ВАР на Реал Мадрид му поништил 32 гола, убедливо најмногу од сите клубови

Реал Мадрид нема к'смет со ВАР-от па тоа ти е. А судија викне ВАР, голот е скоро сигурно поништен.

Epa Images
Epa Images
Epa Images

Реал Мадрид во неделата прими гол од Лас Палмас на домашен терен во 27-ма секунда и тоа беше вториот најбрзо примен погодок кој Реал го примил во шпанскиот фудбал.

Но „кралевите“ набрзо се вратија и преку Мбапе и Брахим Дијаз направија пресврт за конечни 4-1. Реал постигна уште плус три гола но погодоците на Мбапе, Белингем и Федерико Валверде беа поништени поради офсајди по консултација со ВАР собата и камерата.

Од почеток на работата ан ВАР системот во Ла Лига на Реал Мадрид му се поништени 32 гола, повеќе од која било друга екипа во шпанското првенство.

На второ место по овој показател е Севиља со 18 поништени голови, на трето место е Атлетико на кого не му признале 17 голови поради разни ситуации.

20 јануари 2025 - 11:40