Фудбал

Динамо Загреб и Црвена звезда влегоа во Лига на шампиони и ќе ги наполнат касите

Српскиот и хрватскиот шампион и натаму се ударни локомотиви на регионалниот фудбал. Во Лига на шампиони ќе играат четворица македонски фудбалери од кои двајца се членови на „модрите“.

Голманот на Галатасарај шутна противник и доби црвен картон

Швајцарски Јанг Бојс направи големо изненадување откако го исфрли од Лига на шампиони далеку побогатиот Галатасарај. Јанг Бојс го доби првиот меч во Швајцарија 3:2, а славеше и синоќа на реваншот среде Истанбул 0-1. Голот го даде Алан Вирџиниус во 86' минута а домашниот голман ветеранот Муслера од нервоза и фрустрација го шутна противничкиот фудбалер и доби директен црвен картон.

Олмо со дебитантски гол донесе победа за Барса

Барселона е единствена екипа со 9 освоени бода после 3 кола во шпанска Ла Лига откако синоќа го преброди тешкото гостување кај Рајо Ваљекано. Домаќинот прв поведе уште во 9' минута а Барселона израмни после час игра преку Педри. На стартот на вториот дел во игра влезе и европскиот шампион со Шпанија Дани Олмо кој конечно беше регистриран од клубот да може да игра во Ла Лига и токму тој со гол донесе голем пресврт и триумф 1-2.

Чудото од Танзанија веќе дава голови за Баерн Минхен

За осумнаесет годишниот Нестори Иранкунда од Танзанија пишувавме неколку пати во изминатите години кога како голобрадо момче правеше дар-мар на фудбалските терени во Австралија. Роден во Кигома, во Танзанија, тој дошол со седум браќа и сестри и неговите родители кои се од Бурунди во Западна Австралија. Таму заиграл фудбал за Аделаиде каде се прославил. Скаутите на Баерн го забележале и го купиле за речиси 3 милиони евра.

Пасошката контролорка со Роналдо

Одамна, како фудбалер на Реал Мадрид, пред неколку години Кристијано Роналдо гостува во Доњецк на дуел со Шахтјор во Лига на шампиони. Контролорката фасцинирана од Португалецот му праќа насмевки.

Да го ѕирнете учинокот на Ерлинг Халанд во Сити

Ерлинг Халанд продолжува во својот стил со ѕверски настапи за Манчестер Сити. На 101 меч веќе има 94 гола од кои 10 му се хет-трик! 13 му се со десна, 68 со лева, 12 со глава.

Барса нашла дупка во законот за да го регистрира Дани Олмо

Чилеанскиот голман Клаудио Браво (41) кој во кариерата бранеше за неколку клубови меѓу кои и за Барселона и Манчестер Сити, отворено рекол како е Барселона организационо на ниво на мал, селски клуб додека Сити е многу сериозна организација. И не бил далеку од вистината.

Замисли да направиш ваков пенал во последни секунди

Во 3. коло од шпанска Ла Лига, Виљареал и Селта Виго одиграа луд натпревар со дури 7 гола. Гостите водеа 0-1, па 1-2, па домашните направија пресврт 3-2 и на крај во последни секунди при резултат 3:3, младиот гостински фудбалер Уго Алварез прави тотално непотребен и непромислен пенал врз 21-годишниот Французин Тиерно Бари во 97-ма минута од судиското продолжение. Ветеранот Дани Парехо промаши ама натрча на одбиена топка и даде гол за победа 4:3.

Најславните триумфи на Лацијалите со големиот Ериксон

Во понеделникот попладне семејството на шведскиот легендарен тренер Свен Горан Ериксон соопшти дека тој починал на 76-годишна возраст после долго и тешко боледување. Донесе трофеи каде и да беше тренер во богатата кариера а се прослави на клупата на Лацио.

Почина легендарниот Свен Горан Ериксон

На 76-годишна возраст почина прославениот шведски стручњак кој го напушта светот после долго боледување.

Ги видовте ли бомбите на Атлетико Мадрид?

Диего Симеоне и Атлетико Мадрид добија големи засилувања летово. Екипата со победа над Жирона од 3-0 ја започна сезоната во која сака берба на трофеи во домашните натпреварувања и еврокуповите. Антоан Гризман со прекрасен гол од слободен удар го отвори резултатот а на 2-0 зголеми Маркос Љоренте со можеби уште појак гол. Капитенот Коке ги постави конечните 3-0 во судиско продолжение. На мечов за Жирона дебитираше и Бојан Миовски во 59’ минута кога влезе од клупа за резерви.

Билијард со рогање на мечот Астон Вила - Арсенал

Арсенал го преброди тешкото гостување кај Астон Вила во Бирмингем и славеше 0-2. На овој натпревар судијата подели жолти картони во една епизода кога МекГин со сета сила рогна топка во Салиба а Бен Вајт во истиот момент рогна топка во МекГин.

