Од каде толкава омраза меѓу Ди Марија и Манчестер Јунајтед?

Додека играше за Јунајтед, Анхел немал никакви искри ниту конфликт со навивачите. Зошто толку многу синоќа го навредуваа, свиреа а тој ги пцуеше како најголеми душмани?

Во центарот на вниманието синоќа на мечот Манчестер Јунајтед - ПСЖ се најде Анхел Ди Марија - фудбалер за кого „црвените ѓаволи“ во 2014 година го срушија британскиот трансфер рекорд и го платија страшни милиони.

Аргентинецот остана само една сезона во Англија и не покажа ама баш ништо. Не придонесе ни за клубот, ни за себе. Синоќа кога се врати во Манчестер како фудбалер на ПСЖ, кога клупскиот автобус на гостите дошол до „Олд Трафорд“, навивачите на Јунајтед го чекале само него да се симне за да го навредуваат.

Му свиреа и го навредуваа и подоцна цел натпревар.

Во 40’ минута Ешли Јанг (веќе со жолт картон) жестоко го разби Ди Марија во еден дуел. Аргентинецот не очекуваше таков контакт и буквално летна кај металната ограда пред трибините.

Во 53’ минута Ди Марија маестрално изведе корнер, го пронајде стоепрот Преснел Кимпембе кој постигна гол. Аргентинецот емотивно го прослави погодокот и урлаше «fuck off puta»!

Кога отиде да изведе следен корнер од другата страна, од трибините го гаѓаа со стаклена флаша пиво. Ди Марија се правеше како пие од пивото и го фрли на страна.

Во 60’ минута Ди Марија направи втора асистенција за гол, овојпат до Килијан Мбапе во шеснаесетникот на Јунајтед. Анхел повторно не можеше да се воздржи и пцуеше на мајчин јазик.

Тухел во 81’ минута го извади одличниот Ди Марија од игра и тоа беше последен акт на омраза меѓу навивачите и Аргентинецот на „Олд Трафорд“. 

ШТО БИДНА МЕЃУ ДИ МАРИЈА И ЈУНАЈТЕД?

Пред еден месец во интервју за париското радио France Bleu, Анхел раскажал за сезоната во Манчестер Јунајтед: „Таму поминав една година и тоа не беше најдобар период во мојата кариера. Или поточно таму не ми дозволија да имам најдобра година. Тогаш имав проблеми со тренерот (Луј ван Гал), но фала му на Бога добив шанса да преминам во ПСЖ и да покажам кој сум на крај од краиштата“.

Овие зборови ги разгневиле навивачите на Манчестер. Тие немале отворен конфликт со Ди Марија, но останаа разочарани од фактот што клубот го преплати а тој не покажа ништо.

- Јунајтед го купи Ди Марија од Реал Мадрид во август 2014 за 59,7 милиони фунти. Аргентинецот во Манчестер го доби дресот со број 7 кој го носеле легенди како Кантона, Роналдо, Бекам.

- Левоногиот фудбалер почна класно: 2 гола и 2 асистенции на првите 4 меча. Но за жал формата нагло му опадна: тој одигра вкупно 32 натпревари (24 во прв тим и 8 пати од клупата за резерви) и до крајот од сезоната постигна вкупно 4 погодоци. Имаше 10 асистенции во Премиер лига.

Тажната тактика на Ван Гал не му одговараше на Ди Марија кој како нов играч не се прилагоди на нејасната позиција. Играше во центарот од средниот ред а не на крило (чудно што на таа позиција со Реал освои Лига на шампиони). Наскоро Ван Гал отиде на 4-3-3 па го стави Ди Марија на лево крило, па после го стави плејмејкер и на крај дури и напаѓач.

Во февруари 2015 година Ди Марија бил ограбен во својот стан од маскирани разбојници. Животот во Англија не му се допаѓал ни нему ни на семејсвото, а поради стресот од грабежот не можел да мисли на фудбал.

Симбол на очајната состојба на Јунајтед и Ди Марија беше црвениот картон во ФА Купот против Арсенал. Таа вечер Аргентинецот дури и го фати судијата Мајкл Оливер за дресот, а Манчестер изгуби дома 1:2.

Во пролетта 2015 местото на Ди Марија во составот му го зема Ешли Јанг. Репрезентативецот на Аргентина еднаш кажал дека не сакал да прејде во Манчестер Јунајтед но просто немал друго: во плановите на Флорентино Перез бил само Хамес Родригез кој се прослави на Светското 2014.

На Манчестер финансиски можеше да му конкурира само ПСЖ, но „светците“ тогаш имаа проблем со финансискиот фер плеј. А во летото 2015, 11 месеци по рекордниот трансфер Манчестер го продаде Ди Марија во ПСЖ за 44 милиони фунти.

Синоќа, по крајот од мечот Ман. Јунајтед - ПСЖ, шефот на фудбалскиот оддел на The Independent Мигел Дилејни објавил неколку инсајдери за очајниот однос меѓу Ди Марија и Манче.

Според него играчот не го сакале ниту во соблекувалната. Соиграчите сметале дека не покажува доволно силен карактер. После еден слаб меч му се развикал Вејн Руни. Вработени во клубот велат за Анхел дека бил талентиран фудбалер но и непријатен човек.