Во шпанско село се радуваа на големо што ќе им дојде Реал Мадрид

Љано дел Беал е мало местенце (мало за шпанска демографија) со 1.337 мештани. Се наоѓа кај Картагена, во регионот Мурсија во Шпанија. Во ова место игра мало фудбалско клупче, Депортиво Минера. Ја имаа таа историска среќа, на ждрепката за 3. коло во шпански Куп на Крал да им падне големиот и славен Реал Мадрид. Првпат во историјата ќе играат против „кралевите“ а тоа беше причина да се радува старо, младо, машко и женско.

Хозе Блаја, претседателот на Депортиво Минера во понеделникот изразил огромно задоволство откако им паднал Реал Мадрид. Тој рекол дека се надева како сите ѕвезди на „беренгес“ ќе играат на натпреварот зошто во спротивно „тие може да им направат беља“ на нивните ривали.

Депортиво Минера во претходните рунди од шпанскиот Копа дел Реј играше против нисколигашот Туделано и победи 5-0 а подоцна направија сензација откако го урна некогашниот европски вицешампион во Куп на УЕФА Алавес на пенали после продолженијата.

„Многу сум среќен. За ваков скромен тим да го пречека Реал Мадрид е сон“, рекол првиот човек на Депортиво Минера и додал дека неговиот телефон „прегорел“ од пораки.

Натпреварот меѓу Депортиво Минерва и Реал Мадрид ќе се игра на 4-ти јануари во новата 2025-та година.

Во последно време шпанските клубови ја презедоа помалку праксата од англискиот фудбал, поголемите клубови од прва лига кога ќе паднат со анонимни и мали клупчиња од пониските лиги, да го сменат домаќинството и да се игра кај поголемите клубови со цел сиот профит од продадени влезници да отиде на сметка на помалиот клуб.

Ќе видиме како ќе биде овој пат. Дали малото местенце ќе го види за првпат Реал Мадрид или сите мештани ќе отидат на „Сантијаго Бернабеу“.

10 декември 2024 - 08:08