
По големото дерби Челси - Манчестер Јунајтед, Рој Кин и Карагер се спречкаа остро а причина беше Кристијано Роналдо, односно зошто Португалецот не беше во стартниот состав на Јунајтед кај в.д. менаџерот Мајкл Керик.
„Роналдо мора да игра. Он не е играч да влегува како џокер, се смрзнувал веројатно на клупата. Роналдо не се врати во Манчестер Јунајтед за да седи на клупа. Која е целта тогаш? Он е врвен играч, неговата статистика е океј, даде некои голови, асистираше. Таа идеја дека он сега треба да ги затвора противниците? Нема. Некогаш мораш да работиш за суперѕвезда. Играв со луѓе кои не го прават тоа што ти го сакаш, со сите Кантоновци на овој свет, но им простуваш зошто во тесни натпревари даваат решавачки гол. Роналдо мора да биде во првите 11“, изјави Рој Кин отворено како и секогаш.
Возврати Карагер. Го прашаа дали тоа ќе биде честа слика сега кога германскиот тренер Ралф Рагник ќе го преземе Манчестер Јунајтед?
„Не, не мислам дека Рагник веднаш по доаѓањето во клубот ќе си прави проблем на себе така што ќе го остава Роналдо на клупа. Но идејата дека Роналдо мора да го почне секој меч и да ја одигра секоја минута, не мислам дека е така. Роналдо не е играч каков што беше. Очигледно и понатаму дава голови и тоа се, но не мислам дека воопшто треба да зборуваме за тоа ако од време на време не почне натпревар или го извадат од игра“, рече Карагер.
Познатиот фајтер Рој Кин имаше спремен одговор:
„Не секој натпревар, Џејми, ама ова беше голем дуел за Манчестер Јунајтед. Би простил некој натпревар од групна фаза на Лига на шампиони кога знаеме дека Јунајтед веќе сигурно оди понатаму. Ама кога го гледаш Роналдо на паркинг, ти гледаш играч кој освоил се и секако сака да игра“.
Па да, ама сакаат и други да играат?
„Сакаат, ама не се они играчи од светска класа. Не дале 800 гола во кариерата. И денес кога гледаш натпревар, а Манчестер е слаб, сепак помислуваш: „Добро, ама ако падне топката пред Роналдо... Секако дека има 36 години, но сепак е Роналдо... Не дека не даваше голови откако се врати. Не е дека нема брзина или да изгледа ужасно. Таа приказна дека не може да врши висок пресинг, пф....“, рече Кин на што Карагер одново го бувна: „Ама не може да врши висок пресинг, така“?
„Не може веќе пет или шест години! Реков кога дојде дека нема да ги среди проблемите на Јунајтед, ама не го носиш Кристијано Роналдо да ти седи на клупа. Секако дека нема да ја игра секоја, ама ова е Челси, играш на контри, можеби ќе добиеш топка, две во противничкиот казнен простор и тебе не ти игра Кристијано Роналдо? Дали Маркус Рашфорд вршеше висок пресинг?“, возврати Рој Кин.
А Карагер остана на своето:
„Зар не е правото на тренерот на Манчстер Јунајтед да го остави Роналдо на клупа? На крајот, освоија бод на „Стемфорд Бриџ“, дечкото што играше место Роналдо (Џејдон Санчо) постигна гол“.
Еве како целата дискусија од дома ја проследи Гери Невил, ушт еден врвен стручен коментатор кој имаше многу неуспешен обид да стане тренер:
😂😂😂 pic.twitter.com/cprdhAM2Oa
— Gary Neville (@GNev2) November 28, 2021