Фудбал

Златан кратко и јасно за Белгија - Иран

По Еквадор - Курасао и Шпанија - Зеленортски Острови, селекциите на Белгија и Иран го одиграа третото реми без голови. За најздодевниот резултат во фудбалот Ибрахимовиќ не ја должеше многу со анализата.

Иранецот како мачка

Белгија и Иран одиграа без голови во Лос Анџелес а најзаслужен беше голманот на Иранците Алиреза Беиранванд кој беше избран за играч на натпреварот.

Голчиште од 30 метри, Зеленортските Острови повторно сопреа светски првак

Дебитантот со едвај половина милион жители игра лудо Светско првенство. По ремито 0:0 против Шпанија, му одигра јуначко реми и на фаворитот Уругвај и тоа со резултат 2:2. Првиот гол во нивната мундијалска историја ќе му остане запишан на Кевин Пина кој игра за Краснодар. Во трето коло против Саудиска Арабија ги чека нестварна битка за нокаут фаза.

Шпанија ја растури Саудиска Арабија за 14 минути

Црвената фурија се разбуди после киксот со Зеленортските острови и фуриозно ги суреди Саудијците со 4:0. Мечот беше решен уште во 24 минута кога на семафорот стоеше 3:0. Јамал во 10 минута го запиша првиот мундијалски гол на 18 години. Следуваа два брзи гола на Ојарзабал во 21 и 24 минута. На стартот од второ аутсајдерите си постигнаа автогол.

Турски коментатор на месецот

Репрезентацијата на Турција е најголемо разочарување на целото Светско првенство 2026. Дојдоа со високи амбиции, со генерација која ја споредуваа со онаа која освои трето место на Светско првенство 2002, но на крај изгубија 2 натпревари и испаднаа од борбите за пласман во следна фаза. Изгубија од Австралија 2-0 и од Парагвај кој играше цело второ полувреме со играч помалку 1-0. Турскиот коментатор Гокхан Динч револтиран урлал во студио.

Курасао го освои првиот историски бод на Светско првенство, голманот правеше чудеса

Ако голманот на Зеленортски Острови Возиња беше хит откако оваа селекција успеа да освои бод против европскиот шампион Шпанија и да одигра 0-0, сега голманот на Курасао го надмина и постави нов светски рекорд во број на одбрани на натпревар од Светско првенство.

Не е готово додека Германија не каже дека е готово

Неверојатно звучи фактот дека Германија е во нокаут фаза првпат после цели 12 години, односно по победничкото Светско првенство 2014-та година во Бразил. Германците понатаму ги носи шпицот на Штутгарт Денис Ундав со два гола, еден победнички во 90+4' минута.

Холандија со час по фудбал за Шведска

Холандија ја разби Шведска во Хјустон каде до 54-та минута ѝ даде 4 гола. На крајот Брајан Броби постигна два гола колку што даде и Коди Гакпо кој имаше и асистенција. Новиот десен бек на Реал Мадрид Дензел Думфрис забележа две асистенции и Холандија практично ја разби Шведска. Швеѓаните намалија на 4-1 во 59' минута преку Еланга, а точка става Самервил со гол за 5-1!

Маестрални потези на Ибрахимовиќ и Анри во студио

Какви мајстори се овие двајца великани! На страна стручните коментари за американскиот канал Фокс за Светското првенство, вечерва земале и топка. Дар-мар!

Мароканец го даде еден од најбрзите голови на Светски првенства

Центарфорот на ПСВ Ајндховен, 25-годишниот Исмаел Саибари го отвори резултатот на мечот Шкотска - Мароко уште во 81 секунда кога постигна прекрасен гол со разорен шут. Ова е еден од најбрзите голови на Светските првенства во историјата.

Судијата Феликс Цвајер доби грчеви

45-годишниот врвен германски судија Феликс Цвајер изгледа како и многу фудбалери не се навикнал многу на вештачките хибридни тревници на Светското, па вечерва доби грчеви во 90+3' од мечот меѓу САД и Австралија (2-0). Го масираа па продолжи уште некоја секунда.