Еј галеби галеби бели

Еден навивач на Брајтон стана хит на друштвените мрежи откако беше забележан како слави победа на неговиот тим против Манчестер Јунајтед со гол во длабоко судиско продолжение во 90+5’ минута. Фатен во кадар со маска од галеб како што е прекарот на Брајтон („галеби“) веднаш зад фрустрираниот Тен Хаг.

Облак го спречи Миовски да се прослави на дебито за Жирона

Македонскиот репрезентативен центарфор Бојан Миовски синоќа дебитираше за новиот клуб Жирона кој лани беше најголемо изненадување во Европа, долго време беше прв на табела и на крај обезбеди пласман во Лига на шампиони. Жирона синоќа му гостуваше на силниот Атлетико Мадрид и загуби 3:0. Бојан Миовски влезе во 59’ минута место шпицот Абел Руиз и после само десетина минути имаше голема шанса за гол но Јан Облак му одбрани.

А да беше така лесно, Пакета

Вест Хем оствари многу важен триумф на гости кај Кристал Палас 0:2. Овој дуел го одбележа една епизода со јунакот на гостите Томаш Сучек од Чешка кој спаси едно дете кое беше потиснато од рекламно пано. И епизода со Бразилецот Лукас Пакета кој при еден слободен удар на Кристал Палас мислел дека овие играле со топката, па се залета да им ја земе за контра.

Деби со прекрасен гол на малиот Ендрик за Реал Мадрид

Реал Мадрид со 3-0 го совлада Ваљадолид во 2. коло од шпанска Ла Лига и ја забележа првата победа во сезоната во домашното првенство. И покрај тоа што во тимот беа ѕвездите Мбапе, Винисиус и Родриго, головите ги дадоа Браим Диаз, Валверде и малиот Ендрик кој влезе во игра во 85’ минута наместо Мбапе.

Чехот Томаш Сучек е јунак на колото во Премиер лига - спаси потиснато дете

Во малото лондонско дерби, Вест Хем на гости го совлада Кристал Палас 0:2 во 2. коло од Премиер лигата. Чешкиот репрезентативец Томаш Сучек постигна еден гол, а за време на прославата на вториот гол на неговиот тим, додека навивачите хаотично скокаа на теренот, извади едно дете потиснато од незгоден рекламен предмет.

Невозможен гол во Чемпионшип, волеј од 35 метри

Оксфорд Јунајтед изгуби 2:1 на гости кај Блекбурн Роверс во втората англиска лига Чемпионшип, ама голот кој го постигна Марк Харис во 44' минута сигурно ќе конкурира за најубав на сезоната и за наградата „Ференц Пушкаш“.

Кралот на прес-конференциите: Жељко Сопиќ од Ријека

Педесет годишниот хрватски тренер Жељко Сопиќ кој ја води Ријека, во Хрватска важи за тамошен Жозе Мурињо на прес конференциите. Знае да им одбруси на новинарите кои прашуваат само колку да прашаат. Од типот: „Ќе напаѓате ли денес“?

Луд почеток на Бундеслига - шампионот Леверкузен по свое, победа со гол во 101' минута

На отворање на новата сезона од германската Бундеслига, првакот Баер Леверкузен славеше на гости 2:3 кај Борусија Менхенгладбах.

Што знае Жорж Жезус што се 70 години?

Ал Хилал во саботата по којзнае кој пат го истепа Ал Наср на Кристијано Роналдо. Овојпат во Супер Купот, исто убедливо со 4-1 со два гола на Александар Митровиќ, еден на Сергеј Милинковиќ-Савиќ и еден на Бразилецот Малком. Кристијано постигна погодок за Ал Наср. Тренерот на Ал Хилал, 70-годишниот Жорже Жезус подоцна на тренинг покажал во каква форма е.

Роналдо со гол ја отвори сезоната, му фали уште малку до 900

Во Супер Купот од новата сезона во Саудиска Арабија, Ал Наср одиграл само 1-1 против Ал Раед. Кристијано Роналдо го постигнал својот прв гол сезонава во 34’ минута од натпреварот. Ова беше 35-ти гол во календарската година за Роналдо кому сега му фалат уште 8 погодоци за да стигне до неверојатниот рекорд од 900 гола за клуб и репрезентација во кариерата.

Каков пас на Руни на тренинг, го тераат пак да игра

Триесет и осум годишниот Руни од летово стана нов тренер на второлигашот Плимут од Чемпионшип. Некогашниот шпиц на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација покажал на еден отворен тренинг дека уште го има осетот.

Пеп откри од кого му е најмногу страв сезонава

Најдобриот тренер на светот отворено кажа од кој ривал ќе му биде најфуфка сезонава. „Тие не играат Европа, ќе имаат само еден натпревар неделно и енергијата со која ќе играат, силата со која ќе играат со само еден натпревар, ќе се тресеме против нив“.