Поранешниот агент на Нејмар се огласи по повод најновиот скандал на Бразилецот на кој му го замрзнаа имотот и му порача дека треба да си ги земе парите и да ужива на плажа по Европа.
Квалификацискиот натпревар од групата И меѓу Албанија и Србија се игра на 8-ми октомври во градот Елбасан, а веќе се крчкаат игрите кои немаат многу нешта со фудбалската топка.
Мариано Горосито го постигна третиот гол во триумфот на неговиот Лухан над Аргентино Мерло од 4-0 и го прослави голот со свирката на паркираното амбулантно возило. Ова другово возило па можеше контра да спречи.
Малиот Пол, второ од четирите деца, првите фудбалски чекори ги направил на улицата Пит 29 во местото Данстон. Кога ќе се стемнело, се враќал дома и често јадел пржени риби, слушајќи го во позадина пијаниот татко Џон на кој Гаскоњ ќе се метне.
По 14 месеци снимање, на 9 ноември ќе се прикажува документарен филм за трикратниот освојувач на Златната топка. Ова е првиот официјален документарец авторизиран од португалската ѕвезда која во јануари 2014-та стигна до 400 голови во кариерата.
Напаѓачот на Баерн Минхен постигна 10 голови на 7 меча, што е најдобар старт во последниве 40 години во Бундеслигата, а Обамејанг стрелаше на сите досегашни меча за Борусија оваа сезона. Овие двајца голгетери ќе играат еден против друг во следното коло.
Аргентинскиот репрезентативец Карлос Тевез во едно гостување на аргентинска телевизија изјави дека поради Бока Јуниорс одбил годишна плата од 20 милиони евра од Кина.
„Фудбалерите на Зрински го поразија Радник со 0-0“, изјави убавата Аднана во прегледот на 10. коло од Премиер лигата на Босна и Херцеговина и комотно го продолжи дневникот.
Откако синоќна го прегази Интер со 1:4 на Џузепе Меаца, екипата на Фиорентина за првпат после сезоната 1998/1999 е лидер на табелата во Серија А. Се потсетивме кои фудбалери играаа за виолетовите во тоа време.
Навивачите на Ливерпул веќе неколку недели бараат од управата да го смени тренерот Брендан Роџерс со Германецот Јирген Клоп, кој исто е заинтересиран за клупата на Црвените.
Анвар Ел Гази, Холанѓанецот со мароканско потекло има 20 години а веќе одигра 59 натпревари за првиот тим на Ајакс и постигна 19 голови. Ел Гази пред неколку дена одлучил да настапува за Холандија, иако имал право да игра и за Мароко.
Има приказни во кои не секогаш волкот е лош. Има земји во кој волкот е сакан и почитуван. Има и места, каде волкот живее во строг центар, како на пример во срцето на регионот Вест Мидленд во градот Вулверхемптон.
Швајцарското обвинителство отвори кривична постапка против првиот човек на Светската фудбалска федерација кој е во заминување. Се сомничи дека назаконски му префрлал пари на Мишел Платини.
Извршниот комитет на ФИФА денес го потврди датумот на одигрување на Светското фудбалско првенство во Катар кое ќе трае четири дена помалку од вообичаениот тек на Мундијалите.
Во Литванија, како веројатно никаде на друго место во Европа, кошарката се сака повеќе од фудбалот. Кошарката е национален спорт број еден, но тоа не значи дека во фудбалот нема што да се види. Хрватот Андро Шврљуга од Жалгирис го постигна голот на месецот против Тракај.
На Англичаните им е толку скапо да гледаат фудбал на некое гостување на островот, што повеќе им се исплати да патуваат до Германија и во живо да ја следат Бундеслигата.
Бенитез го престигна Луис Енрике на табелата и ужива во одбраната која дури во петтото коло го прими првиот гол. Кејлор Навас требаше да замине, а го сруши рекордот на Касиљас. Барса има проблем со голманите.
Да ја имаш најлошата фризура во историјата на фудбалот, која е во сопственост на Французинот Бастијан Хери кој игра за четвртолигашот Карлајл. Тој промаши пенал против Ливерпул во мечот од Лига купот, но никој не му замера за тоа.
Пред помалку од една година го сметаа за херој што ја спаси Валенсија од пропаст, а сега на Местаља сè повеќе се мавтаат бели марамчиња, симболичен знак на шпанските стадиони кога тренерот треба да си оди.