Фудбал

Што прават финалистите на Монако од 2004-та?

Кога ќе се погледнат сите екипи што останаа во Лигата на шампионите, на прв поглед изгледа дека Монако е најслабиот конкурент. Така беше и во 2004. година кога стигнаа до финале, но Мурињо им го украде сонот.

Карлито знае да игра нокаут фаза, но тешко му е против Симеоне

Италијанецот како тренер одиграл 45 нокаут натпревари од кои 36 пати излегол како победник. Вечерва ќе се обиде да го елиминира Атлетико со својот Реал и да го продолжи патот до четвртиот пехар во ЛШ.

Бланко се збогуваше со фудбалот, ќе го паметиме по скокот

Авторот на еден од поинтересните потези во фудбалот,  Куаутемок Бланко на 42 години синоќа се повлече од активното играње. Копачките ќе ги закачи на шајка како фудбалер на мексиканската Пуебла.

15 рекорди во фудбалот

За голманот Рожерио Сени знаеме дека ги полни мрежите, исто како и за авантуристот Луц кој одел автостоп на гостувања и кој бил обвинет за кражба на пингвин. Но не сме знаеле дека може да се игра фудбал со 150 кила или да се даде гол за 2 секунди.

Најнова верзија на ножички

Најатрактивниот начин на постигнување гол често се повторува во разни лиги, а минатиот викенд со таква акробација падна и автогол. На Корејанецот Ли Дон Гук кој играше во Премиер лигата за Мидлсброу, тоа му успеа на пионаков начин со прием на топката со глава.

Викенд понуда: Тренер во Босна и Херцеговина

Со последните четири тренерски смени во фудбалското првенство на БиХ, бројката на отпуштени тренери во една сезона се искачи на 25 и тоа за само 24 кола или речиси по еден неделно. Шест екипи смениле по тројца тренери, а сезоната не е завршена.

Не ставајте голови на ЈуПорн, нема место

Навивачите на Баерн Минхен беа толку импресионирани од убедливата победа против Порто, што решиле да ставаат хајлајтс од мечот на најголемите порнографски сајтови.

Германски стереотип за Неапол

Во долго соопштение, германскиот клуб Волфсбург им објаснува на своите навивачи како да се однесуваат на утрешното „опасно“ гостување во Неапол. Италијанците навредени од таквото мислење за еден од најубавите европски градови.

Реал бара лек за Атлетико, Старата дама трет пат игра на 22. април

Локалниот ривалитет во Мадрид вечерва повторно ќе добие европски сјај. Реал нема победа против Атлетико на претходните седум дуели сезонава, а во Монако, Јувентус ќе чува еден гол.

Пенал со вртоглавица

Мижиш, топката ја држиш со рака и вртиш 13 круга околу неа. Крајната цел е да шутнеш пенал, по можност прецизно. Сте пробале?

Кога ќе се измешаат фудбал и ватерполо

Фудбал на вода мислевме дека е дозволено само на балканскиве простори, а не и во француската прва лига каде проблеми во напад имаше Брајан Дабо од Монпеље.

Баерн го потопи Порто, Барселона рутинирано

Поразот од Драгао германската машинерија им го наплати на Португалците со петарда во првите 40 минути и со конечни 6:1 им покажа кој е кој во Лигата на шампионите. Изненадување немаше ниту во Барселона која повторно го порази ПСЖ.

Во соблекувалната на Манчестер Јунајтед 1999 година

На легендарното финале на Црвените ѓаволи против Баерн во ЛШ му претходеше драматичен полуфинален дуел против Јувентус. На денешен ден пред точно 16 години, составот на Фергусон до 11 минута беше шокиран со двата гола на Инзаги. Но одговор на тоа дадоа Кин, Јорк и Кол за конечни 2:3.

Реал и Барселона владеат на Твитер

Најголемите два шпански клуба освен што се гиганти со буџети од по 500 милиони евра, нивната популарност драстично се шири и на социјалните мрежи каде им нема конкуренција.

Чест секому, бод никому во Берлин

Кај нас велат дека најтешко и најнезгодно гостување за секој нисколигаш е она во струшкото место Велешта. Сепак, таму никогаш не се случил инцидент како во Вилмерздорф периферијата на Берлин, каде фудбалер остана без око.

Роналдиљо против Гатузо, Пирло и Неста

Бразилски весник минатата недела објави дека Роналдињо по крајот од оваа сезона оди во пензија, но тој демантираше и рече дека ќе игра се додека се чувствува добро. Му посакуваме уште многу вакви потези за клип.

Невозможна мисија за ПСЖ, Баерн брка два гола

Фудбалерите на Баерн Минхен се пред најтешкиот испит сезонава. За четврто полуфинале по ред во ЛШ ќе мора да надоместат два гола против Порто. Потешка задача од нив има Париз, кој во Каталонија ќе игра против ураганот Барса.

Дајте го дресот, не сте му достојни

31-кратниот првак на Бугарија е во длабока криза. На последните 7 меча, ЦСКА Софија има 5 порази и 2 нерешени без ниту еден даден гол (10:0). Поразот во градското дерби од Локомотив ги разгневи навивачите кои од играчите бараа да ги соблечат дресовите, а посебно му се намерачија на Бразилецот Тони Силва.

Глаголот понижување во кинескиот фудбал

Бразилецот Елкесон (25) кој игра за кинескиот глуб Гвангжу покажа на дело како да понижиш противничка одбрана. Не даде гол, ама за потегот доби овации од публиката.

Годините не им сметаат на Зидан и Роналдо

Хуманитарниот меч за борба против сиромаштијата и еболата организираа Зидан и Бразилецот Роналдо. Од нивна беа нивните пријатели кои играа против ѕвездите на Сент Етјен во Франција.

Најатрактивните три автоголови на викендот

Серхио Агуеро не центрираше најпрецизно во една акција против Вест Хем, но го корегираше Џејмс Колинс. Кај Каљари тоа со глава го направи Антонио Балцано на асистенција н Инсиње. Најнеочекуваниот потег ова коло го направи Мохамад Шантави од Јордан кој можеби е првиот голман во историјата на фудбалот со ваков автогол.

Златен медал од Светско за кокаин

Соиграч на Пеле од бразилската фудбалска репрезентација која го освои Мундијалот во Мексико го продал златниот медал за кокаин.