Фудбал

Деби со прекрасен гол на малиот Ендрик за Реал Мадрид

Реал Мадрид со 3-0 го совлада Ваљадолид во 2. коло од шпанска Ла Лига и ја забележа првата победа во сезоната во домашното првенство. И покрај тоа што во тимот беа ѕвездите Мбапе, Винисиус и Родриго, головите ги дадоа Браим Диаз, Валверде и малиот Ендрик кој влезе во игра во 85’ минута наместо Мбапе.

Чехот Томаш Сучек е јунак на колото во Премиер лига - спаси потиснато дете

Во малото лондонско дерби, Вест Хем на гости го совлада Кристал Палас 0:2 во 2. коло од Премиер лигата. Чешкиот репрезентативец Томаш Сучек постигна еден гол, а за време на прославата на вториот гол на неговиот тим, додека навивачите хаотично скокаа на теренот, извади едно дете потиснато од незгоден рекламен предмет.

Невозможен гол во Чемпионшип, волеј од 35 метри

Оксфорд Јунајтед изгуби 2:1 на гости кај Блекбурн Роверс во втората англиска лига Чемпионшип, ама голот кој го постигна Марк Харис во 44' минута сигурно ќе конкурира за најубав на сезоната и за наградата „Ференц Пушкаш“.

Кралот на прес-конференциите: Жељко Сопиќ од Ријека

Педесет годишниот хрватски тренер Жељко Сопиќ кој ја води Ријека, во Хрватска важи за тамошен Жозе Мурињо на прес конференциите. Знае да им одбруси на новинарите кои прашуваат само колку да прашаат. Од типот: „Ќе напаѓате ли денес“?

Луд почеток на Бундеслига - шампионот Леверкузен по свое, победа со гол во 101' минута

На отворање на новата сезона од германската Бундеслига, првакот Баер Леверкузен славеше на гости 2:3 кај Борусија Менхенгладбах.

Што знае Жорж Жезус што се 70 години?

Ал Хилал во саботата по којзнае кој пат го истепа Ал Наср на Кристијано Роналдо. Овојпат во Супер Купот, исто убедливо со 4-1 со два гола на Александар Митровиќ, еден на Сергеј Милинковиќ-Савиќ и еден на Бразилецот Малком. Кристијано постигна погодок за Ал Наср. Тренерот на Ал Хилал, 70-годишниот Жорже Жезус подоцна на тренинг покажал во каква форма е.

Роналдо со гол ја отвори сезоната, му фали уште малку до 900

Во Супер Купот од новата сезона во Саудиска Арабија, Ал Наср одиграл само 1-1 против Ал Раед. Кристијано Роналдо го постигнал својот прв гол сезонава во 34’ минута од натпреварот. Ова беше 35-ти гол во календарската година за Роналдо кому сега му фалат уште 8 погодоци за да стигне до неверојатниот рекорд од 900 гола за клуб и репрезентација во кариерата.

Каков пас на Руни на тренинг, го тераат пак да игра

Триесет и осум годишниот Руни од летово стана нов тренер на второлигашот Плимут од Чемпионшип. Некогашниот шпиц на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација покажал на еден отворен тренинг дека уште го има осетот.

Пеп откри од кого му е најмногу страв сезонава

Најдобриот тренер на светот отворено кажа од кој ривал ќе му биде најфуфка сезонава. „Тие не играат Европа, ќе имаат само еден натпревар неделно и енергијата со која ќе играат, силата со која ќе играат со само еден натпревар, ќе се тресеме против нив“.

Фудбалер на Бока Јуниорс доби црвен после 9 секунди игра

Во осминафинале на Копа Либертадорес Бока немаше среќа па немаше. Играа против бразилски Крузеиро. Првиот меч во Буенос Аирес го добија 1-0. На реваншот во Бразил, во 9’ секунда нивниот важен играч Луис Адвинкула доби директен црвен картон поради непромислен старт. Издржи Бока да изгуби 2-1 и да го однесе натпреварот на пенали но таму Мерентиел го промашил последниот пенал во серијата и Бока испаднала.

Давид Де Хеа му се врати на фудбалот после 447 дена

Некогашниот шпански репрезентативец и легендарен голман на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа конечно пак застана меѓу стативите. По долга повеќемесечна пауза, по точно 447 дена, шпанскиот голман го облече дресот на Фиорентина и дебитираше во плејофот за Лига Конференции кој заврши 3:3. Де Хеа дури три пати ја вадеше топка од својот гол па сега пред реваншот во Унгарија, виолетовите ќе имаат тешка задача.

