Стрелец е Гери Крозби од Нотингем Форест, а брани Енди Дибл од Манчестер Сити. Фудбалот не памети ваква снаодливост на друг играч и покренува дебати. Но сепак е признат, бидејќи тој нема никаков контакт со голманот.
Интересен клип излезе од мечот Милан - Лацио 1:2, конкретно од Лука Јовиќ. Српскиот напаѓач влезе во игра во 83 минута и одработи во одбрана за сите пари.
Без разлика на конкуренцијата, прва, втора или трета лига, не можеш да промашиш вакво нешто. Едноставно ја имаш, во трк си, додавањето е одлично, ногата ти е адекватно поставена, а ти ја дуваш кај пченките. Се работи за второлигашки меч во Полска.
Јувентус ја совлада Верона 2-0 во последниот меч од колото во Серија А но бјанконерите имаа и многу среќа. Во првиот дел Словакот Томаш Сушлов постигна прекрасен гол од далечина и гостинските навивачи славеа на големо. Но набрзо главниот судија го поништи погодокот поради претходен офсајд во акцијата.
На 3 март 1965 е роден Драган Стојковиќ Пикси, една од најголемите фудбалски легенди на овие простори. Не ја фати европската титула со Црвена Ѕвезда, бидејќи во 1990-та замина во Олимпик Марсеј, но остави голем белег на Маракана. Белградскиот тим денеска потсети на еден негов корнер, изведен на 81-то дерби против Партизан.
Хари Кејн и Томас Милер играа една интересна друштвена игра, како загревање за она што ги чека во среда вечер во првиот меч од Лига на шампиони против Баер Леверкузен во осминафинале на „Алијанц Арена“.
Продолжува кризата на Милан и со Серџо Консеисао. Имаат три порази во низа и на последниве 6 меча ја победија само Верона, плус елиминирани се во ЛШ од Феенорд. Синоќа загубија дома од Лацио 1:2, со гол од пенал во 98-ма минута и беа во подредена улога. Погледнете го бесот на Жоао Феликс после реализираниот пенал на Педро. Не му дозволи да се радува на играч од гостинската клупа.
Во едно гостување во подкастот кај Рио Фердинанд, легендарниот Дејвид Бекам раскажува од прво лице за тоа што го видел со Лионел Меси во Интер Мајами. „Сите мислиме дека тоа е само природна дарба и тоа е тоа. Ама не, Меси станува и доаѓа во 6.50 во вежбална а таму нема никој, само еден човек“.
Најголемото хрватско дерби меѓу Динамо Загреб и Хајдук Сплит и италијанско на клупата (Канаваро vs Гатузо) заврши 2:2. Стефан Ристовски беше асистент за првиот гол, но во 62 минута доби втор жолт картон. Црвен доби и неговиот соиграч Нико Галешиќ во длабокото судиско продолжение. Прекршокот врз голманот Лучиќ му беше за никаде.
Не е дека секое коло имаме привилегија да гледаме вакви голчишта во мак фудбалот. Маронг Оусман од Силекс на мечот Струга Трим Љум (2:0), не на еден, туку на двајца им ја протна низ нозе, а потоа велемајсторски го реши и голманот. Камп Ноу е ова или Кратово?
Не знаеме уште кој го има голот на колото, ама знаеме кој сигурно ќе го заслужеше тој епитет ако Флоријан Лежeн од Рајо Ваљекано имаше барем малку среќа на дуелот против Севиља кој заврши 1:1. Каков гол на колото, ова ќе беше гол број 1 на сезоната во Шпанија. Ќе ја искршеше пречката.
Бразилецот дома си е свој дефинитивно. Откако се врати во својот роден клуб Сантос, на 7 меча има, пазете: 3 гола и 3 асистенции. Синоќа на мечот Сантос - Ред Бул Брагантино, Нејмар уште во 9' минута постигна преубав гол од слободен удар.
