Фудбал

Ашраф Хакими со децата од марокански улици

Мароко има 5/5 во квалификациите за Светско првенство и е речиси пласиран на Мундијал 2026. Капитенот на Мароканците Ашраф Хакими додека се возел до базата на репрезентацијата, решил да застане на улица кога видел едни деца како играат фудбал и да им се приклучи. Не им се верувало кого гледаат до нив.

Сеута - необичен шпански фудбалски клуб во северна Африка

Сеута е шпански клуб од истоимениот град кој се наоѓа на брегот на северна Африка на граница со Мароко. Овој град е познат како граница меѓу Медитеранот и Атлантскиот океан а многу често тука проаѓаат мигранти од северна Африка на пат кон Европа. Фудбалскиот клуб е второлигаш а најмногу ги радува локалните мештани кога во Кралскиот Куп на Шпанија ќе падне со Реал, Барселона или некој друг гигант.

Емотивно видео на Португалците: „Ние сме фамилија, ќе играме за Жота“

Португалците во јуни ја освоија шампионската титула во Лига Нации, а сега ги чекаат квалификации за Светско првенство и дуели со Ерменија и Унгарија на гости и со Ирска и Унгарија дома. Во меѓувреме репрезентацијата на Португалија снимила емотивно видео за нивниот трагично загинат другар и соиграч Диого Жота.

Листа на најскапи трансфери во Ла Лига летово

Реал Мадрид повторно беше најголем трошаџија летово во шпанскиот фудбал и води на првите три места од Топ10 листата за најскапо платени трансфери. Младиот 20-годишен стопер Дин Хујсен го платија астрономски 62,5 милиони евра од Борнмут, левиот бек Карерас од Бенфика дојде за 50 милиони евра а најголемиот аргентински талент Мастантуоно пристигна од Ривер Плејт за 45 милиони евра. Трошеше многу и Атлетико Мадрид, а Барса од познати причини не се потроши.

Најверна фудбалска приказна на летото

Бразилецот Антони на времето вредеше преку 100 милиони евра колку што Манчестер Јунајтед му плати на Ајакс. Дриблерот не се снајде воопшто на „Олд Трафорд“ и замина на позајмица во Бетис а таму блесна и го одведе овој клуб до финале на европска Конференциска Лига каде изгубија од Челси. Позајмицата му заврши и тој се врати тажен во Манчестер. Бетис буквално собирал пари и се пребројувал за да го откупи од Јунајтед и на крај успеал.

Кој колку пари потроши во Премиер лигата летово?

Англичаните се неприкосновени на оваа тема. Само првите топ 5 најголеми трошаџии ова лето, Ливерпул, Арсенал, Челси, Њукасл и Манчестер Јунајтед за трансфери издвоиле 1,5 милијарди фунти. Со купувањето на Исак, Ливерпул е прв со потрошени 446 милиони, но и доста продавал. Во најголем финансиски ќар е Борнмут со заработени 65 милиони фунти.

Фудбалски терен на денот

Гватемала може нема рамен терен, ама има желба за фудбал, публика, па уште и пренос со двајца коментатори. Топката не можат да ја штопнат, а не па да врзат некое додавање.

Кој каде потпиша од македонските репрезентативци и кои играчи се без договор?

Бурно беше во последните денови од летниот преоден рок. Некои од избраниците на Милевски завршија голема работа, но за други сè уште трае неизвесноста во пресрет на репрезентативните обврски.

Веќе го викаат новиот Жунињо

Нестори Иракунда има 19 години. Баерн Минхен пред неколку години го купи од австралискиот клуб Аделаиде Јунајтед и во 2024-та го доведе во Баварија како полнолетен. Не се наигра многу за Баерн па го пратија на позајмица во Вотфорд. А таму на 4 меча веќе има 2 гола и тоа двата од слободни удари и 1 асистенција.

Најбогатиот тренер од откази се вика Жозе Мурињо

Не веруваме дека е нешто загрижен „специјалниот“ што доби отказ од Фенербахче, бидејќи и онака не му легна турскиот фудбал, кој без пардон го критикуваше. А платата? Платата ќе му тече и со седење дома. Стандард.

Тркот на Собослаи од 200 метри напред назад

Доминик Собослаи го реши дербито Ливерпул - Арсенал со голчиште од слободен удар кое беше во фокусот. Но, аналитичарите во Премиер лигата забележаа и нешто друго, кое тешко се гледа во пренос. Унгарецот игра во среден ред, но погледнете го колку се жртвува за тимот на цел терен. Истрча од гол на гол во два правци, за прво да учествува во напад, а потоа да помогне назад. Цар.

