Фудбал

Ремек-дело на вечерта од 18-годишен Грк

Константинос Карецас е роден во Генк во Белгија во ноември 2017-та година. Пред само неколку дена станал полнолетен. Игра во матичниот роден клуб каде ги поминал сите возрасни категории и стигнал до прв тим. Сезонава во Лига Европа има 1 гол и 2 асистенции на 5 натпревари. Настапува за Грција за која на 9 настапи има 3 гола. Проценет е дека вреди 23 милиони евра. Синоќа даде еврогол во победата на Генк над Базел 2-1.

Фудбалер кој од школо има два класа

Бразилецот Антони стана право мало фудбалско чудо во Бетис. Го живна овој тим кој му ја препороди кариерата по катастрофалните настапи во Манчестер Јунајтед. Дава голови, асистира, ама знае со некој глупав потег да се обрука. Како на пример синоќа на дуелот Бетис - Утрехт (2-1) кога со глава го удри противничкиот фудбалер Ел Каруани.

Простаклук на еден шведски фудбалер

Дваесет и девет годишниот шведски фудбалер Виктор Едвардсен од холандскиот клуб Го Ахед Иглс синоќа со рака покажувал на својот нос со цел да го исмее носот на противничкиот играч од Штутгарт Анџело Штилер. Соиграчите на Германецот веднаш му се пуштија.

Пас на голманот на Арсенал за во учебниците

Давид Раја на мечот против Баерн се истакна со додавање, кое гориме од желба да го видиме од сите агли. И тоа на тацна го најде. Нема рогање, нема паника. Погледнете ја оваа уметност.

Волеј за мерак на душата кој не го бранат 40 Буфони

Џонс Ел Абделауи е роден во Норвешка, но поради потеклото игра за Мароко У-20, а член е на Селта. Шпанскиот тим загуби 3:2 на гостувањето против Лудогорец, а мечот заврши со ремек дело на 19 годишникот во 96-та минута. Ептен јако и атрактивно ја финишираше.

Ходникот на стадионот на Болоња кој нејќе да заврши

Стадионот Ренато Дал'Ара е тазе реновиран и идеален за тренирање, уште во подтрибинскиот простор, барем што се однесува до трчањето. Човек да се измори додека да стаса до теренот.

Пандев ќе ја предводи Македонија на интересен турнир во Италија

На 13-ти и 14-ти декември во Рим селекција на Македонија предводена од нашиот легендарен фудбалер ќе игра на еден интересен турнир во мал фудбал со 7 играчи.

Фудбалска лакрдија во Боливија заврши со 17 црвени картони

Во Јужна Америка имаат невидена страст за фудбал, ама и многу краток фитиљ. Исходот од четвртфиналниот натпревар од Купот на Боливија помеѓу Реал Оруро и Блуминг брои неверојатни 17 црвени картони. По завршувањето на мечот се степаа играчите, тренерите и членовите на стручниот штаб.

Фото на денот од ЛШ

Фабио Капело, Алесандро Костакурта, Паоло Ди Канио и Горан Пандев, плус двајца водители. Друштвото што Скај Спорт го бара да анализира натпревари во Лига на шампиони. Тоа е тоа, ако на некој уште не му е доволно јасно, колку почитувана величина имаме во светскиот фудбал и 15 години после историската тројна круна со Интер.

Магијата во сала на 11 години, на тинејџерот кој стигна до Баерн

Клипов во 2019-та со дете од Анјтрахт Франкфурт У-11, стана вирален на интернет. Кој е малиот? Ленарт Карл. Во 2022-ра стана дел од академијата на Баерн. Летово дебитираше за прв тим на Светското клупско првенство, а оваа сезона има 15 настапи, како и по 2 гола во Бундеслига и ЛШ. Со 17 години и 242 дена, стана најмлад стрелец на Баварците, надминувајќи во Мусиала. Ова ремек дело наговестуваше дека нешто доаѓа.

Утринските ритуали на Марадона на Светското 1994

На Мундијалот во САД, кој не го доигра поради суспензија за користење кокаин, Диего имал 34 години. Погледнете колку работел од сабајле на себе. И тоа со индивидаулни тренинзи, башка на терен со репрезентација.

Модриќ: Би се плашел да го посакам и запишам на хартија, тоа што го остварив со Реал

„После првата проба на списокот на Зрињски во Мостар, ме немаше на список. Отидов под туш, плачев од разочарување и се молев никој да не ме види“.

