Фудбал

Тоа е таа најјака Премиер лига: шпанските клубови ги потопија англиските со 20:9!

Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид, трите гиганти на шпанскиот фудбал им одржаа права лекција на англиските клубови во осминафинале на Лига на шампиони и ги одучија од фудбал со гол разлика 20-9!

Крај нема ако тргнеш од новите соблекувални до теренот на Камп Ноу

Фудбалерите на Њукасл синоќа прописно се посрамотија откако примија 7 комада од Барселона која ги згроми со 7-2 и со вкупен резултат 8-2 се пласираше во четвртфинале. Играчите и стручниот штаб на Њукасл поминале низ реновираните простории кај соблекувалните на „Камп Ноу“ кој се реновираше неколку години.

Податок за англиската четворка која не помина баш добро во ЛШ

За прв пат во историјата на Лига на шампиони се случува дури четири екипи од една земја да бидат елиминирани во една иста фаза од натпреварување.

Вртелешка на Хари, им го испи мозокот на двајца

Гол машината Хари Кејн меле сезонава. На Аталанта синоќа им даде два комада, еден од пенал, еден од игра. Едноставно си поигра со двајцата чувари. Има 10 во ЛШ на 9 меча и 30 во Бундес на 25 средби. Страшен просек држи сезонава на сите натпреварувања од 47 гола на 39 меча. Синоќа стана и прв Англичанец со 50 гола во ЛШ.

Како реагираше Нејмар откако Анчелоти не го прочита на список

Карло Анчелоти го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за пријателските натпревари со Франција на 26-ти март во Бостон и со Хрватска на 1-ви април во Орландо. Не му беше сеедно, ама ко вразумен делува.

Нов гол на Нејмар, се остри за Светско

Во иста вечер кога Лионел Меси го постигна својот 900-ти гол во кариерата, гол даде и Нејмар, додуше од пенал за Сантос во поразот 1-2 од Интернасионал.

Гол број 900 на маестро Лео Меси

672 во дресот на Барселона, 32 во ПСЖ, 115 за Аргентина и 81 за Интер Мајами. Лионел Меси испиша историја, откако успеа да дојде до бројката од 900 гола во кариерата. Аргентинскиот ас погоди во 7 минута од дуелот против Нешвил во ЛШ на Северна Америка и со тоа стана само втор фудбалер во историјата со ваков ефект. Пред него е само Кристијано Роналдо со 959.

Галатасарај се изгуби на Енфилд, Тудор и Тотенхем бадијала победија

Четири од четири во корист на домаќините, завршија реваншите во осминафиналето од ЛШ. Ливерпул и Баерн броеа до 4, а Тотенхем стигна до пирова победа, недоволна за четвртфинале. Барселона немилосрдна.

На Њукасл му се падна седмица на Камп Ноу

Фудбалерите на Барселона приредија спектакл во реванш осминафиналето од ЛШ. По оние 1:1 на гости, го разбија Њукасл со 7:2, полувреме 3:2. Рафиња и Левандовски стрелаа по два пати, Јамал, Лопез и Бернал по еднаш. Во четвртфинале ќе играат со победникот од дуелот меѓу Атлетико Мадрид или Тотенхем.

Како изгледаа Арсенал и Лацио во ЛШ пред 25 години?

Да те фати страв, само нападот кога ќе им го видиш на Арсенал со Бергкамп, Анри и Кану, зад нив Виера и Љунберг, позади Тони Адамс и Мартин Кион. Тренер Венгер се разбира. Лацио со Свен Горан Ериксон на клупа и играчи како Михајловиќ, Неста, Верон, Симеоне, Станковиќ, Лопез, Недвед. Какви култни екипи.

Како Мароко го освои Африканскиот Куп на нации

Чудна, несериозна, а некои ја опишуваат и како смешна одлуката, два месеци после одиграното финале, на Сенегал да му се одмезе титулата во Африканскиот Куп на нации и да му се додели на Мароко. Погледнете како се развива хуморот на оваа тема.

Едоардо Бове со дефибрилатор даде гол за Вотфорд

Кој го помни Едоардо Бове, некогашниот голем, можеби најголем талент на италијанскиот фудбал? Во декември 2024-та Едоардо Бове додека играше за Фиорентина доживеа срцев удар на сред терен, падна и ги преплаши сите присутни и сите гледачи во преносот. Едвај го спасија, подоцна му ставија и дефибрилатор но во Италија не му дозволија да игра со овој апарат.

