Узбекистанецот кој имаше тежок старт кај Гвардиола против Челси

Откако ја пребродија страшната и незапаметена резултатска криза, во Сити со тренерот Пеп Гвардиола решија да потрошат еден куп пари во јануарскиот преоден рок и да доведат нови играчи. Потпишаа со 20-годишен одличен стопер од Узбекистан. Се вика Абдукодир Хусанов. Дечкото уште не слетан во Манчестер, мораше да дебитира и тоа во големото дерби против Челси.

Хусанов (20) не знаел ниту збор англиски и Пеп Гвардиола после мечот со Челси на кој Узбекистанецот направи кардинална грешка уште во 3' минута поради која примија гол па после победија после пресврт, рече дека Хусанов не знае англиски и дека „ќе морам јас да научам узбекистантски или руски јазик за да комуницираме“.

Секој почеток е тежок, особено во најсилната фудбалска лига на светот, англиската Премиер лига. Притоа Манчестер Сити за младиот Узбекистанец плати 40 милиони евра што е дополнителен притисок на негов грб, што поскоро да мора да се докаже дека вреди.

Но...

Хусанов уште на своето деби во големото дерби против Челси во 3-та минута направи тежок кикс после што гостите поведоа преку Мадуеке 0-1:

Само неколку секунди подоцна Хусанов доби и жолт картон а Пеп Гвардиола реши да го извади на полувремето и го замени со стоперот Џон Стоунс.

Хусанов беше едно од најголемите изненадувања во француската Лига 1, мошне стамен стопер за негови години во Ленс. Сега игра на најголема сцена, по милионски трансфер во Манчестер Сити и нормално е да има трема и да прави киксови затоа што станува збор за најбрза, најсилна лига на свет.

Сити за него плати 40 милиони евра и го доведе како замена за Кајл Вокер кој отиде во Милан. Хусанов важи за многу брз фудбалер кој може да игра десен бек и стопер, слично на Кајл Вокер. Узбекистанецот на еден натпревар во француската Лига1 за Ленс истрчал и спринт од 37,58 км/час со што влегол на листата најбрзи фудбалери во Европа.

Таков тежок почеток на времето во Премиер лига имаше и Немања Видиќ кој прво правеше големи киксеви, а подоцна стана клупска икона и капитен на Манчестер Јунајтед.

27 јануари 2025 - 12:21