Фудбал

Судија кој треба да добие црвен

Спрејот беше воведен за судиите да го означат живиот ѕид на кој вечно крадеа фудбалерите, a кладилницата Paddy Power на оваа тема направи реклама.

Фудбалерите кои газат на органска трева и јадат леќа

Мислите ли дека ќе се појави екипа која од исхрана ќе исфрли месо, риба и сè друго што е од животинско потекло? Да, го добивме првиот фудбалски клуб составен од вегани. Додуше игра во петта лига, ама добро му оди за сега и се надеваме дека нема да издише.

Тоти на 39 години

Капитенот на Рома наскоро ќе наполни 40 години, но и натаму го држи младиот дух со што ја одржува атмосферата во соблекувалната на Волчицата.

Интервју со Стоичков на англиски

Бугарската легенда која е европски првак со Барселона и Златна топка во 1994-та денеска слави јубилеен 50-ти роденден. Копајќи за него да најдеме нешто што не знаеме, наидовме на едно интервју со кое го мајтапат во Бугарија. Задоволен ли сте од изданието на вашиот тим? Фифти-фифти. Фрст халф вери гуд, секонд халф ајм ноу лајк. 

Најголемите серии во фудбалот без пораз

Минатото коло ПСЖ стигна до серија од 33 меча без пораз и урна рекорд во Франција стар 22 години. Ова коло го победи Марсеј на гости и ја продолжи успешната низа, но за да влезе меѓу најдобрите 10 екипи во историјата на фудбалот по овој параметар, има уште работа.

107-те гола на Барса и рекордот на Луис Енрике

Каталонската машинерија не го достигна врвот со Пеп Гвардиола. Оваа екипа која го држи костурот неколку години и направи неколку измени е синоним за поимот доминација и неисрцпна тема за пишување.

Вториот татко на Ел Нињо прв го открил неговиот талент

Во саботниот меч против Еибар, Фернандо Торес го постигна 100-от јубилеен гол во дресот на Атлетико. Радоста на крајот ја сподели со човекот кој го донел во клубот и кој е најзаслужен за неговата кариера.

Српскиот тајкун кој има удел во успехот на Лестер

„Фантастичните натпревари на Лестер не се резултат на нешто што се случило преку ноќ, туку се плод на долгогодишна работа. Како што победуваа во изминативе 25 кола, така ќе победуваат до крај и ќе ја освојат титулата“, смета нивниот поранешен газда.

Џеси Лингард учеше од Кристијано Роналдо

Единствената светла точка во сивиот Јунајтед е малиот Џеси Лингард, играч кој даде гол на дербито против Челси викендов, а првите финти ги учеше од неговиот идол Кристијано Роналдо.

Најлудиот трошаџија во кинескиот фудбал

Кога една екипа ќе даде 78 милиони евра за двајца играчи (Рамирес од Челси и Тешеира од Шахтјор), тогаш реален е алармот во европскиот фудбал дека кинескиот пазар би можел да направи цунами во овој спорт.

Цел стадион со ликот на Кулибали

Навивачите на Наполи не ги заборавија расистичките навреди на фановите на Лацио упатени кон Кулибали минатото коло. На денешната средба против Карпи цел Сао Паоло носеше маска од него за да го поддржи и да му испрати порака „Сите сме Кулибали“.

Цел стадион со ликот на Кулибали

Навивачите на Наполи не ги забораваат расистичките навреди кон нивниот играч, кои минатата голови беа упатени на Олимпико во Рим од навивачите на Лацио. За негова целосна поддршка цел Сао Паоло на денешниот меч против Карпи носеше маски од него со порака „Сите сме Кулибали“.

Од каде излезе Лестер толку јак?

По вчерашниот убедлив триумф над најголемиот ривал за титулата и најскап тим во Премиер лигата, Лестер почна да ги предомислува и скептиците кои не веруваат во нивно освојување на титулата. Кои 11 играчи и тренер прават чудо сезонава?

Рикардињо, секоја чест

11.159 домашни навивачи во белградска Арена воодушевено му аплаудираа на најдобриот светски футсалер Рикардињо. За време на мечот Србија - Португалија (3:1), Рикардињо повторно покажа зошто е светски број еден.

Женски дриблинг за оценка 10

Нејмар, Роналдо, Меси и сите други маестрални дриблери му ја протнуваат топката меѓу нозе на еден противник, но во женскиот фудбал има други примери од кои може да се научи.

Амброзини го сонувал Мајкон, а Бонавентура не знае кој е главен град на Кина

Клаудио Раниери сака да го изговори тоа за кое сонуваат тој. играчите и навивачите, но вели дека не е Обама. Газета дело Спорт ги собра најинтересните изјави дадени во текот на изминатава недела.

Молитва во париската џамија за остварување на сонот

Кога на 15 години останал без татко, Риад Марез сфатил дека единствен начин да успее во животот е напорно да работи и да тренира за да стане професионален фудбалер, воедно животна желба на неговиот татко Ахмед.

Второлигаш со 300 луѓе публика прави милионски трансфери

Аполон Лимасол е само еден од примерите преку кои се перат пари преку трансфери на фудбалери. Познати играчи во Европа без да знаат “стануваат членови“ на анонимен второлигашки клуб од Уругвај и потоа од таму се продаваат за туѓи профити.

Не фрлаше само Фергусон копачки

Нервозен си од грубиот старт, судијата не ти свири фаул и ти одмавнува цинично со рака и спремен си да фрлиш со прво што ќе ти се најде при рака. Најчесто копачка.

20 ретки фудбалски фотографии

Уште еден десерт за фудбалските носталгичари кои го гледаат денешниот фудбал, а мислат на некогашниот.

Докторски слободен удар

Да се наредеа сите 10 души во жив ѕид, а голманот да го викнеше и неговиот заменик на клупа за да бранат заедно пак џабе.

Нов противник за Јуве во борбата за Скудетото

Повредата на Касерес на тетивата за кого сезоната е завршена влегува во долгата листа на повреди кај актуелниот првак на Италија кој заедно со Наполи се главни конкуренти за врвот.