Деби со прекрасен гол на малиот Ендрик за Реал Мадрид

Реал Мадрид со 3-0 го совлада Ваљадолид во 2. коло од шпанска Ла Лига и ја забележа првата победа во сезоната во домашното првенство. И покрај тоа што во тимот беа ѕвездите Мбапе, Винисиус и Родриго, головите ги дадоа Браим Диаз, Валверде и малиот Ендрик кој влезе во игра во 85’ минута наместо Мбапе.

Бразилецот стана најмладиот странски стрелец во историјата на Реал Мадрид со само 18 години и 35 дена. Ова беше гол на неговото деби за „кралевите“ кои за него дадоа речиси 50 милиони евра. Ендрик има гол и на дебито за Бразил и тоа среде „Вембли“ против Англија.

Мајка му и девојка му во прегратка при прослава на голот додека цел „Сантијаго Бернабеу“ го скандира името на Ендрик:

 

26 август 2024 - 09:34