Фудбал

Барди капитенски ги построи играчите пред навивачите

Избраниците на Гоце Седлоски разочарани од дебаклот, тргнаа веднаш во соблекувална, без да се поздрават со македонските навивачи кои патуваа до Копенхаген за да ги бодрат. Барди веднаш реагираше да се вратат. Убав капитенски гест.

Италијанците славеа победа на БиХ

Фудбалерите на Италија лесно ја завршија својата задача откако со 2-0 ја совладаа Северна Ирска во Бергамо во полуфинале од баражот за Светско 2026. Им остана време и да ги следат пеналите на дуелот Велс - БиХ во Кардиф каде славеа гостите. Аѕурите се радуваа на ваквиот исход зошто според нив Босна и Херцеговина во Зеница ќе биде полесен ривал отколку Велс во Кардиф.

Луис Суарез со утка број 1

Синоќа се играа и пријателски. Хрватска славеше против Колумбија со 2:1, а гостите имаат несфатливо промашување пред гол. Луис Суарез, кој сезонава игра во животна форма за Спортинг со 33 гола, сам на празен гол ја утна цела топка.

Дијамантот Џеко ја носи БиХ во финале, селекторот плачеше после драмата на пенали

Босна и Херцеговина направи голем подвиг откако на гостински терен во Кардиф го совлада Велс на пенали во полуфинале на баражот за Светско првенство 2026. Резултатот беше 1-1 во основниот дел кога Един Џеко израмни дури во 87' минута па после продолженијата стигнаа пенали. БиХ славеше во пенал серијата 2-4. Селекторот Сергеј Барбарез кој некогаш беше капитен на БиХ и голема легенда, плачеше во прегратка на своите синови.

Колумбиецот Ерера ја пееше македонската химна најгласно од сите

Триесет годишниот Себастијан Ерера кој пет сезони го носеше дресот на Работнички од Скопје а потоа играше и за Брегалница, синоќа дебитираше за македонската репрезентација. Дебито нема да го памети по добро, затоа што Македонија беше декласирана со 4-0 од Данска, но затоа ќе се памети начинот на кој тој гордо ја испеа македонската химна. Инаку Ерера има сопруга од Македонија.

Дебакл на Македонија во Копенхаген, Данска го згасна сонот за Светско

Вечерва на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, пред повеќе од 36.000 гледачи, македонската фудбалска репрезентација претрпе убедлив пораз во полуфинале на баражот за Светско првенство 2026. На полувреме беше 0-0, на крај 4-0.

Во меѓувреме, одиме во Бразил

Со овој клип ќе посакаме да и ја затвориме вратата на Данска на патот до Мундијалот.

Женска тики-така да видиш ти

Фудбалерките на женската екипа на Нант во Франција ги совладале ривалките од Стразбур 0-3 на гости. Едниот гол бил како Барса на времето со Меси, Чави, Иниеста и Ето. Тики-така ала Гвардиола. 1 гол, 18 секунди, 11 контакти.

Фил Фоден да ти бил мајстор за пикадо

Англискиот репрезентативец и член на Манчестер Сити (сезонава има 10 гола и 5 асистенции на 26 натпревари во сите турнири) испаднал најголем мангуп меѓу репрезентативците кога играле пикадо. Се испоставило дека тој лесно би можел да настапува на некој следен Куп во пикадо. Погоди 3 60-ки! Вкупно 180.

Снимка од говорот на Анчелоти во соблекувална на Реал во финале на Лига на шампиони

Реал Мадрид во големото финале на Лига на шампиони во 2024-та, на „Вембли“ во Лондон многу потешко од очекувањата ја совлада Борусија Дортмунд 1-0 со гол на бекот Дани Карвахал во 74' минута.

Сите досегашни соочувања меѓу Македонија и Данска

Куса е историјата меѓу фудбалските репрезентациите на Македонија и Данска. Вечерва го играат само четвртиот меѓусебен дуел. Учинокот е 1-1-1.

Почнува расплетот, се делат последни карти за Светко првенство

Вечерва се играат првите натпревари од полуфиналето на баражот за пласман на Светско првенство 2026. Македонија игра против Данска на гости во Копенхаген од 20:45 а во исто време во разни градови ширум Европа и подоцна преку океанот ќе се бијат битки за подобар резултат пред реваншите.

