Фудбал

Нокаут автогол на Бејл

Тамам пишавме дека го имаме автоголот на годината и веднаш не демантираа. И тоа не било кој, туку Герет Бејл со нокаут-автогол на натпреварот против Ливерпул.

Голчиштето на Рами од пола терен

Валенсија го победи третолигашот Љагостера во рамките на шпанскиот куп со 3:1, а голот на вечерта го постигна Адил Рами кој го совлада противничкиот голман со удар од 50 метри.

Тагата на Барселона

Во новата книга на официјалниот клупски фотограф, Мигуел Руиз, се објавени до сега неприкажани фотографии од фудбалерите на Барселона по елиминацијата од Челси во полуфиналето од Лигата на шампиони.

Во Каљари нема седиште со број 17

Ако случајно одите на натпревар во Италија на реновираниот стадион на Каљари, немојте да се збуните ако не можете да го најдете седиштето со број 17. На стадионот Ис Аренас во Каљари такво седиште не постои.

Клизачи од полиција

За овој лизгачки старт од зад грб со две нозе судијата не покажа црвен картон. Нормално, затоа што се работи за старт од полицаец над навивач кој влета во терен за време на натпревар од израелското првенство помеѓу Макаби Хаифа и Беитар Ерусалим.

Бернандинецот кој го спаси Манчестер Јунајтед

Спортските клубови во минатото имале живи маскоти, а една од нив и тоа како ја промени историјата на еден од најславните фудбалски клубови. Да не беше бернендинецот Мејџор, можеби денес немаше да постои Манчестер Јунајтед.

По стапките на тато Георге

Јанис Хаџи, син на легендарниот романски фудбалер со македонско потекло, Георге Хаџи постигна прекрасен гол за репрезентацијата за фудбалери до 15 години на натпреварот против Турција.

Кога судиите ќе возвратат

Во повеќето земји судиите страдаат од хулигани, но во Тринидад и Тобаго полицијата го спасуваше навивачот кој се обиде да го нападне помошниот судија.

Златан да те згрее

Додаваме уште еден предлог на нашата листа за новогодишни подароци. Тоа е џемперот инспириран од Златан Ибрахимовиќ кој го изработи една американска уметничка за нејзината изложба во Малме. Сигурно добро ќе му стои на „другар му" Гвардиола.

Мурињо има најдолг стаж во Примера

Можеби звучи чудно, но овој факт покажува колку е краткотраен работниот век на тренерите во шпанската Примера. Жозе Мурињо кој во кариерата до сега во ниту еден клуб се нема задржано повеќе од 3 години, моментално има најголем стаж во лигата.

Годишнина од самоубиството на Гери Спид

На денешен ден пред една година во неговиот дом беше пронајдено безживотното тело на Гери Спид. Тогашниот селектор на фудбалската репрезентација на Велс си го одзеде животот со бесење, а фудбалскиот свет веќе цела година си го поставува прашањето: „Зошто?"

Медиумите и Бенитез станаа жртви на интернетот

Огромен број на светски медиуми, а потоа и голем број на македонски медиуми ја пренесоа изјавата на Бенитез од 2007-та година кога тој изјавил дека никогаш нема да седне на клупата на Челси. Овие медиуми беа жртва на интернетот.

Шпанија Vs. Каталонија

Што ако Каталонија добие независност? Кој ќе победи при евентуален дуел на Шпанија и Каталонија?

Љаки во стилот на Рамос

Тетекс го совлада Силекс со 2:1 во дербито на дното од македонската Прва лига, а домаќините може да слават и повисока победа, но Владимир Секулоски - Љаки со ударот од белата точка за малку ќе ја префрлеше и трибината на стадионот во Тетово. Серхио Рамос може вода да му носи.

Барселона на домашен погон

Во 13-то коло од шпанската Примера, екипата на Барселона славеше на гостувањето кај Леванте со 0:4, а на поголемиот дел од овој натпревар на теренот играа 11 фудбалери кои се производ на нивната академија.

Второлигаш го освои норвешкиот куп

Екипата на Ход која едвај се спаси од испаѓање во трета лига, во финалето на норвешкиот куп го победи Тромсо и следната сезона ќе ја претставува оваа земја во Лига Европа.

Буфон: „Јувентус заслужи пораз од Милан“

Во дуелот помеѓу најтрофејните екипи во Италија, Милан со спорен пенал го победи Јувентус, но голманот на актуелниот шампион призна дека неговиот тим го заслужил поразот.

Автогол на годината

Во 2012-та се изнагледавме автоголови, но овој најверојатно ќе биде прогласен за автогол на годината, или пак Али Ал-Хабси ќе биде прогласен за најсмотан голман. За среќа на голманот на Виган, неговиот тим со гол во последна минута го победи Ридинг со 3:2.

Голови на неделата

Погледнете го изборот на TVGOLO на најдобрите 10 голови од изминатите седум дена, а помеѓу нив се и мајсториите на Бензема, Подолски и Мексес.

И навивачите имаат големо срце

За фудбалските навивачи отсекогаш постоеле стереотипни мислења дека тие се пијаници, тепачи и хулигани кои само прават бељи, но многупати тие го докажале спротивното. Еден таков пример е третманот на навивачите на Астон Вила кон нивниот поранешен капитен, Стилијан Петров.

Божем гол

Навивачите на Монпеље немаат многу причини за славје во Лигата на шампиони затоа што францускиот шампион освои само еден бод, па тие на гостувањето кај Арсенал решија да глумат дека нивниот тим дал гол.

Мала разлика

Помеѓу два гола на натпревар од полска лига помеѓу Белхатов и Полонија, односно помеѓу 27-та и 80-та минута се случи една мала промена на теренот.

Барселона е многу повеќе од еден фудбалски клуб

Русите го искористија гостувањето на Барселона во Москва на натпреварот од Лигата на шампиони против Спартак, за лично од човекот задолжен за економскиот и статегиски развој на клубот, потпретседателот Хавиер Фаус да го проучат бизнис моделот на Барселона.