Новиот тренер на Лион, Португалецот Пауло Фонсека кој до пред неколку недели го водеше Милан, се соочува со драстична казна во францускиот фудбал откако направи незапаметен скандал и му се сипа во лице на главниот судија на мечот Лион - Брест Беноа Мило. Во Лига 1 Лион славеше 2-1, но како што пренесува француски РМС Спорт, Фонсека може да добие опасна казна поради тоа што се изгуби на теренот и агресивно го нападна судијата.
Трет настап, втор гол на Елиф Елмас во дресот на Торино, кој брзо покажа колку му недостигала Серија А. Претходниот меч против Болоња, овој пат за гостинска победа над Монца од 0:2. Плус одигра 90 минути за прв пат после 22 месеци.
Манчестер Сити одново си играше со нервите на своите навивачи откако во 5. рунда на ФА Купот Сити губеше 0-1 од последнопасираниот тим во втората лига, Плимут Аргајл. За среќа по Гвардиола и екипата, младиот Нико О'Рајли постигна два гола а Кевин Де Брујне и Сити победи 3-1 за пласман понатаму. На крајот од мечот Гвардиола ги поздравил гостинските навивачи кои поминале околу 450 километри да го бодрат својот тим.
Јак момент имало на натпреварот меѓу вториот тим на Хановер и Минхен 1860 во германска трета лига. При водство на домаќините 1-0, гостинскиот фудбалер Тунај Дениз со несмасна реакција спречи чист гол за израмнување. Ама истиот играч после израмнил во 66-та минута и го најавил пресвртот од 1-3 на крајот за Минхен 1860.
Атлетико Мадрид извојува многу тешка победа во дербито со Атлетик Билбао 1:0 со нов гол на нивниот најдобар стрелец сезонава Хулиан Алварез и после поразот на Реал од Бетис (2:1) конечно изби на прво место на табелата. Овој натпревар го одбележи голема борба на теренот, многу шанси на гостите од Билбао и стартови какви што обожува Диего Симеоне.
Кристал Палас со 3-1 го совлада Милвол во ФА Купот и се пласираше во следната рунда. Овој натпревар го одбележа страшен старт на голманот на Милвол Лиам Робертс кој со копачка во глава го нокаутираше центарфорот на Палас Жан-Филип Матета. Овој прекршок се случи во 6-та минута а Матета веднаш бил пренесен во болница и хоспитализиран а од клубот соопштија дека на увото го шиеле со 25 конци. Робертс доби директен црвен картон.
Уфф какво ретро од 90-ти со две легенди на Бразил и Парагвај. Роберто Карлос и Хозе Луис Чилаверт. Океј, фудбал е, провокации има речиси на секој меч. Ама крајов бе дечки?
Валкан играч беше Марко Матераци ај ти. Плус нема потреба ние да зборуваме, клипов ќе ви покаже. Без осет беше на моменти. Сè е ова за црвен и суспензија од минимум два меча. Многу груб.
Баерн Минхен уште петочки си ги заврши обврските ова коло во Бундеслигата, со победа против Штутгарт на гости од 1:3. Убав гол на Штилер во 34 минута на кој му одговорија Олисе, Горецка и Коман. Многу лоша проценка на голманот на домаќините Александер Нибел. Очај.
Да, до таму одат луѓе со паметот во монтажа, после долгиот 12 годишен очај на Манчестер Јуанајтед кој никако да заврши. Имаат поплави на трибини и во прес центар, глувци им лазат на терен и што е најлошо за нив, од 2013-та наваму после ерата на Ферги, заборавија да играат фудбал и да освојуваат трофеи. Клипот е за некои збунувачки, за други хумористичен.
Во подкастот на Гери Невил гости биле Иан Рајт, легендарниот фудбалер на Арсенал и Рој Кин долгогодишниот капитен на Манчестер Јунајтед. Кин веќе неколку години отворено и чесно ја критикува управата, тренерите и играчите на Манчестер Јунајтед за катастрофалната состојба во клубот. Сега се фатија за Бруно Фернандеш.