбал постигнати со рака. Одиме во Бундеслигата, сезона 2000/2001. Баерн се обидува да се спаси од пораз од Ханза Рошток, ама очајно со помош на легендарниот Оливер Кан. Не паметиме некој друг голман да имал ваков обид и реализација. Па уште и се бунеа Куфур и Јанкер кај судијата за картонот. Комедии.

Еден од најсмешните жолти картони некогаш покажани

Марк Јозвијак, полски фудбалер, на времето како член на Легија Варшава доби смешен жолт картон. Дресот му беше толку извалкан со кал што бројката не се гледаше.

Од кај ја извади левицава бе дете?

Мечот Барселона - Леванте (3:0) ја изведи една од најјаките одбрани сезонава во Ла Лига, ама и еден од најјаките голови. Погледнете го проектилов на Фермин Лопез. Бомба.

Кадар на колото со Таре и Златан

После одличен прв дел од сезоната во кој се бркаа со градските ривали, а едно време беа и први, фудбалерите на Милан поткленаа и сега се на -10 од Интер. Врзаа низа на слаби резултати во 2026-та, како на пример четири меча со резултат 1:1. Синоќа загубија дома од Парма. Погледнете каков кадар фати снимателот.

Ненормален слободен удар на Штах од Лидс Јунајтед

Астон Вила и Лидс Јунајтед одиграа 1-1 и поделија по бод во 27. коло од Премиер лигата. Гостите први поведоа на „Вила Парк“ со страшен гол на повремениот германски репрезентативец Антон Штах кој игра во среден ред. Најубав гол на колото во ПЛ.

Одбрана на сезоната во Ла Лига, бетонирајте ја на најавни шпици

Барселона го совлада Леванте со 3:0 и пак е прва поради киксот на Реал. Погледнете го ремек делово на Метју Рајан, 33 годишен голман и капитен на Австралија со 101 настап. Страшна интервенција и тоа двојна.

Бразилец во Мексико поднесе кандидатура за Пушкаш наградата

Тигре водеше 1:0 против Пачука во мексиканското првенство. Гостите израмнија во 79-та минута, а за комплетен пресврт се погрижи Кенеди во 88 минута со спектакуларна завршница.

Славниот Роберто Розети гостин во Македонија на покана на ФФМ

„Безбедноста на играчите останува цел број 1 на УЕФА во судењето. Ќе продолжиме да бидеме строги. Фокусот секогаш е на заштита на играчите“, изјави шефот на УЕФА за судење, Роберто Розети.

Мајсторија на Трајковски од слободен удар

Македонските интернационалци се расположение за голови викендов. Стефан Ристовски и Агон Елези стрелаа во БиХ, Александар Трајковски во Хрватска. Локомотива Загреб го доби Осијек со 3:1, точка на мечот стави Трајковски со прекрасен гол во 83. минута.

Ристовски и Елези голгетерски во дресот на Сараево

Стефан Ристовски и Агон Елези стрелаа за Сараево во 22. коло од босанскиот фудбалски шампионат. Македонските интернационалци го решија Посушје во рок од 18 минути. Ристовски го отвори резултатот во 15-та, а Елези зголеми на 2:0 во 33 минута.

Свесен си дека ги пензионираше така?

Нека ги извади тренерот и двајцата од игра, бидејќи ќе страдаат од кичма и колено, но и моралот ќе им падне после ова.

Утепа ли се бато?

Неемијас Кета од Бостон Селтикс преживеа, да не се секирате.

Денеска требаше да наполни 57

Синиша Михајловиќ (20.2.1969 - 16.12.2022)

Ремек делото на вечерта дојде од мајсторот од Фиренца

Фиорентина заврши голема работа околу пласманот во осминафинале во Лига на конференции откако со 0-3 ја декласираше полска Јагелонија на гости. 28-годишниот италијански репрезентативец Роландо Мандрагора постигна пре-прекрасен гол од слободен удар!

Шведски пратеник на колото

Во една од седниците на Собранието во Шведска, за време на своето излагање, пратеникот Микаел Дамберг направил феноменална паралела со работењето на тамошниот министер за финансии со работата на Тотенхем Спарс. Вика имаат пари, имаат најубав стадион, имаат огромна база навивачи, имаат сè што треба, ама немаат резултати и се борат за опстанок во Премиер лига.