Фудбал

Каков беше првиот гол на Мбапе на 17 години?

Килијан Мбапе на денешен ден пред 10 години го постигна својот прв, дебитантски гол во сениорски фудбал. За Монако против Сент Етјен во француска Лига 1. Килијан и тогаш, а и сега 10 години подоцна е експлозивен пред голманите кои ги матира.

Запознајте го Бодо во 2 минути

Бодо е рибарско норвешко градче со поларни зими кое брои малку над 40.000 жители, нешто како Струмица. Градче со многу душа и чувство за спасување на многу начини. Фудбалски до пред шест години беа никој и ништо. Но откако во 2019-та ја освоија првата титула, Бодо Глимт станаа и европска сензација. Феномен кој ги надигра и победи Рома, Лацио, Интер, Порто, Атлетико, Манчестер Сити. Кај нив колективот е пред индивидуалноста. Чудо од тим.

Самсунспор не го заборава Ѓоре

Турците си заминаа победнички од Скопје, откако ја добија Шкендинја со 0:1 во првиот нокаут меч од Конференциската лига. Во меѓувреме го испочитуваа Ѓоре Јовановски со дрес, кој играше за нив во периодот 1986-1988, а во 2002-ра им беше тренер.

Акцијата на Бодо Глимт која го шашардиса Интер

Норвешкиот претставник Бодо Глимт со една нога е во осминафинале на Лига на шампиони откако синоќа убедливо го совлада Интер со 3-1 (во реваншот ќе играат без капитенот Лаутаро Мартинез). Бодо Глимт во својот состав има верувале или не 15 Норвежани, 5 Данци и еден Русин. Играат автентичен, скандинанвски брз фудбал. Го турија Интер во шише.

Мика Ричардс го облекол цело студио во дресови на Бодо Глимт

Норвешкиот тим Бодо Глимт е најголема сензација на европска сцена и тоа не само годинава туку веќе неколку години по ред. На нивното мало и симпатично стадионче на крајниот север од Европа, на минусни температури и вештачка лизгава трева, паднаа гиганти како Рома (изгуби дури 6:1), Јувентус, Атлетико Мадрид, Манчестер Сити, Интер.... Мика Ричардс со право облекол нивен дрес и вика дека навива за нив.

Судии во Турција се гаѓаат со тротинети и велосипеди

Штом во турската елитна Суперлига може да се види сè и сешто, од дивеење на терен, напад и претепани судии, навивачки нереди и испади на претседатели на клубови, може да замислите што е во трета, четврта лига, во аматерски фудбал. Судии гаѓаат со електронски тротинети врз глава.

Невиден гол досега во женски фудбал

Дваесет и четворогодишната Португалка од Спортинг Лисабон Телма Енкарнакао постигна феноменален погодок во УЕФА Европскиот Куп на гости кај Хамарби во Стокхолм. Натпреварот завршил 0-1 за Португалките кој исто така загубиле на првиот натпревар па загубиле и на пеналите во Шведска.

Врвен толкувач откри што викал Винисиус

„Зошто, зошто? Зошто мене? Зошто? (кон судијата)“ и „Срање, срање, тешко срање!“ кон фудбалерот на Бенфика Престијани после што овој се сокри со дресот и го навредил Винисиус веројатно на расна основа после што овој се жалеше кај судијата.

Голчиштето на Вулверхемптон и несреќниот автогол на Арсенал во 94-та

Фудбалерите на Арсенал направија голем и неочекуван кикс во 27. коло од Премиер лига. Прокоцкаа водство од 0:2 против последнопласираниот Вулверхемптон кој е удавен со 10 бода. Убав гол даде Хуго Буено во 61-ва минута, а потоа од карамбол топкава влезе во гол во 94-та минута. Му го запишаа како автогол на Калафиори.

Илоски мајстор, како Меси им ја свитка

Рекордерот во МЛС лигата со најбрзи 4 гола, кој е по татко Македонец. се истакна со нов атрактивен гол за Филаделфија, овој пат од слободен удар. Се реши за краток залет, во стилот на Лео.

По колку бода освојуваат Арсенал и Манчестер Сити во последните 12 кола?

Велат потешко е да се освои првенство од Лига на шампиони, бидејќи за тоа се потребна конзистентност од август до мај следната година. Нешто што веројатно на Топџиите очигледно им недостасува. Разликата меѓу Арсенал и Манчестер Сити сега е само 5 бода, но составот на Пеп има меч помалку. Арсенал на последните 7 меча има само две победи, пораз од Јунајтед и четири нерешени меѓу кои со екипи како Нотингем Форест, Брентфорд и синоќа Вулверхемптон. Погледнете ја оваа занимлива статистика од изминативе четири сезони.

