Уште еден капитен заминува од Реал Мадрид

Италијанскиот познат инсајдер Фабрицио Романо на мрежата Х објави дека капитенот на Реал Мадрид Начо Фернандез (34) решил по крајот на сезоната да замине од клубот како слободен играч.

Ова ќе биде четврта година по ред капитенот на клубот да заминува по крајот на сезоната. Претходно Реал Мадрид го напуштија легендите на овој клуб Серхио Рамос (2021-ва), Марсело (2022), Карим Бензема (2023) а сега и Начо (2024).

Со неговото но и со се поверојатното заминување на Лука Модриќ (од 2013-та во Реал), единствен најсериозни кандидати за капитенска лента се Карвахал и Тони Крос. Германецот се договори на договор на уште една сезона па ќе остане во Реал Мадрид. Тони е веќе 10 години член на „кралевите“.

„Кралскиот“ клуб обезбеди пласман во полуфинале на Лига на шампиони, а во шпанска Лига е прв на табела со 8 бода предност во однос на второпласираната Барселона. Ел Класико се игра во недела на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид од 21:00.

20 април 2024 - 12:42