Вардар сè уште незрел за Европа, Лозана ги петардираше црвено-црните
По големото изненадување кое го направија во Скопје кога со 2-1 ја совладаа фаворизираната Лозана, фудбалерите на Вардар синоќа на реваншот изгубија 5-0! Уште на полувреме беше 3-0 и беше јасно кој ќе ја однесе победата на „вештакот“ во Лозана за пласман во 3. коло од Конференциска лига. Вардарци сега се посветуваат на домашните првенство и Куп.