Седло како селектор на Македонија на Градски

Гоце Седлоски вечерва во Копенхаген од 20:45 ќе дебитира како селектор на македонската фудбалска репрезентација. Ама веќе има еден натпревар, како привремен селектор пред 14 години. Се работи за вакум периодот во летото 2012-та, односно после заминувањето на Џон Тошак, а пред доаѓањето на Чедомир Јаневски. Пријателска средба Македонија - Литванија 1:0, стрелец Пандев.

Пандев: За пласманот на ЕП ми се јавија Морати и Мурињо, во Џенова имав директорска и тренерска понуда

„Одигравме катастрофално Европско, а ја имавме најдобрата генерација. Мислам дека можевме да одиграме многу подобро ако бевме тактички и ментално поспремни. Ние се базиравме на индивидуален квалитет. Припремите беа катастрофални. Отидовме на ЕП како растурена банда“.

Прекрасен гол од пола терен на дуелот Србија - Англија

Во рамки на квалификацискиот турнир за Европско првенство за младинци, Србија У-19 со 2-0 ја совлада Англија У-19. Еден од погодоците беше ремек-дело на 19-годишниот Михајло Цветковиќ кој игра за Андерлехт.

Сите 50 голови на Мохамед Салах во Лига на шампиони

Најдобриот египетски фудбалер на сите времиња, 33-годишниот Мохамед Салах чесно и навремено им објави на навивачите на Ливерпул дека по крајот на сезоната, после цели 9 години го напушта „Енфилд Роуд“. Им донесе многу магични моменти, трет е на вечната листа за голови во Ливерпул и им донесе бројни трофеи. Во Лига шампиони постигна 50 гола во дресовите на Базел, Рома и Ливерпул.

Кога фудбалот беше поважен од имиџот

Јак клип од една јака и култна генерација на Италија, која прерано го заврши Мундијалот во 2002. Беше елиминирана од домаќинот Јужна Кореја уште во осминафинале. Инаку со исклучок на гелчето, видеово држи вода.

Кога на ПЕС ќе ја наполниш со Верон

Најдлабоките спомени од оние најдраги игри од детството за кое се собиравме по куќи после школо, датираат од Плејстешн 1. Фантазија за тоа време. Вие што игравте повеќе, ПЕС или ФИФА?

САД им бара 15.000 долари за влез на навивачи од Тунис, Алжир и други три земји

Нова непријатна вест од САД стигна за навивачите на репрезентациите на Алжир, Тунис, Зелено'ртски Острови, Сенегал и Брег на Слонова Коска кои се пласираа на Мундијалот кој летово се игра во три земји.

Васоски: Притисокот ќе биде врз Данска како домаќин, а мечот ќе го решаваат нијанси

Александар Васоски, кој важи за еден од најсилните стопери во историјата на македонската фудбалска репрезентација, во подкастот Пресинг зборува за шансите на Македонија против Данска. Зборува и за кариерата во Цементарница 55 и Вардар, како и за трансферот од македонска лига во Бундес. Во 2008-ма година бил на преговори со Њукасл, а го барале и во Вердер Бремен.

Кога Шевченко и Буфон пак се гледаа очи во очи како некогаш

На 15-ти септември 2023-та година во Љубљана се одигра хуманитарен натпревар на многу светски славни ѕвезди со цел собирање средства за настраданите од страшните поплави во Словенија во август таа година. Се собраа 3,5 милиони евра, на стадионот „Стожице“ во Љубљана имаше 16.000 гледачи, дојдоа многу светски ѕвезди.

Најдобриот играч на сите времиња според Лапорта

Секоја чест на Пеле, Марадона, Роналдињо, Меси, но за мене најдобар играч во историјата е Јохан Кројф, вели претседателот на Барселона. Холандскиот ас и мозок на тики-така, кој освои три Златни топки, во Барселона пристигна во 74-та после 18 освоени трофеи со Ајакс, меѓу кои три европски титули по ред.

После 9 богати години, Мохамед Салах заминува од Ливерпул

Најдобриот египетски фудбалер на сите времиња, Мохамед Салах дефинитивно ќе го напушти Ливерпул на крајот од актуелнава сезона. По спогодбен договор со управата, Салах ќе си оди и нема да потпише нов договор.

Кога Модриќ ќе те пофали дека си супер коментатор

Небојша Вишковиќ од Спорт Клуб од едната страна. Лука Модриќ од другата. Ќејфот сигурно е многу голем кога ќе те пофали една ваква легенда, освојувач на Златна топка.