САД со две победи веќе се во следна фаза

По Мексико и САД како домаќини на Светско првенство 2026 се пласираа во следната фаза. Американците вечерва ја совладаа Австралија со 2-0 со автоголот на Камерон Бергес во 11-та минута и голот на Алекс Фриман во 43' минута.

Во Узбекистан се гледа Светско и на свадба

Репрезентацијата на Узбекистан игра на своето прво Светско првенство во историјата откако успеа да се пласира преку азиските квалификации. На нивниот прв натпревар го дадоа и првиот гол на Светските првенства. Изгубија убедливо 3-1 од Колумбија но оставија добар впечаток. А во нивната земја фудбалот се гледа на секој чекор.

Нова порција голови со домашни коментатори

Коментаторите на државните телевизии на Чешка, Мексико, Канада и Јужна Африка прописно се израдуваа и извикаа на головите на нивните репрезентации синоќа.

Најгрубиот старт на Светско, морничава повреда и црвен картон

Канада го прекрши Катар со 6-0 и забележа една од најубедливите победи во историјата на Светските првенства. Но овој историски триумф помина во тешка повреда на Исмаел Коне од Канада врз кого страшно стартуваш младиот Катарец Асим Мадибо кој доби црвен картон по ВАР снимка.

Зошто на Светско првенство сите фудбалери играат во розеви копачки?

Од првиот ден на Мундијалот 2026 некои гледачи се запрашаа зошто сите фудбалери играат во розеви копачки? Што е работата?

Пратеници во Норвешка веслаа во Парламент

Навивачите на Норвешка која после цели 28 години се пласираше на едно Светско првенство, се прав хит на Мундијалот. Во САД тие имаат својствено веслање како легендарните викинзи. Извикуваат „Ру“ додека во исто време веслаат. Ова симпатично навивање се пренело и во нивниот парламент.

Го ставиле Златан Ибрахимовиќ на детектор

На Фокс Спорт е баш забавно. Стручни коментатори и мајтапџии во студиото за Светско првенство се Тиери Анри, Златан Ибрахимовиќ и Алекси Лалас. Сега последно, му ставиле детектор за лаги на Златан Ибрахимовиќ и го прашале дали е подобар играч од Анри?

6-те гола на Канада против Катар

Канаѓаните покажаа одличен фудбал во 1. коло против Босна и Херцеговина и одиграа само 1-1. Но сега ги наплатија сите промашени шанси против Босанците, а сметка му стигна на Катар кој изгуби 6-0. Канада ја забележа една од највисоките победи во историјата на Светските првенства и со 4 бода веќе е во следна фаза. 

Со плави капи како жонглери

Светското фудбалско првенство во САД, Мексико и Канада е главна светска тема. Се играат многу натпревари на огромните стадиони преполни со навивачи. А забавно е и надвор каде еден џандар покажа фудбалски вештини.

Швајцарија пресилна, ја декласираше Босна и Херцеговина

Неверојатен натпревар се одигра во Лос Анџелес каде 74 минути имаше крајно досаден фудбал за да во последните 20 минути да паднат дури 5 гола! На крај Швајцарија - БиХ 4-1 (0-0).

Прекрасен гол на Португалија и даде фудбалер кого жена го изгорела со солна киселина

Дваесет и девет годишниот фудбалер на Њукасл, Конгоанецот Јоане Виса израдува 120 милиони жители на оваа земја со историски прв гол за Конго и тоа против можеби најголемиот фаворит за освојување Светско првенство - Португалија. Но малкумина го знаат тешкото минато на играчот.

Селекторот на Англија Тухел: „Ја молам Фифа“

Селекторот на Англија, Германецот Тухел бил разочаран што фотографи му го расипале доживувањето и моментот за кој сонувал од млад.

Жолтото море од Колумбијци и првиот историски гол на Узбекистан

Колумбија го отвори Мундијалот со убедлива победа 3-1 против дебитантот Узбекистан. На стадионот „Ацтека“ во Мексико пред повеќе од 80.000 гледачи од кои најголем дел Колумбијци, Узбекистан изгуби но го прослави првиот историски гол за нивната репрезентација на едно Светско првенство.