Фудбал

Бабунски пак тренира со првиот тим на Барселона

Откако минатата сезона ја преседе на клупата на Барселона Б, македонскиот репрезентативец Давид Бабунски одлично ја стартуваше новата сезона и тренира со првиот состав на Барселона.

Од татко на син - Ајакс Амстердам е традиција

Со 23, 24 години веќе си стар првотимец на Ајакс и време ти е да му донесеш заработка на клубот со трансфер во поголемите европски клубови. Затоа момците на 17,18 години веќе треба да бидат спремни за предизвиците на првиот тим. Тоа е филозофијата на Ајакс Амстердам.

Кога фудбалот станува маратон

Минатиот викенд во САД играа Њу Ингланд и Хјустон. Мечот започнал во 20:30 по локално време а завршил во 12:25 следното претпладне. Ние избунаривме кои се најдолгите фудбалски натпревари.

Противникот на ЦСКА Софија во купот

Најтрофејниот бугарски клуб, ЦСКА Софија минува низ најтешка фаза во клупската историја. Откако поради долгови не добија лиценца за натпреварување во првата бугарска лига, Червените ќе играат фудбал во третата лига. Во купот за противник ќе го имаат тимот на Сарај.

Топџиска забуна на дождлив тренинг

Фудбалерите на Арсенал решиле да го разубават тренингот на дождливо време, па го пробаа збунувачкиот шут. Главни актери Микел Артета, Тео Волкот и Арсен Венгер.

Како да добиеш шанса, Чичарито?

Манчестер Јунајтед го совлада Клуб Бриж со 0-4 и со вкупни 7-1 се пласираше во Лигата на шампионите. Руни постигна хет-трик, но остана во сенка на катастрофалното издание на Хавиер Ернандез Чичарито кој најпрвин промаши пенал, а потоа и колосална шанса.

Работнички за историја и за клупската каса

По скопските 1-1 на Филип Втори, Работнички попладнево од 18:00 часот (пренос МТВ) ќе го игра реваншот против рускиот Рубин во Казан. Играчите спремни да направат нов подвиг.

15 минутен молк во Берлин како борба против модерниот фудбал

Навивачите на второлигашот Унион Берлин нема да навиваат во првите 15 минути на дуелот против Лајпциг во петок, затоа што спонзорот на Лајпциг не ја почитува фудбалската култура и се расфрла со пари.

Војнички кодекс во договорот на Балотели со Милан

Откако при првиот престој во Милан го фатија како пуши цигари со кондуктерот во возот при враќање од едно гостување, во клубот сега му наложија кодекс на однесување на проблематичниот шпиц.

Фудбалски тим како паралелен свет во Израел

Хапоел Катамон е клуб кој му дава нов живот на израелскиот спорт, пред сè поради тоа што во екипата без никаков проблем заедно играат Арапи, Евреи и останати националности.

Рабона, дриблинг и скара - Буенос Аирес, градот на стадионите

Истражувањето на шпанскиот дневен весник Ел Паис открива дека нема ниту еден град на светот со повеќе стадиони од аргентинската метропола. Буенос Аирес има 36 стадиони со барем 10.000 седишта.

Гвардиола, Тухел и соларникот во ресторанот

Таман кога помисливме дека ќе ни фали харизматичниот Јирген Клоп, се појави Томас Тухел, тренер кој фуриозно ја стартуваше сезоната со Дортмунд и чијшто омилен колега е тренерот на Баерн Минхен.

Документарецот за Специјалниот

За еден од најдобрите тренери на денешницата зборуваат Франк Рајкард, Гари Линекер, Сер Алекс Фергусон, Патрик Виера, Пеп Гвардиола и останатиот крем на европскиот фудбал. Документарецот трае 45 минути и совршено го доловува карактерот на Жозе Мурињо.

Фото на денот

Првиот го познавате: Французинот Кристијан Карембу. Тој во средина во моментов е тренер на Интер, а тој десно е Аргентинец и играше во Лацио и Манчестер Јунајтед.

Насилството во фудбалот

Терените и стадионите често се полигон за лекување на личните фрустрации, а фер плејот знае да остане во офсајд. Доказ за тоа е 3 и пол минутново видео на кое најдебелиот крај го извлекуваат судиите.

Приказната за Виктор Васкез, најдобриот другар и соиграч на Меси

Еден од најталентираните играчи со кој играл Лионел Меси, Виктор Васкез е Каталонец кој 18 месеци паузираше поради повреда, а својата форма ја најде во белгиското првенство. Со Клуб Бриж утре ќе се обиде да го исфрли Ман. Јунајтед од ЛШ.

Дефо бара помошник преку оглас, нуди плата од 80 илјади фунти

Еден од најдобрите англиски напаѓачи во последната деценија, Џермејн Дефо објави дека бара личен помошник кој ќе му го организира секојдневниот живот. Може да се пријави секој, а условите се познати.

Топ 5 голови на Работнички во Лига Европа

Фудбалерите на Работнички не ја завршија европската одисеја за време на сезоната за капење и во четврток ќе се обидат да го постигнат најголемиот успех во македонскиот клупски фудбал. Против Рубин Казан ќе играат за влез во групите на Лига Европа.

Дида како сега да почнува да брани

Во кариерата смени 8 клубови а најдолго се задржа во Милан, каде го чуваше голот од 2000 до 2010 година. Во моментов на 41 година брани во бразилскиот Интернационал и тоа во одлична форма.

Историскиот потег на Џалмиња и победата на Депор над Реал

Пред 15 години тимот од Риазор се прошета низ Примера и ја освои титулата по голема заслуга на магионичарот од Бразил, кој направи до тогаш невиден потег.

Добри вести од МРТ, ќе го даваат Работнички

После пропуштените прилики македонската спортска јавност на телевизија да ги гледа европските натпревари на Работнички, од Македонската радио телевизија стигнаа убави вести.

Ако Бејл работеше во полиција

Брзината на Велшанецот често е предмет на интернет зезалици, а ние наидовме на една во која Бејл се споредува со полицаец. И не е далеку од вистината.

Фото на денот

Сезона: 1999/2000. Актери: 25-годишниот Филипо Инзаги и 30-годишниот Паоло Малдини во дуел. Натпревар: Јувентус - Милан 0-2.

Како Челси краде фудбалери во 5 до 12

Манчестер Јунајтед беше пред реализација на договорот со Педро Родригез кога Челси чукна на врата кај Шпанецот и им го украде на Ѓаволите буквално пред нос. Не им е прв пат вели историјата.