Новата авантура на Арон Рамзи

Велшкиот репрезентативец, ветеранот Арон Рамзи решил да замине преку океанот, во Мексико. Потпишал со Пумас а веќе на вториот меч влегол од клупа за резерви и дал гол во судиско продолжение за победа над Атлас. Рамзи верува дека ќе може да влезе во потребната форма за следната година да настапи на Светско првенство во случај ако Велс таму се пласира (се надеваме нема зошто Македонија е во група со нив).

Го имаме ли најатрактивниот хет-трик некогаш виден во Франција?

Сте виделе ли до сега некој да постигне три гола на еден меч, ама сите јаки и тоа два со ножички? И тоа не е ова дело на напаѓач, туку на Жоао Невес од ПСЖ, кој има само 20 години и игра во среден ред. Тулуз - ПСЖ, конечни 3:6.

Каков циркус направи управата на Милан

Американскиот фонд кој го води 7-кратниот европски шампион Милан летово направи каша-попара со составот. Откако пред неколку години го отпуштија легендарниот Паоло Малдини кој во улога на извршен директор им донесе прво скудето после долго време, во Милан состојбата е циркуска. Дојде Игли Таре како нов спортски директор, а летово се продадени или позајмени 19 играчи од минатата сезона. Дојдоа некои полу-анонимуси.

Падна нов британски рекорд - Исак потпиша со Ливерпул

После неколку месечно тегавење, конечно на крај во последните мигови од летниот преоден рок, центарфорот на репрезентацијата на Шведска од Њукасл се пресели во Ливерпул и тоа за нов британски трансфер рекорд.

Елмас со насмевка се врати дома

Во очи на репрезентативните обврски против Саудиска Арабија и Лихтенштајн, Елиф Елмас се обезбеди со клуб и тоа онаму каде што му беше најубаво. Во Наполи.

Врвна мајсторија во Бугарија, овој пат на Мајкон

Интересно беше колото во бугарскиот фудбал викендов, каде бележиме два лудница голови и тоа на презимиња идентични со двајца славни играчи од златната генерација на Интер. Првиот на Ето од ЦСКА Софија, а вториот на Мајкон од Левски Софија. Ова може на крај да биде прогласен и за гол на сезоната.

Каша попара пред гол на мечот Интер - Удинезе

Интер киксираше во 2. коло од Серија А против Удинезе со 1:2 и тоа после водство. Готови беа да израмнат во 69-та минута, ама настана таков карамбол пред гол, што веќе не се знаеше кој што прави со топката.

Крајно сељачки потег на Суарез

Луис Суарез е стварно копук. Џабе толкав стаж во 9 клубови, во 6 земји, џабе трофеи и 300 камери кои му ги снимаат идиотските потези. Овој пат не гризна никого, туку плукна во фаца член на обезбедувањето на Сиетл, од кој Интер Мајами загуби 3:0 во финалето на Лига Купот.

Го видовте ли евроголот на колото кој го реши дербито во Премиер?

Шарени резултати имаше викендов во 3. коло од Премиер лигата. Тотенхем загуби дома од Борнмут, Манчестер Сити се посрамоти против Брајтон после водство од 0:1, а Манчестер Јунајтед се извади против Барнли во 97-ма минута. 83 минути беа потребни да видиме гол на дербито Ливерпул - Арсенал, кое го реши Доминик Собослаи со прекрасен слободен удар.

Лудачки гол во Бугарија од 50 метри на Ето

Се вика Џејмс Ето, игра за ЦСКА Софија, Камерунец е, ама не му е син на славниот Самуел Ето. Но, тоа не го намалува фактот дека веќе е кандидат за гол на сезоната во Бугарија. Ама ја опали на прва.

Дали озбилно му даде црвен на спикерот?

Мечот меѓу Универзитатеа Крајова и Истанбул Башакшехир од Конференциската лига во четвртокот, ни носи ново поглавје во фудбалот. Спикерот на романскиот тим, кој славеше 3:1, доби црвен. Немаме видено вакво нешто до сега. Вие?

Милан Илоски: Пораснав со македонските вредности, би ја разгледал можноста доколку добијам повик

Рекордер во историјата на МЛС лигата со најбрзи 4 гола е дело на фудбалер со македонско потекло. „Горд сум што сум од Македонија“, вели 26 годишниот Илоски.

Задржување време на индиски начин

Индија има 1:2 на гости против Таџикистан и добива слободен удар на истекот од 7 минута судиско продолжение, а ќе се играат 8. Значи има шанса за 1:3. Арно ама...