Од Ѓорче до Романија, преку Чаир до Бугарија, па се до далечните Кина и Кореја. Мераклиски беше да се разговара со поранешниот македонски репрезентативец познат како Тупан. Вардарец во душа, кој мрази Фејсбук, отворен и расположен за кафе муабет со секого.
Голманската позиција беше често пати критикувана како слаба точка на Барселона. Со назначувањето на новиот тренер, Каталонците ја официјализираа и замената за Валдес која доаѓа од Бундеслигата. Се работи за младиот талентиран голман на Борусија Менхенгладбах, Марк Андре Тер Штеген кој по видеово ветува многу.
Поранешниот италијански прволигаш Бари во последен момент избегна банкрот. По долга и голема неизвесност, клубот во кој кариерата ја започна Антонио Касано отиде во рацете на поранешниот славен арбитар, Џанлука Папареста.
Сезоната 2013/2014 од Серија А сигурно ќе се памети по повлекувањето на дресот со број „4“. Вчерашните 90 минути беа последните во неговата 19 годишна кариера во Интер, од каде како играч се повлекува со 16 пехари, од кои 13 ги подигна како капитен.
Искусниот холандски стратег и официјално го презема кормилото на Манчестер Јунајтед од следната сезона, а до него ќе седи легендата на клубот Рајан Гигс кој ги водеше „Црвените Ѓаволи" во последните неколку кола по отпуштањето на Дејвид Мојс.
Екипата на Леон ја одбрани титулата во мексиканското првенство со победа на финалниот меч против Пачука по продолженија, а тренерот Густаво Матосас на оригинален начин ги мотивираше своите фудбалери да издржат машки до крај.
Петицата на Лукарели и Паласио, ножичките на Коне и Флоренци, лобот на Пјаниќ, бомбите на Балотели и Погба. Викендов беше спуштена завесата во италијанскиот фудбалски шампионат, а од 1035-те постигнати голови, погледнете ги најдобрите 10.
По мизерната сезона во која за прв пат по 25 години Манчестер Јунајтед остана без настап во Европа, триото Де Хеа, Ван Перси и Јанузај за казна добија задача да рекламираат ќофтиња во Кореја.
Панини и овој пат ги пушти во продажба албумот и сликиците уште неколку месеци пред да се знаат составите на репрезентациите за Светското првенство, па само до сега има 33 фудбалери чии сликици непотребно ги залепивте.
Додека целиот свет испраќа помош и пораки со поддршка за настраданите од поплавите во Србија и БиХ, мала група тапоглавци од Косово се истакна со идиотска порака.
Според првичните пошироки списоци на репрезентациите кои селекторите ги објавија во пресрет на Светското првенство, актуелниот шампион ќе го има најскапиот тим во Бразил.
35-годишниот Кристијан Ледесма во дресот на Ривер Плејт имаше одиграно 110 натпревари за 7 сезони, но немаше постигнато ниту еден гол. Сè до вчерашниот дуел со Куилмеш кога постигна и тоа како добар гол со кој ја најави првата титула на Ривер од 2008-та година.
Селекторските одлуки секогаш се повод за дебати, посебно ако се работи за списоците на фудбалери кои ќе настапат на Светското првенство. Ова се неколкуте фудбалери за кои селекторите одлучија дека ќе го гледаат првенството на ТВ.
Му го стокмија и новиот договор, вкупно седми во Барселона за девет години, овој пат од рекордни 20 милиони евра годишно. Тоа е доказ дека четирикратниот освојувач на „Златната топка“ ќе го гледаме уште долго на „Камп Ноу“. Еве како може да ги троши парите.
Спортскиов викенд ќе биде осиромашен без Премиер лигата па затоа е време за краток осврт. Во центарот на вниманието беше кутриот Мојс, шоуменот Мурињо, спасителот Пулис, рекордерот Суарез и неговиот Ливерпул, шампионскиот тим на Пелегрини...
Викендов се игра мечот на сезоната во Примера на кој ќе се решава титулата во директен дуел помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид, а ова видео од тренингот на Каталонците изгледа како да се на претсезонски подготовки.
Иако се работи за голем пазар јужноамериканскиот континент не може да се мери со европскиот каде доминира продажбата на шпанските и англиските клубови.
Викендов фудбалерите на Арсенал и Хал Сити ќе се борат за пехарот од ФА Купот кој е само трет во 143-годишната историја на ова натпреварување. За изработка на пехарот кој е тежок 6,3kg и висок 61,5cm на мајсторите им беа потребни 250 часа.
Толку од ветувачката европска сензација, Анжи Махачкала. Милијардерот Керимов кој на Роберто Карлос му купи за роденден автомобил од 1,8 милиони евра и го направи Ето најплатен фудбалер во историјата, дигна рачна затоа што неговиот клуб немал доволно среќа.
Најконтроверзниот Мундијал за кој се постојано се зборува за проблеми од организациски аспект, сега не го признава ниту човекот кој најмногу се бореше да се одржи.
Македонскиот репрезентативец Велимирче Шушумигоски купил 500 пакетчиња со сликици од албумот на Панини за Светското првенство во Бразил, но не се нашол себеси.