Супстанца од вештачка трева предизвикувала пад на фудбалски допинг-тест

Норвешки клуб добил една правна битка и сега поучен од искуството бара фудбалската јавност да ги регулира правилниците за анти-допинг тестови.

„Витиња ќе биде следна Златна топка“

ПСЖ и Тотенхем одиграа натпревар за сечиј вкус. Мераклиски дуел со дури 8 гола, на крај ПСЖ славеше 5:3. Тренерот на англискиот состав, Данецот Томас Франк вели дека Португалецот Витиња кој постигна дури три гола и имаше асистенција е најдобар фудбалер од среден ред на светот и дека ќе биде следен добитник на наградата Златна топка.

Навивачите на ПСВ ги испраќаа домаќините дома уште во 85-та, серијата им е загрижувачка

Актуелниот шампион на Англија е непрепознатлив. Четири парчиња изеде дома од Ливерпул, за втор пораз во ЛШ. Во Премиер лига имаа шест пораз. Цела сезона имаа вкупно 9 на 18 меча или попрецизно, 9 порази на последните 12 меча. Од 1954-та не паметат ваква статистика. 

Четири гола на Мбапе, хет-трик за 7 минути

Олимпијакос и Реал Мадрид одиграа спектакуларен натпревар кој уште долго ќе се раскажува. Реал водеше, грчкиот шампион постојано се враќаше. Килијан Мбапе даде 4 гола и влезе на вечната листа ретки мајстори со 4 гола на 1 натпревар во Лига на шампиони. Французинот кој во 2018-та стана светски шампион, синоќа за 7 минути од 22-ра до 29-та постигна три гола на „Караискаки“.

Нема навивач на Манчестер кој не ја памети акцијата од Бербатов

Димитар Бербатов за четири сезони во Манчестер Јунајтед постигна 56 гола. Некои од нив се посебни, како овој на денешен ден пред 15 години. Реткост е играч со број 9, вака да сработи акција. Цела од почеток до крај, па уште и да реализира.

Реал и ПСЖ примија по 3 гола а победија, Арсенал го нокаутираше Баерн Минхен

Неверојатно ефикасен фудбал се играше вечерва во Лига на шампиони. Ливерпул е потопен на свој терен од ПСВ Ајндховен кој му даде 4 гола на „Енфилд Роуд“. Килијан Мбапе сам даде 4 гола против Олимпијакос кој јуначки му одигра на Реал Мадрид. Пари Сен Жермен со 5-3 го совлада Тотенхем а Арсенал докажа дека игра најубав фудбал во моментов.

Тотенхем е на пиадесталот со трол видеа

Кутрите 64 години чекаат титула во Англија. На последниот меч загубија 4:1 од Арсенал, резултат кој се смета за огромен дебакл во градско дерби. Гори нетот после поразот.

Карлос Тевез на улица?

Двојник на легендарниот аргентински фудбалер, во дрес на Бока Јуниорс, омилениот клуб на Карлос Тевез за кој се изнаигра и изнадава голови. Човек стварно да се штукне од памет да го види како ти брише шофершајбна.

Промовиран првиот шпанско–македонски фудбалски речник

Во речникот се претставени сите 20 клуба од Ла Лига. Содржи стручни термини, но и зборови од разговорниот јазик и претставува значаен ресурс за фудбалерите, тренерите и сите спортски работници. 

Пеп откри зошто изгубиле дома од Леверкузен

Баер Леверкузен направи големо изненадување откако го совлада Манчестер Сити кој до синоќа победил дури 12 натпревари по ред против германски противници. Со головите на Алехандро Грималдо во 23-та минута и Патрик Шик во 54-та, Леверкузен славеше 0-2. Пеп Гвардиола откри зошто изгубиле

Дортмунд промаши два пенали на ист натпревар првпат после '97-ма

На 5-ти ноември 1997-ма година Борусија Дортмунд во групна фаза од Лига на шампиони ја победила Парма 2-0 со два гола на Андреас Милер. На тој натпревар младиот 19-годишен Џиџи Буфон им фатил два пенали на Германците, на Шапуиза и на Милер. Синоќа Борусија Дортмунд со 4-0 го совлада Виљареал во Лига на шампиони и пак промашија 2 пенали на еден ист натпревар, првпат после цели 28 години.