Со единствениот погодок на Луис Суарез во 23’ минута од мечот, Уругвај ја совлада Саудиска Арабија и со 6 бода оди понатаму. Шпицот на Барса постигна гол на својот 100. јубилеен настап за Уругвај а најголем виновник за примениот гол е Саудискиот голман Мухамед Аловеис кој направи катастрофална грешка по еден корнер на Уругвајците:
На Суарез сега му фали еден гол да се израмни со Оскар Мигез на вечната листа најдобри стрелци на Уругвај на Светските првенства. Мигез постигнал 6 голови а Луис со овој гол го надмина Диего Форлан кој 6 пати се запишуваше во листата на стрелци за својата земја.
Суарез стана и првиот Уругваец кој давал макар по еден гол на три Мундијали (2010, 2014 и 2018).
На табелата сега Русија и Уругвај имаат по 6 бода а Египет и Саудиска Арабија се елиминирани без бодови. Во последното коло домаќинот ќе игра против Јужноамериканците за прво место во групата а „Фараоните“ и „Саудијците“ ќе играат за престиж.