Жестока дискусија Рој Кин - Иан Рајт за Бруно Фернандеш

Во подкастот на Гери Невил гости биле Иан Рајт, легендарниот фудбалер на Арсенал и Рој Кин долгогодишниот капитен на Манчестер Јунајтед. Кин веќе неколку години отворено и чесно ја критикува управата, тренерите и играчите на Манчестер Јунајтед за катастрофалната состојба во клубот. Сега се фатија за Бруно Фернандеш.

„Гледам дека навивачите му пеат песни на Бруно, а јас мислам дека овие момци се класични преваранти, рекол Кин, а кога Рајт рекол дека токму Фернандеш е тој кој ја враќа екипата на многу натпревари, Кин иронично додал:

„Ние сме на 15. место во првенството, а тој не враќа во игра. Фала Боже“, рекол Кин.

„Талентот не е доволен, Бруно да, е талентиран, но тоа не е доволно. Вие во Арсенал го величавте Тони Адамс за тоа што бил во соблекувалната, но тоа беше така затоа што тој беше голем борец, гласно одговорил Кин во расправијата со Рајт.

28 февруари 2025 - 13:15