Фудбал

Најлегендарен волеј во кариерата на Џејми Варди

Каква незаборавна екипа беше тој култен Лестер Сити во 2016-та. Со Ријад Марез, со Каспер Шмајхел, со Н'Голо Канте и секако лидерот Џејми Варди кои со своите голови му ја донесе на Клаудио Раниери и навивачите сензационалната титула во Премиер лига. Таа сезона Варди го постигна можеби и најубавиот гол во неговата кариера. Против Ливерпул.

Пародија на мечот Бенфика - Реал Мадрид 4:2

Си немале дечкиве попаметна работа и фатиле во хангар со коли, да го „прераскажат“ лудиот меч меѓу Бенфика и Реал Мадрид, кој заврши со гол на голманот на домаќините и тоа во 98-ма минута. И тоа добро се спремиле, со сите нишани.

Ракетата на баскиското дерби Атлетик Билбао - Сосиедад

29-годишниот Португалец Гонзало Гуедеш кој играше во Бенфика, ПСЖ, Валенсија, Волвс и Виљареал, од минатото лето е во Реал Сосиедад. Сезонава на 22 средби веќе има 6 гола и 2 асистенции и се покажа како одлично засилување. Синоќа во баскиското дерби против Атлетик Билбао на гости постигна прекрасно голчиште во 37' минута за 0-1. Подоцна домаќините израмнија во 88-ма минута за конечни 1-1.

Го имаме ли голот на сезоната во Премиер лига?

Тотенхем успеа да анулира негатива од 0:2 на дуелот со Манчестер Сити на домашен терен, благодарение на двата гола на Доминик Соланке. Англискиот напаѓач поднесе кандидатура за гол број 1 на сезоната. Ова е сериозна велемајсторија.

Заврши конкурсот за најдобри ножички за 2026-та

Да не сте помислиле да ни праќате други видеа. Овие ги баравме.

Лига Европа: Динамо Загреб со Генк, Црвена звезда во Франција

Веднаш по извлекувањето на паровите за бараж за осминафинале во Лига на шампиони каде имаше комична ситуација и Реал Мадрид повторно падна со Бенфика каде ќе гостува по неверојатниот гол на голманот Трубин, се извлекоа и парови за бараж за 1/8 финале во Лига Европа.

Извлечени паровите за бараж за осминафинале: Реал пак оди кај голманот кој им даде гол

Попладнево во Нион во седиштето на УЕФА беа извлечени паровите кои ќе играат натпревари со реванш и подобриот ќе оди во осминафинале. Париз ќе игра против ривалот од првенството Монако, а Реал Мадрид пак ќе оди на нозе кај Жозе Мурињо кој ги победи 4:2 пред само неколку дена.

Комедии со голманот на Струга

Струга одигра 1:1 против Пахтакор од Узбекистан на пријателски натпревар во Анталија. За македонскиот прволигаш брани италијански голман по име Марко Анџелети, кој сам си ја пикна во гол во 87-ма минута. Циркузи.

Ваква паненка да ве видам да изведете

Колумбиецот Хулијан Кињонес од Ал Кадсија можеби отиде на голем ризик, ама на крај излезе мангупиште со пеналот против Ал Хилал. Мечот од првенството во Саудиска Арабија заврши 2:2. Многу смел удар.

Ко Пепе му влезе од радост за голот во 98-ма

Анатолиј Трубин е хит број 1 во финишот од првата фаза во Лига на шампиони. Бенфика ја славеше лудо големата победа над Реал Мадрид, а најлуд беше еден од помошниците на Мурињо, кој со две нозе му влезе на еден од играчите.

Само тројца голмани во историја дале гол од игра во Лига на шампиони

Украинскиот голман Анатолиј Трубин од синоќа влезе во историјата откако стана прв голман што некогаш му дал гол на Реал Мадрид, а победата на Бенфика од 4:2 над „кралскиот клуб“ ќе се памети и како средба на која само трет пат голман дал гол во историјата на ЛШ.

Убавина од слободен удар на Ривер

Ривер Плејт ја совлада Химнасија Ла Плата со 2-0. Гостите играа со играч помалку уште од 13' минута по црвениот картон на Панаро, а домашните тоа го искористија. Два гола даде капитенот и лидер на екипата Хуан Кинтеро од кои едниот прекрасен од слободен удар. Маестрално изведен.

А вие вчера како гледавте Лига на шампиони?

Спортска среда да ти штукне памет. Ги напукаа 18 утакмици во една вечер фудбал, па уште и 6 од ракомет. Девојкава се снајде. Вие?

Сензационалниот гол на голманот на Бенфика со турски коментатор

Одличниот 24-годишен украински голман Анатолиј Трубин е светска вест на денот откако со негов гол во судиско продолжение Бенфика славеше 4:2 над Реал Мадрид и се пласираше во осминафинале на Лига на шампиони.

Едно од најјаките торпеда на сезоната во ЛШ е дело на Драгомир

Пафос од Кипар ја растури Славија Прага со 4:1, победа со која заврши 26-ти на табела, што значи не продолжуваат понатаму. Влад Драгомир го има голчиштето на колото. Страшен проектил.

Рашфорд со мангупски слободен

Голманот веројатно мислеше дека ќе нафрла, но Маркус Рашфорд ја свитка онаму каде што голманот многу тешко наоѓа начин да ја скроти. Голчиште за Барса- Копенхаген конечни 4:1.

Мурињо скокаше од радост со детето што собира топки

Бенфика приреди чудесија од финиш во последното коло од ЛШ. Со помош на голманот го урна Реал со 4:2 во 98-ма минута, резултат кој ги носи во нокаут фаза, а Реал во доигрување наместо директно во осминафинале. Жозе ко Жозе. Во делириум беше на крај.

Ди Марија мајсториште и на 38 години

Анхел Ди Марија од лани игра дома во родниот Росарио. На 14 февруари полни 38, ама години ич не му се познаваат. Погледнете го како решава акција кога ќе прими топка пред шеснаесетник. Играчиште.

Голманот на Бенфика му даде гол на Реал Мадрид и обезбеди осминафинале

Жозе Мурињо и Бенфика се пласираа во доигрување за осминафинале во Лига на шампиони откако во последното коло на својот „Луж“ со 4:2 го совладаа Реал Мадрид кој ќе мора исто да оди во доигрување наместо директно во 1/8 финале. Голманот Трубин е јунак на Португалците.

Зидан се сретна со другарчињата со кои го прегазија Бразил на Светско

Зинедин Зидан беше дел од хуманитарен натпревар на кој се собраа членови од генерацијата која го доби финалето против Бразил на Мундијалот 1998. Се виде со Жули, Карембе и Блан.

Слободен удар од кој нема потреба ништо да учите

Си биле тројца фудбалери од Австралија кои се обидоа да го збунат голманот. Епилог? Сами себе се збунија.

Падна голот на сезоната во Англија

Во англиската Лига 1, трета дивизија по ред во тамошниот фудбал, Хадерсфилд со 1-0 го победи Лутон Таун иако играше од 29-та минута со играч помалку. Во 48-ма минута Рајан Ледсон постигна НЕВЕРОЈАТЕН ЕВРОГОЛ!

Голмански автогол на столетието

Имаме нестварни сцени во Куп натпревар во Катар. Извесен Умар Бари од Ал Шамал, го реши мечот со нереален автогол и тоа во 92 минута, откако многу сигурно одбрани проектил топка на противникот.

Камерманот кој ќе крка два кафетини поради Роналдо

На Португалецот не му одат слободните удари во Саудиска Арабија. Тоест зависи како гледате на тоа. Погледнете ја оваа прецизнос.