Пеп Гвардиола за разликата меѓу Реал и Сити

Реал Мадрид и Манчестер Сити имаа бројни меѓусебни натпревари изминативе години во Лига на шампиони и најчесто се среќаваа во самата завршница, во нокаут фаза. Реал годинава беше поуспешен, победи дома 3-0 и на гости 1-2 и со вкупен резултат 5-1 оди во четвртфинале. Пеп Гвардиола вели дека во Реал се смета за неуспех ако не се освои Лига на шампиони а Сити уште не е на тоа ниво, ако испадне-испадне.

Видео од одземањето на медалите на Сенегал

Ваква будалаштина немавме видено во фудбалот. 58 дена после завршувањето на Купот на Африкански нации, на Сенегал им е одземена титулата и им е запишана на Мароко. На Твитер веќе направија пародија, како тоа би изгледало во пракса.

Историски преседан и скандал во Африка: Одземена титулата на Сенегал и доделена на Мароко

По незапаметениот скандал во финалето на Куп на Африкански нации кога имаше циркузи на дуелот меѓу домаќинот Мароко и Сенегал, сега се случува уште поголема брука. Невидена досега во светот на фудбалот.

Пеп им честиташе на сите, Рудигер не го прифати баш

Реал Мадрид со две победи против Сити оди заслужено во четвртфинале на ЛШ. Пеп Гвардиола се помири со поразот и отиде да им честита на играчите. Ама Антонио Рудигер нешто му беше лут.

Ова е тоа „се фрли како мачка?“

Една од најјаките, ако не и најјака голманска интервенција на синоќешните реванш осминафинални средби од ЛШ е онаа на Давид Реја, кој не им дозволи на фармацевтите ниту намалување на резултатот од 2:0.

Феноменалниот гол на Еберечи Езе за Арсенал

„Топџиите“ од северен Лондон играат маестрална сезона и во лов се на дури 4 шампионски круни: во Лига на шампиони, во ФА Куп, во Лига Куп и во Премиер лига. Секаде им оди одлично. Вечерва во реваншот со Баер Леверкузен славеа 2-0 и одат понатаму во четвртфинале. Еберечи Езе постигна бравурозен гол од 20-ина метри!

Винисиус со два гола го реши Сити и пак изведуваше, ПСЖ го прегази Челси ко плиток поток

По Спортинг Лисабон кој направи чудо и со 5-0 го растури Бодо Глимт па ја анулираше негативата од 0-3 на првиот дуел, вечерва во четвртфинале се пласираа уште и Реал Мадрид, Арсенал и ПСЖ.

Линискиот судија го отепавте бре луѓе

По ремито во Леверкузен на првиот дуел против Баер во Германија минатата недела (1-1) Арсенал вечерва рутински пред своите навивачи води со 2-0 и е на прагот на пласман во четвртфинале на Лига на шампиони. Во 40' минута од дуелот додека се загреваа крај аут-линијата гостинските фудбалери го превртеа линискиот судија зошто немаа доволно простор за загревање.

Чудо на Спортинг Лисабон, го размонтира Бодо Глимт со 5:0 и оди во четвртфинале

Вечерва во Лисабон заврши најголемата фудбалска бајка во Лига на шампиони сезонава. Норвешкиот Бодо (Норвежаните го изговараат Буде) Глимт откако го победи Спортинг Лисабон на првиот меч со огромни 3:0, вечерва во Лисабон прими толку гола во основниот дел, уште два во продолженијата и испадна.

Да видиш во Бразил колку се сака репрезентацијата

Бразилците сонуваат за нов мундијалски пехар. Како најтрофејна земја со дури 5 шампионски трофеи од Светските првенства, „кариоките“ од 2002-ра година во, цели 24 години чекаат нова титула. Сега за 2 пријателски средби против Франција и Хрватска во САД, селекторот Анчелоти го прочита составот кој во Бразил се слуша како светост. На него за првпат е и Игор Тиаго, напаѓачот на Брентфорд кој има 19 гола во Премиер лига сезонава. Неговото семејство плачеше од среќа кога го слушна името.

Убаво е на фудбал во Норвешка

Почна новата фудбалска сезона 2026/2027 во Норвешка каде топката се тркала во поинаков календар од оној во најголемиот дел од европските лиги. Норвежаните поради сурово студените зими почнуваат фудбалска сезона од март и играат до ноември. Актуелниот шампион Молде со победа од 2-0 против Розенборг ја стартуваше сезоната.

Во Бразил нема лимити со топка

Човек право само да оди со овие може нос да скрши. Погледнете ги они што прават.