Најнепосакуваниот противнички тим во историјата на фудбалот

Ги гледаме еден по еден и размислуваме, кој е овде најнежен или дали воопшто има таков? Премногу ли е ако кажеме топ 11 кољачи или тепачи? И уште едно прашање. Кој би бил адекватен тренер на тимов?

Дејан Бодирога vs Кармело Ентони

Ова балканциве од стално ги бивало за баскет, мајката.

Како Олисе го шина пола Манчестер Јунајтед

Мајкл Олисе летово беше главна трансфер цел на Баерн Минхен. 22-годишниот крилен напаѓач дојде кај Баварците за вртоглава сума од 53 милиони евра. Лани даде неколку гола и имаше неколку асистенции а се прослави откако направи дар-мар во триумфот 4-0 против Манчестер Јунајтед. Снимено од камера на главниот судија што беше преседан во Премиер лига. Олисе на тој дуел даде два гола.

Добро, што е со човеков?

Давиде Фратези од Интер за време на прославата на вториот гол на Турам против Џенова за пресврт. WTF?

Еве ви пенали, победете ако не ви е срам

Во финишот на големото дерби во Венецуела меѓу Тачира и Каракас, судијата по прегледување ВАР му поништил речиси чист гол на Каракас. Гостинските фудбалери бурно реагирале, добиле и два директни црвени картони поради протести, но одлуката останала на сила и мечот завршил нерешено 1-1. Во фудбалската лига на Венецуела има необично правило секој меч кој ќе заврши 1-1 да продолжи на пенали каде ќе се реши победникот. Гостите од Каракас од револт шутирале далеку од голот, лежерно и намерно.

Премиерлигашки имиња конечно ги решија сите дилеми како се изговараат

Самиот Ерлинг Халанд кажува како се изговара неговото презиме и става дефинитивен крај на сите дебати и дискусии. Исто и Фернандеш, Дајч, Зиркзи и други.

Шкорпион на денот

Во Купот на Индија познат како Дуранд Куп, тимот на НортИст Јунајтед го совладал тимот на Индиска Армија со 2-0. Едниот од головите го дал 31-годишниот Шпанец Гиљермо, а неговиот погодок веќе влезе на листата најубави летово. Со удар „шкорпион“.

Роналдо избира меѓу Ѓоковиќ и Надал

Кристијано Роналдо пред помалку од 24 часа отвори Јутјуб канал. Бројките му се и повеќе од фасцинантни. Има преку 16 милиони следбеници и над 40 милиони кликови после 19 објавени видеа. Во едно од нив доби задача да избере меѓу два спорта или двајцата спортисти. Прашањето за Новак и Рафа се покажа како најтешко.

Бомбардиран голман

Првиот натпревар од осминафинале на Копа Либертадорес меѓу Стронгест од Боливија и Пењарол од Уругвај го добија домаќините 1-0 со гол од пенал во 44’ минута. Натпреварот во еден момент бил прекинат затоа што гостинскиот голман Вашингтон Агуере бил гаѓан со топовски удари, бакљи и петарди.

Замислете коментатор да го стават братов

Стварно требаше да му ја подадеш. Вака само нервози му правиш на батево.

Атлетико Мадрид направи фешта од презентацијата на новите засилувања

Хулиан Алварез од Манчестер Сити - 75 милиони евра. Конор Галагер од Челси - 42 милиони евра. Робин Ле Норманд од Реал Сосиедад - 42 милиони евра. Александар Сорлот од Виљареал - 32 милиони евра. Се потрудиле и повеќе од очекувањата. Право шоу.

Топ 5 играчи на Реал Мадрид според рангот на Роберто Карлос

Бразилската легенда доби 5 славни имиња кои треба да ги смести во табела од 1 до 5. Задачата воопшто не е лесна, со оглед на тоа кои му се паднаа.

Како е можно овој да игра во Премиер лига?

Па уште и во Челси. Се работи за Бенуа Бадијашил за кој Сините од Лондон, пази, на Монако во јануари 2023-та му платија 37 милиони евра. До крајот на првата сезона имаше 11 настапи во Премиер лига, а минатата сезона 18. Добро, што скаути ќе имаше овој Челси?