Ги видовте ли бомбите на Атлетико Мадрид?

Диего Симеоне и Атлетико Мадрид добија големи засилувања летово. Екипата со победа над Жирона од 3-0 ја започна сезоната во која сака берба на трофеи во домашните натпреварувања и еврокуповите. Антоан Гризман со прекрасен гол од слободен удар го отвори резултатот а на 2-0 зголеми Маркос Љоренте со можеби уште појак гол. Капитенот Коке ги постави конечните 3-0 во судиско продолжение. На мечов за Жирона дебитираше и Бојан Миовски во 59’ минута кога влезе од клупа за резерви.

26 август 2024 - 12:27