Бодо Глимт го сруши и Интер, Клуб Бриж извади 3:3 со Атлетико

По сензациите против Манчестер Сити и Атлетико Мадрид, Бодо Глимт како дебитант во ЛШ оваа сезона, го суреди и Интер и тоа во првиот меч од нокаут фазата. Интересно, ова му се само три одиграни меча годинава, со оглед на тоа што сезоната во Норвешка заврши во ноември. Патрик Шик го реши Олимпијакос со два комада за 3 минути. Њукасл броеше до 6.

Младинците на Осогово слават трофеј во дресови на Бразил

Да ја разбиеме Олимпијадата малку со фудбалски Куп на Македонија, ама младински. Колегите од macedonianfootball.com, најнеуморната спортска редакција специјализирана за макфудбал, извади јака ретро фотка од 1996-та. На неа се младинците на Осогово, како на Градски го слават Купот на Македонија.

Го прашуваат Јокиќ дали ќе плаче кога Леброн ќе се пензионира

Кај него нема дипломатски, туку само директни, оригинални и искрени одговори.

Кажете ни дека ова со АИ е направено

Го изгледавме еднаш, два пати, три пати. И уште не ни е јасно.

Друг агол од инцидентот со Винисиус

Бразилецот синоќа го реши победникот и со еврогол му донесе триумф на Реал Мадрид против Бенфика 0-1 на гости. Ќе има реванш, а до тогаш ќе се зборува за инцидентот меѓу Винисиус и Аргентинецот Престијани. Ѕвездата на Реал откако постигна гол играше провокативно пред корнер знаменцето пред домашните навивачи. Потоа дофрлаше нешто до играчите на Бенфика па Престијани му врати прекриен со дрес. Винисиус пријави расизам па мечот беше во краток прекин.

Отаменди и Винисиус си ги мереа титулите

Винисиус: Јас имам две титули во Лига на шампиони. Отаменди: Да, ама види тука, јас сум светски шампион.

Еврогол на Винисиус и прекин поради расизам, Јувентус декласиран во Истанбул

Јувентус доживеа историски дебакл од 5:2 на гостувањето кај Галатасарај каде речиси пола час играше со играч помалку. Реал Мадрид ја совлада Бенфика 0-1 со гол на Винисиус кој набрзо потоа излезе од терен поради наводен расизам од страна на Аргентинецот Престиани. Мурињо доби црвен картон во финишот.

Бекам + Карлос = уметност

Да не знаеш дали е појак голот или асистенцијата.

Не се дава дрес на секој

Навивач му приоѓа на Страхиња Ераковиќ од Црвена Ѕвезда за да му го бара дресот, а потоа прави потег, по кој фудбалерите со право треба да размислат дали треба да даваат дресови. Некој ќе ги поти, а друг ќе профитира.

Нестварна тројна одбрана на Гарсија како октопод

Жирона ја изненади Барселона со 2:1, иако можеше и многу повеќе да не беше извонредниот Жоан Гарсија, инаку прогласен за играч на мечот со 7 интервенции. Ова се најјаките.

Навивачки црн хумор во Перу

Јужноамериканците се најстрасни навивачи и тоа е одамна познато. А имаат и супер хумор на своја и туѓа сметка. Сега за време на дуелот меѓу Мелгар и Мокегва во тамошната прва лига на Перу кој завршил 4-0, гостински играч бил погоден силно со топка. Додека се превртувал во болки навивачите на Мелгар на труба отсвиреле погребен марш.

Португалски докторат за слободен удар

Ароука е 12-то пласирана екипа во португалската прва лига која загуби од Каза Пиа со 3:2. Ама погледнете ги царевите како го отворија мечот.

Од очај до сјај - по 9 месеци суспензија Пауло Фонсека има 13 победи по ред со Лион

Ова што се случува со Олимпик Лион од почетокот на сезоната е за сериозен документарец. Минатото лето беа исфрлени во најнизок ранг на францускиот фудбал поради страшни финансиски проблеми и долгови над стотици милиони евра. Се смени сопствеништвото, дојдоа други луѓе. Тренерот Пауло Фонсека кој во минатото ги водеше Милан и Рома, имаше чуден старт.